Активности

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ЗА ДЕЦА

 

     На 22.04.2024 год.  во Скопје, во организација на Општина Кисела Вода и ИК „Просветно дело“ Скопје, се одржа промоција на книга за деца  од Ксенија Маказлиева Трајчева  „ПРВАЧИЊА  Ета и Влатко дете  слатко“.

Илустратор на книгата е Александра Хаџи Наумова- Атанасовска, а рецензент е познатиот писател Киро Донев, промотори беа Билјана Лазареска, Тања Петков и Весна Бошковска.

       Промоцијата беше проследена со прекрасна културно-забавна програма од деца и ученици- представници од предучилишно, основно и средно образование.

Од Сојузот на просветните работници на РС Македонија присуствуваа: Славица Благоеска, Дијана Симоновска, Жаклина Ристовска, Лидија Николовска-Георгиевска и Билјана Мишева.        

   

                                                                                                       Од Сојузот на просветните работници на

                                                                                                        Република Северна Македонија


 

  

 

 



Просветен работник на годината на град Скопје за учебната 2022/23 година

               На 02.12.2023 год. во „Музеј на македонската борба“ во Скопје, се одржа манифестацијата насловена како Просветен работник на годината на град Скопје за учебната 2022/23 година во организација на Здружение на просветните работници на Град Скопје. Манифестацијата беше збогатена со културна програма од ученици од средното музичко училиште „ Илија Николовски-Луј“ и  Словенечкиот хор во Скопје. Од  Сојузот на просветните работници присуствуваа: Слаѓана Стаменкова, Лидија Николовска Георгиевска и Штефица Ујчиќ.

 

                                          Октомври, 2023 година                                                       Сојуз на просветните работници 

                                           С к о п ј е                                                                            на РС Македониаја

                                                                                                                                         Лидија Николовска-Георгиевска

                                                                                                                                                        претседател


Свечено отварање на книжарница на ИК „Просветно  дело“- Скопје

 

             На 28 Октомври, 2023 година, во срцето на градот , во трговскиот центар  Diamond mall , Издавачката куќа „Просветно дело „ Скопје  свечено отвари уште една екслузивна кнжарница  со што ја зголеми својата достапност   до   корисниците на  разновидни книги, сликовници, игровни средста и помагала,  прирачна литература за деца и возрасни. На свечениот настан присуствуваа следните представници од Сојузот на просветните работници на РС Македонија: Лидија Николовска-Георгиевска, Жаклина Ристовска, Слаѓана Стаменкова, Славица Благоеска, Дијана Симоновска, Ана Светкоска -Панова и други просветни работници.

              Октомври, 2023 година                                                                                                                     Сојуз на просветните работници 

                 С к о п ј е                                                                                                                                на РС Македониаја

                                                                                                                                                                            Лидија Николовска-Георгиевска

                                                                                                                                                                                      претседател 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНОТ

Доделување на признанието Просветен работник на годината за учебната 2022/23година

 

   По повод 5 Октомври-Светскиот ден на учителот, Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, во соработка со Министерство за образование и наука на РСМ, Општина Кисела Вода - Скопје и ООУ „Кузман Јосифовски- Питу“ Општина Кисела Вода - Скопје, свечено ги врачија Признанијата и Плакетите на истакнати просветни работници за учебната 2022/23 година. На добитниците на Признанието, Сојузот им додели признание Просветен работник на годината, а Министерството за образование и наука им додели Плакети за вонредни ангажирања   во воспитно-образовната работа на работното место и унапредување на дејността.

  Домаќин на настанот беше ООУ „Кузман Јосифовски- Питу“ Општина Кисела Вода Скопје, каде учениците преку извонредна културна програма го честитаа празникот на учителите и им се заблагодарија за нивниот хуман труд во отварање на нови хоризонти на искуства, знаења и вештини за креативна адаптација во предизвиците низ животниот пат.

   На свечениот настан, за улога и значење на овој ден се обратија  и воедно, честитки до добитниците упатија: директорот на ООУ „Кузман Јосифовски- Питу“ Општина Кисела Вода - Скопје, Андереја Стојанов; г-ин Сашо Јовановски -советник за образование во кабинетот на Градоначалник на Општина Кисела Вода; доц.д-р. Јетон Шаќири– министер за образование и наука и претседателката на Сојузот на просветните работници Лидија Николовска – Георгиевска.

  Во своето традиционално обраќање, претседателка на Сојузот, меѓу другото посочи:  при прославување на Светскиот ден на учителот, УНЕСКО сугерира дека вниманието треба да биде фокусирано кон тоа како учителите го трансформираат образованието, каква подршка им е потребна за целосна имплементација на својот талент и вокацијата и секако учителите да го преиспитаат патот на професијата во иднината на глобално ниво. Проблемот не е само во финансирањето, туку и во неатрактивноста на професијата, според агенцијата на Обединетите нации. Исто така претседателката посочи дека искуствата во светот покажуваат дека главниот двигател за ефективни и позитивни образовни резултати на учениците се квалитетни и компетентни  учители-образовни кадри. Добар учител во својот карактер поседува : човечност, сенз за разбирање и почитување на различностите меѓе културите, етносите и традициите,   лична и професионална компетентност, толерантност, креативност и лидерство. Образованието раѓа доверба, довербата раѓа надеж, а надежта раѓа мир. Најголема надеж на секоја земја  лежи токму во правилното образование кое нуди излез од секаква нејснотија и магла во мислите на секој поединец во однос на општествените превирања и ги отвара вратите на возможното.

  Признанието Просветен работник на годината и Плакета за учебната 2022/23година, се доделени на следните просветни работници: Суза Ангелевска- воспитувач во  ЈУОДГ  „Орце Николов“- Карпош, Скопје; м-р Ана Цветкоска-Панова, педагог по ликовно воспитание во ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“, Скопје; м-р  Весна Бошковска, одделенски наставник во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“- Општина Кисела Вода, Скопје; - Марина Станиславова, одделенски наставник во ООУ„ Страшо Пинџур“ Неготино;  Вера Ангеловска, наставник по музичко образование во  ООУ „Кузман Јосифовски- Питу“, Скопје; Валентина Степановска- Андонова, наставник по физика во ООУ „Даме Груев“, Битола и м-р Сатки Исмаили, наставник по информатика во  ООУ „Кирил и Методиј“ во Тетово.

    На сите што несебично се вклучија во организација и реализација на настанот при одбележување на Светскиот ден на учителот, Сојузот на просветните работници, им додели и благодарници. 

-Благодарност до:  д-р Јетон Шаќири, министер во Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија, проф. асс. д-р Шпетим Љатифиспецијален советник за образование во кабинетот на Министерот за образование и наука, г-ѓа Шермин Мамут - одговорно лице за односи со јавност во кабинетот на министерот за образование и наука, како и до целиот тим од кабинетот на Министерот за образование и наука;

- Благодарност до домаќините на овој настан:  директор во ООУ „Кузман Јосифовски- Питу“ Андреја Сојанов, неговиот персонал и учениците кои несебично се заложија  за организирање на овој свечен настан;

- Благодарност до градоначалникот на Општина Кисела Водаво Скопје г-ин  Орце Ѓорѓиевски  и г-ин Сашо Јовановски -советник за образование во кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода;

- Благодарност до издавачката куќа „Просветно Дело “ Скопје: генерален директор м-р Павле Петров, маркетинг директор Весна Дукоска, уредничките: Елена Новкоска, Сузана Томовска и Ксенија Маказлиева- Трајчева, како  и целиот тим кој беше вклучен во подготовките и реализација на настанот. Сојузот на просветните работници им искажува голема благодарност на сите вработени во издавачката куќа „Просветно дело“ Скопје  со кој остварува долгогодишна и контунуирана соработка за подршката на низа програмски  активности; 

- Благодарност до уметникот Живко Поповски-Цветиндолгогодишен соработник на Сојуот и

- Благодарност до најактивните просветни работници- членови на Сојузот за посебен придонес во реализација на годишните програмски активности.

            На Свечениот настан, освен представниците од Министерство за образование и наука, представници од кабинетот на Градоначалникот на Општина Кисела Вода во Скопје, присуствуваа и представници- членови од Здружение на Град Скоје, членови на Сојузот на просветните работници на РС Македонија, директори од образовни институции,  наставници, стручна служба, професори и други пригодни гости.                                                                           

    На 20.20.2023 год., во просториите на Детската градинка 13 Ноември- Општина Карпош, Скопје врачени се и признанија на дваица добитници кои поради неодложни професионални обврски не присуствуваа на свечениот настан.

    На м-р Ана Цветкоска- Панова педагог по ликовно воспитание во ЈУДГ ОЦ  „13 Ноември“ Скопје,  врачено е Признанието Просветен работник на годинат за учебната 2022/23 година  и Плакета за вонредни ангажирања во воспитно-образовната работа и унапредување на дејноста на работното место и пошироко. На истата средба, исто така и на проф. Раско Лозаноски- секретар на Сојузот на просветните работници,  врачено му е  Јавно Признание - почесен член на       Претседателство на Сојузот за долгогодишно ангажирање и унапредување на работата на Сојузот на просветните работници.

      На средбата присуствуваа: Лидија Николовска-Георгиевска претседатлка на Сојузот;  професор Раско Лозаноски- секретар на Сојузот, член на Комисија за доделување на награди и признанија во рамки на Сојузот - Штефица Ујчиќ и член на Собрание на просветните рботници и поранешен член на Комисија за доделување на награди и признаниа -Дијана Симоновска. На настанот присуствуваше и директорката на Градинката Ружица Биџовска, која всушност е и организатор на средбата за што Сојузот изразува голема благодарност.             
        Сојузот на просветните работници на РС Македонија на сите добитници на овогодишно Признание и Плакета им испраќа честитки  со желба за погелими успеси на професионалниот  план во својата дејност.

 

Скопје,2023г.                                                                                      Од Сојузот на ПР на РСМ

       

              

     

                      

 

 

 



Фотографии од настанот
доделување на признанието Просветен работник на годината за учебната 2022/23година


5 МАЈ - ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И АЗБУКА

 

              Во ООУ ,,Кире Гаврилоски - Јане" -Прилеп, по повод Денот на  македонскиот јазик 5 Мај, беше одржано предавање на тема “Потеклото и развојот на македонскиот јазик” од наставничката ментор Сузана Николоска. Настанот беше збогатен со литературно читање во кое учениците од 6 и 8 одд се претставија со свои лични поетски и прозни творби и рецитира стихови од поетот, кодификаторот на македонскиот јазик Блаже Конески. Во низата активности што тематски беа поврзани со овој  значаен ден и Денот на патрониот празник на училиштето, беше распишан конкурс за најдобар рецитатор , на кој учество зедоа ученици од основните училишта во Прилеп. Рецитаторите на натпреварот  со своите  рецитаторски вештини и способности  имаа можност да се претстават со поетските творби: „Татковино – убавино“ од Бистрица Миркуловска и „ Очи“ од Ацо Шопов, творби во кои се присутни родољубивите и револуционерните мотиви достојни за одбележувањето на ликот и делото на  херојот и првборец „Кире Гаврилоски -Јане“ но истовремено ја изразија љубовта кон македонската поезија и македонскиот јазик. 

ДА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ  ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК!


          Јазикот е нашето најголемо духовно и културно наследство. Ние мора да го чуваме како нешто најсвето. Тој е непресушен извор, кој треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред се да се зачува чистината на убавиот македонски збор. На Првото заседание на АСНОМ 2 Август 1944 год. е донесено решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик на македонската држава.

           5 мај 1945год. усвоена е македонската абука;

            .  7 јуни 1945год. озаконет е македонскиот првопис.

             Кодификација е официjално озаконување на литературниот јазик и негова употреба во сите сфери на општественото живеење.

      Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик!






„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Сé додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледaме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“

 

 

Текстот го подготви

Член на Претседателство на

Сојузот на ПР на РСМ

   Сузана Николоска                    

 

                                                                                        Претседател на Сојузот на ПР на РСМ

                                                                                                Лидија Николовска-Георгиевска


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНОТ

„Просветен работник на годината“ за учебната 2021/2022 година

 

По повод одбележување на 5 Октомври – Светскиот ден на учителот, Сојузот на просветните работници на Република Северна  Македонија во соработка со Министерство за образование и наука на РСМ, Општина центар - Скопје и ООУ „Киро Глигоров“ Општина Центар, Скопје, свечено ги врачи Признанијата и Плакетите на истакнати просветни работници за учебната   2021/2022 година.  На добитниците Сојузот им подели Признание, а Министерство за образование и наука  на РС Македонија Плакети за вонредни ангажирања во оспитно-образовниот процес на работното место.

Домаќин на настанот беше ООУ „Киро Глигоров“ , Општина Центар, Скопје, каде низ прекрасна културна програма учениците  им се заблагодарија на наставниците за нивната хумана мисија во отварање на хоризонти на нови знаења со желба и понатаму заедно да чекорат во  походот на новите видици за животот.

На свеченот настан за улога и значење на овој ден се обратија и воедно, честитки до добитниците упатија:: Министерот на образование и наука Јетон Шакири, Градоначалникот на Општина Центар  Горан Герасимовски, Директорката на ООУ „Киро Глигоров’ Општина Центар, Скопје и Претседателката на Сојузот на прсветните работници на Република Северна Македонија Лидија Николовска-Георгиевска.

Во свеото традиционално обраќање, Претседателката на Сојузот на просветните работници меѓу другото посочи: „Тема на Светскиот ден на учителите оваа година е Трансформација на образованието започнува со наставниците. Во фокусот на вниманието е брза трансформација  и модернизација на образовниот систем со цел благовремена и брза подготовка на идните генерации кои ќе се носат со предизвиците и промените во иднината, но и потребата од подигање на  повисоко ниво на социо-економскиот статус  на оваа професија и враќање на статусот со другите професии. Оваа е единствената професија во создавањето на другите професии. Пред учителите- просветните работници се поставени поголеми стандарди, очекувања и барања од заедницата, но и просветните работници очекуваат поголема почит од страна на заедницата и поголема подршка од општеството, меѓу другото и подобрување на услови за работа и можностти за напредок во професијата.“

Плакета и Признанието „Просветен работник на годината“ за учебната  2021/2022 година се додели на следните просветни работници: 1.Категорија просветен работник во предучилишно образование- Грегова Татјана, воспитувач во ЈПУГД „Мајски Цвет“- Битола; 2.Категорија просветен работник од одделенска настава во основно образование - Ангелковска Валентина, одделенски наставник во ООУ “11 Октомври”, Скопје; 3.Категорија просветен работник од предметна настава во основно образование Спасова Анкица, наставник по математика во ООУ “Тихомир Милошевски”,  Скопје;

 4.Категорија просветен работник од  стручна служба во основно образованние- Трајковиќ Маја, библиотекар во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје; 5.Категорија наставник од училиште каде наставата се изведува со  ученици со посебни потреби  Давчевска Марија,  специјален едукатор и рехабилитатор во ОУРЦ  Маца Овчарова“ -Велес; 6.Категорија наставник од заедниците - Исмаили Шпреса, наставник по албански јазик и литература во СМУГС „Панче Караѓозов“- Скопје; 7.Категорија - просветен работник од предметна настава во средно образование  Ацески Илче, наставник по информатика во СОТУ  „Ѓорѓи Наумов” – Битола и 8. Категорија просветен работник од  стручна служба  Митковска Катерина, воспитувач во Ученички дом при СМУГС „ Панче Караѓозов“- Скопје.

            При одбележување на Меѓународниот ден на учителот, Сојузот на просветните работници, им додели и благодарници на сите што несебично се вклучија во организацијата и реализацијата на денешниот настан.

         -Благодарност до доцент д-р Јетон Шаќири, Министер за образование и наука на Република Северна Македонија, до проф. асс. д-р Шпетим Љатифиспецијален советник за образование во Министерството за бразование и наука, како и до целиот тим од кабинетот на Министерот за образование и наука кој  несебично се заложи за продолжување на соработка со Сојуз на просветните работници;

        -Благодарност до м-р Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, Скопје и  неговите соработници Јагода Јанковска, раководител на Секторот за јавни дејности и Весна Михајлова Куковска, раководител на Секторот за локален економски развој на Општина Центар, Скопје;

               -Благодарност до Билјана Билбиловска, директорката на ООУ „Киро Глигоров„  

   Општина Центр, Скопје и до нејзиниот воспитно-образовен тим, наставниците  кои беа

   извонредни домаќини и манифестацијата ја збогатија со прекрасно реализирана културна

   програма од Учениците за Учителите;

          -Благодарност до Издавчката куќа „Просветно дело“, Скопје директорката и главен уредник Весна Дукоска , одговорниот уредник Ксенија Трајчева  и целиот тим кој беше вклучен во подготвовките и поддршката;

         -Благодарност до Живко Поповски- Цветин и

          -Благодарност до најактивните просветни работници-членови на Сојузот, за посебен придонес во реализација на годишните програмски активности.

На манифестацијата освен представници од Министерство за образование и наука,  представници од од кабинетот на Градоначалникот на Општина Центар во Скопје, присуствуваа и представници од Педагошки факултет „Св. Климент Охридски, Скопје, Членови на Здружението на Град Скопје,Членови на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, директори од образовни институции-училиштата, наставници, проефсори и други пригодни гости. Честитки за манифестацијата упатија и деканот на Филозофски факултет проф. д-р Ратко Дуев при  Универзитет „Св Кирил и Методиј“ во Скопје ,од Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип проф. д-р Снежана Мирасчиева и други соработници на Сојузот на просветните работници на Република Северна  Македонија.  

Сојузот на просветните работници на сите добитници на овогодишните признанија и плакети им испраќа честитки со желба за поголеми успеси во понатамошната воспитно-образовната дејност.

                     

5 Октомври, 2022 година                                          

       Скопје                                                         

                                                                                                               Од  Сојуз на просветните работници

                                                                                                                на Р епублика Северна  Македонија

                                                                                              

Линкови со известувања  за настанот „Просветен работник на годината“ за учебната 2021/2022 година

https://fb.watch/fZFSdDI2AS/?mibextid=dn0um9

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0DD9PCdjZmi2x8yaF4TPZUi8zNZPBnpV7GsCcLPPEMjxVEXaZP9aar8mmMCTXjwfzl&id=100064302570735&sfnsn=mo&extid=a&mibextid=dn0um9

                Фотографии од настанот  „Просветен работник на годината“ за учебната 2021/2022 година


УЧЕНИЦИТЕ ТВОРАТ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ЗА БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ

 

Животот им прави пат на

оние кои знаат каде одат.

Иднината им припаѓа на оние кои веруваат

 во убавината на нивните соништа.

 -Елеонора Рузвелт-

 

    Во пресрет на двојниот празник 24 Мај- Ден на сесловенските просветители Св Кирил и Методиј и Денот на просветните работници, Сојузот на просветните работници на  Република Северна Македонија, во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ Центар - Скопје, на ден 23.05. 2022 година, во дворот на училиштето, одржа настан под мотото “Учениците творат за Гоце Делчев и за Браќа Миладиновци“.

На  настанот, учениците од ООУ„Гоце Делчев“ Центар - Скопје, преку звуците и  ритмот на музиката, стихотворби и песни,  им ги честитаа  наградите на добитниците -   учениците и нивните ментори на конкурсите распишани од Сојузот.

Конкурсите беа наменети за ученици од основно и средно образование во Република Северна  Македонија за следниве поводи:

- 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер и голем стратег за македонскиот народ, Гоце Делчев ( ликовен и литературен конкурс)  и

- 5 Мај - Денот на македонскиот јазик - Браќа Миладиновци, учители и просветители, поборници за својот мајчин јазик и основоположници на македонската преродба (литературен конкурс).

        Сојузот, искажува  голема благодарност на домаќинот на настанот - ООУ „Гоце Делчев“ Цевтар – Скопје  и „Просветно дело“ АД  Скопје. Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Цевтар –Скопје, на присутните на настанот им приредија прекрасни мигови со културно-забавна програма, а нотираната издавачка куќа обезбеди: подготовка и  печатење на дипломи за учениците, признанија за нивните ментори, благодарници за училиштата и другите заслужни лица за реализација на конкурсите; пригодни награди- книги и озвучување за настанот.

  Сојузот на просветните работници им додели благодарници на сите кои несебично се вклучија во организација и реализација на настанот:

-          Благодарница на Маја Ангелова, директорка на ООУ„Гоце Делчев“ Центар - Скопје;

-          Благодарница на Маја Ѓорѓиевска, наставничка по македонски јазик во ООУ „Гоце Делчев“ Центар - Скопје;

-          Благодарница на Сузана Турунџиева,  наставничка по музичко образование во ООУ „Гоце Делчев“ Центар - Скопје;

-          Благодарница на, м-р Павле Петров, генерален директор на „Просветно дело“- АД Скопје;

-          Благодарница на Весна Дукоска, главен уредник и маркетинг директор во   „Просветно дело“- АД Скопје;

-          Благодарница на Ксенија Трајчева - Маказалиева,  одговорен уредник во редакција Детска радост во  „Просветно дело“- АД Скопје;

-          Благодарници на најактивните просветни работници- членови на Сојузот,  за посебен придонес во реализација на двата конкурса.

      

Сојузот, на сите добитниците на наградите- учениците и нивните ментори им честита, со желба за понатамошни поголеми успеси во образовно-воспитниот процес, особено во домен на творештвото.

 

                                                                                                                                                                                  Сојузот на просветните работници на

                                                              Република Северна Македонија

                                                                   Претседателка,

                                                                    Лидија Николовска – Георгиевска

23.05.2022 год      

  С  к  о  п  ј  е 

                                                      МЕЃУНАРОДНА  НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА:  

          „75 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ПЕДАГОГИЈА – ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ    ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“

                                                                     16 -18.05.2022, Охрид

           На ден 14.2.2022 год.(вторник) во просториите на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје,   претставници од Сојузот на просветните работници на РСМ – Лидија Николовска-Георгиевска, претседател, и Славица Благоеска, член на претседателството,  остварија средба  со раководителот на Инстуитутот за педагогија, проф. д-р Елизабета Томевска- Илиевска.

          Цели на средбата беа визијата и мисијата на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, во правец на размена  на информации за понатамошна соработка, при што беше упатена покана Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија за вклучување на Меѓународната научна конференција на тема  75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“, од 16 до 18 мај 2022 година во Охрид, во организација на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

           Сојузот на просветните работници на РСМ ги информира и поканува сите просветни работници од сите нивоа на образовниот систем– предучилишно, основно, средно и високо, во Република Северна Македонија, со свои  трудови да се вклучат на меѓународната научна конференција со можност, да се споделат добри практики и искуства во воспитно-образовната работа.

         Подетални информации за учество на меѓународната научна конференција на тема 75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“,  16 - 18 мај 2022 година во Охрид може да побарате  на  следната електронска  адреса: pedagogija75@fzf.ukim.edu.mk        и линк од веб страната  за повик за учество на конференцијата : http://pedagogy.fzf.ukim.edu.mk/ 

  Февруари, 2022, Скопје  

                                                                                                                   Сојуз на просветни работници на

                                                                                                       Република Северна  Македонија,

        

                                                                                                                                                                                                               Претседател,

                                                                                                             Лидија Николовска-Георгиевска

НОВИ МОЖНОСТИ НА  СОРАБОТАКА НА  СОЈУЗОТ НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ НА Р С  МАКЕДОНИЈА-СКОПЈЕ   СО ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ  ПРИ УНИВЕРЗИТОТ „Св КИРИЛ И МЕТОДИЈ„- СКОПЈЕ


На ден 05.01.2022 год.,  во просториите на Филозофски факутет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“- Скопје,  е потпишан Меморандум за соработка меѓу Филозофски факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, Скопје,  представуван од  деканот,  проф. д-р Ратко Дуев и Сојузот на просветните работници на РС Македонија- Скопје, представуван од претседателот Лидија Николовска-Георгиевска. 

Цел на Меморандумот за соработка е вмрежување на сите нивоа на воспитно-образовниот процес во правец на подигање на квалитетот на образовната практика и унапредување на методско-дидактичкиот пристап во реализација на актуелните наставни програми и цели во соработка со  научната фела-професорите од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“-Скопје. Во фокусот на вниманието е создавање на атмосфера на меѓусебна почит и доверба преку организирање и реализирање на разновидни модели на соработка:  конференции, работилници, трибини, промоции и  други форми, остварувајќи ги заедничките цели- унапредување на образовната дејност на сите нивоа.


Сојуз на просветни работници на  Република Северна Макединија

                                                                                                                                                                                                                                                                                                              Претседател,

Лидија  Николовска-Георгиевска


ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 100 ГОДИШНИНАТА  ОД РАЃАЊЕТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ СО ПОСЕТА  НА СПОМЕН КУЌАТА ВО С.НЕБРЕГОВО

БЛАГОДАРНОСТ  ДО ООУ,,КИРЕ ГАВРИЛОСКИ -ЈАНЕ "  ЗА СОРАБОТКАТА  ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА  ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ  НА СОЈУЗОТ НА ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


ООУ,,Кире Гаврилоски-Јане"  ја одбележа 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески со посета на спомен куќата во с.Небрегово. 

Учениците од деветто одделение, презентираа податоци за Великанот на македонската поетска реч, рецитираа стихови од ,,Тешкото", ,,Стерна"и истакнаа дека тие се генерација што го почитува и истакнува делото на Блаже Конески, кодификаторот, втемелувачот на стандардите и нормите на македонскиот современ јазик, истакнувајќи ја познатата негова мисла. Јазикот е единствената наша татковина 

За оваа активност својата поддршка ја изрази  директорката Кети Стевананџија,заедно со педагогот Весна Зероска  и психологот Орнела Змејкоска, 

Ментор за активностите на учениците  беше  наставничката по македонски јазик , Сузана Николоска.,нашиот член на Претседателството на Сојузот на просветни работници, 


Блаже Конески е најграндиозната наша фигура во времето на слободен живот. Тој е личноста што се нурна најдлабоко во Македонското минато и што се извиши највисоко во Македонската иднина. Со него станавме препознатливи во светот. Во исклучителни времиња за еден народ се раѓаат и исклучителни личности. А има ли поисклучително време за Македонскиот народ од времето во кое тој ја извојува својата слобод.Конески е вонсериски лингвист, меѓународно реномиран славист, еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификацијата на Македонскиот стандарден јазик, 

Конески e истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академикпоетпрозаистесеисткнижевен историчарфилолог и јазичарпревувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик значајна личност во македонската книжевност Нa 19 декември 1921год во с.Небрегово   започнува животот на Конески најзначајната фигура на македонскиот 20 век.Основното образование го започнал во Небрегово, но по преселбата го продолжил и завршил во Прилеп, каде завршил и нижа гимназија, и како најдобар ученик во училиштето како стипендист оди во Крагуевац, Србија да учи виша гимназија која ја завршува. По завршувањето на гимназијата во Крагуевац, во Белград се запишува на Медицинскиот факултет, но после еден семестар следи студии по филологија, а по капитулацијата на Кралството Југославија, на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ продолжува да студира филологија. По ослободувањето дошол во Скопје и развил богата културна и научна дејност Како научник-славист, тој ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествувал во комисијата за азбука, учествувал во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик (во три тома).

Освен со научна, Конески се занимава со творечка, препејувачка, есеистичка и критичка дејност Во 1945 г. се појавува неговото прво поетско дело „Мостот“, со мотив од изградбата на земјата; 1948 г. збирката „Земјата и љубовта“ – песни со патриотски и борбени чувства, карактеристични за првата фаза на повоената македонска поезија; 1953 г. збирката „Песни“, каде се свртува кон себе, кон својата интима.

Следуваат збирките: „Везилка“, циклусот „Стерна“, збирката раскази „Лозје“. Ги напишал и збирките песни: „Записи“, „Стари и песни“, „Чешмите“, „Послание“, „Цркви“, „Златоврв“, „Сеизмограф“, „Небесна река“ и „Црн овен“За својот книжевен опус добил високи награди и признанија, и тоа: наградата на Сојузот на писателите на Југославија (1956 – за стихозбирката ,,Везилка“), некогашното највисоко сојузно признание АВНОЈ (1966), Хердеровата награда за литература,како и наградите „11 Октомври„Кочо Рацин“ (1974) и „Његошева награда“ (1975); исто така, бил лауреат на наградите „Кирил Пејчиновиќ“Крајот од својот творечки и животен пат  , Конески  го звршува на  7 декември 1993 год

Делата што зад себе ги оставил овој Великан го прават бесмртен. Горди сме  што сме генерација што го чува и негува делото на Конески.


Текстот и фотографиите ги подготви  Сузана Николоска , член на Претседатеслство на Сојузот. 


Сојуз на просветни работници на  Република Северна Макединија

                                                                                            Претседател,

Лидија  Николовска-Георгиевска

ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАПНИЦИ 

-МАТЕМАТИКА НИЗ ИГРА ЗБОР И РАЗГОВОР-


    На 08.11.2021 година во просториите на Факултетот за образовани науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се одржа промоција на прирачниците „Математика низ игра збор и разговор “ за деца на возраст од 2-4 години и „Математика низ игра збор и разговор “ за деца на возраст од 4-6 години.  

    Иницијатор за создавање на оваа издание е една од авторките - Елизабета Симоновска, педагог во ДГ „Астибо“-Штип, добитничка на признанието „Просветен работник за учебната 2020/21 година“.  Останати авторки на прирачниците се: Магдалена Стојанова,  Јасминка Кукушева, Катица Трајкова и Цветанка Наковска- воспитувачки од  ДГ „Астибо“ Штип,   проф. д-р Снежана Мирасчиева и проф. д-р Снежана Јованова -Митковска од Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“од Штип, во издание на  издавачката куќа “Проосветно дело“од Скопје. 

     На промоцијата, представници од Сојузот беа Славица Благоеска  и  Лидија Николовска-Георгиевска.

  Прирачниците се апликативни во работа со децата од предучилишна возраст, наменети првенствено за воспитувачки и родители,  стручни работници и соработници, студенти и сите лица кои посредно и непосредно имаат придонес за обезбедување на правилен и стимулативен развој на детските капацитети, не само во домен на когнитивните способности и математичките  знаења, туку и за целокупната личност.  

   За да се создаде вакво дело, потребни се долгогодишни и систамотско- акумулирани  и верификувани научни  сознанија од научната фела од Факултетот за образовни науки во Универзитето „Гоце Делчев“-Штип,  предводи од проф д-р Снежана Мирасчиева од една страна, од друга страна, акумулираните добри практики низ годините во работа со децата од предучилишна возраст, од воспитувачките од ДГ „Астибо Штип“,  предводени од педагогот Елизабета Симоновска, а препознаени и интегрирани  во една целина- прирачници од уредичката Ксенија Маказлиева-Трајчева и други надлежни од издавачката куќа „Просветно дело“ Скопје.

   Прирачниците „Математика низ игра збор и разговор“, нудат богата палета на стимулативни и разновидни игри  за деца од предучилишна ворзраст, каде тие спонтано и автентично го откриваат светот и ги структуираат  поимите за себе,  ги солвираат проблеми од секојдневието, развиваат когнитивни операции, математички поими,  и  стекнуваат сигурност во себе. Тие се голем  инспиративен подарок за сите кои се инволвирани во воспитно-оразовните практики во  предучилишните установи и представуваат добар модел  на однесување и во семејниот  дом .

  Меморандум за соработка помеѓу Факултетот за образовни науки во Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Сојузот на просветните работници на Репубика Северна Македонија- Скопје, денес потпишаа деканот на Факултетот на образовни науки проф. д-р Емилија Петрова-Ѓорѓева и претседателот на Сојузот Лидија Николовска- Георгиевска. 

  Меморандумот ќе овозможи повржување и интегрирање на  науката и практиката, унапредување на образовната дејност преку размена на искуства на  просветните работници од сите нивоа на образованието и научниот кадар на Универзитетот со крајна цел- придонес за добросостојба на сите.


Скопје, 08.11.2021 година

                                                   Сојуз на ПР на РСМ

          Претседател, 

                                                                                              Лидија Николовска-Георгиевска


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНОТ

„Просветен работник на годината“ за учебната 2020/2021 година 

4.10.2021

Клуб на пратеници, Скопје


По повод  одбележувањето  на 5 Октомври – Светскиот ден на учителот, Сојузот на просветните работници на Република Северна  Македонија во соработка со Министерство за образование и наука,  на 4.10.2021 во просториите на “Клуб на паратеници“ во Скопје, со почеток во 13,00 часот, свечено  ги додели признанија и плакети на истакнати просветни работници за учебната  2020/2021 година

Плакета и Признанието „Просветен работник на годината“ за учебната  2020/2021 година за континуирани и вонредни ангажиња во  унапредување на воспитно-образовниот процес се додели на следните просветни работници: oд основното образование: а) категорија одделенска наставa- м-р Весна Недановска, одделенски наставник од ООУ “11 Октомври”–Скопје и Анета Велкоска, одделенски наставник од ООУ “Браќа Миладиновци”- Скопје, б) категорија предметна настава: м-р Виолета Панев, професор по англиски јазик  од  ООУ„Владо Тасевски”- Скопје и Лариса Жулина Митовски, професор по музичко образование од ООУ“Јоаким Крчоски”-Крива Паланка; од средното образование м-р Стојан Манолев, професор по физика од СОУ “Гоце Делчев”-Валандово,; од  просветните работници од стручни служби на различни нивоа: а) средно образование: Валентина Костова – Дамчевска училишен педагог од  ДСМУ “Др. Панче Караѓозов” – Скопје , б) предучилишно образование Елизабета Симоновска, педагог во ОЈУДГ “Астибо” – Штип и oд предучилишното образование- категорија воспитувачи: м-р Љиљана Крстевска, воспитувач од ЈУДГ “Детска радост”-Скопје и  Биљана Лотеска, воспитувач од  од ЈУДГ “Детска радост”-Скопје.

Плакета и Признание за конкретни достигнувања  и унапредување на воспитно -образовниот процес за учебната 2020/2021 година, се додели на: Весна Гагалоска, од ООУ “Тодор Ангелевски” – Битола, наставник по одделенска настава, за остварени резултати во менторство на учениците во натпревари на сите можни нивоа во основно образование и  Хилда Димитиревска, од ООУ “Крсте Мисирков” – Куманово, наставник по одделенска настава, за учество на едукативни семинари и дисеминации во основно образование.

               При одбележување на Меѓународниот ден на учителот, Сојузот на просветни работници, им додели благодарноци на сите што несебично се вклучија во организацијата и реализацијата на денешниот настан.

        -Благодарност до Мила Царовска, Министерката за образование и наука на       Република Северна Македонија 

        -Благодарност до Кабинетот на министерката за образование и наука на  Република  Северна Македонија

       -Благодарност до Издавчката куќа „Просветно дело“ директорката и главен уредник Весна Дукоска , одговорниот уредник Ксенија Трајчева  и целиот тим кој беше вклучен во подготвовките и поддршката

        -Благодарност до Живко Поповски- Цветин

        -Благодарност до учениците-рецитатори од трето одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје.

        -Благодарница на Соња Кушовска – Трајковска, архитект од „Факултетот за земјоделски науки и храна“ -Скопје

        -Благодарници за најактивните просветни работници-членови на Сојузот, за посебен придонес во реализација на годишните програмски активности.

Сојузот на просветните работници на Р.С. Македонија  на сите добитници на овогодишните признанија и плакети  им честита со желба за поголеми понатамошни успеси во воспитно-образовната дејност. 


4, октомври,  2021 г.

С к о п ј е


Сојуз на просветни работници на

 Република Северна Македонија

Претседател,

Лидија Николовска-Георгиевска

Одбележување  на 95 годишнина од смртта на

Крсте Петков Мисирков


По повод 95 годишнината од смртта ( 26 јули 1926)  на истакнатиот  македонски деец Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874  — македонски филолог,] кодификатор на   македонскиот литературен јазик и правописславистисторичаретнограф, претставници од Претседателство на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, положија свежо цвеќе на спомен обележјето на овој истакнат македонски  автор на книгата „За македонцките работи”, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е  автор и основоположник, активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва  во БелградСанкт ПетербургОдеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на  македонскиот XX век. 

Најзначајно дело напишано од раката на Крсте Петков Мисирков ,книгата „За македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Во таа книга Мисирков ја обработува положбата на македонскиот народ, актуелната тогашна политичка и етнографска состојба на Македонија и пошироко. Најзначаен дел е  последната глава од книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик“ во кој јасно Мисирков дава предлог за оформување на литературен стандарден македонски јазик  основан врз централните говори. Од поголемо значење е и тоа што Мисирков користи азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука. Мисирков тргнува од карактеристиките на македонскиот јазик, имајќи го предвид  неговиот развој како јазик во семејството на словенските јазици и неговата функција во националното осознавање на македонскиот народ. Тој укажува на неопходноста од забрзан развој на македонскиот литературен јазик и на неговото издвојување како посебен јазик меѓу јужнословенските јазици.

Мисирков се определува за еден брз, антитрадиционален модел за решавање на македонското јазично прашање и ги .оформува своите ставови за македонскиот литературен јазик, главно, во три точки: 1. за основа на литературниот јазик ги зема централните говори (на линијата Велес –Прилеп - Битола - Охрид); 2. го поставува правописот врз фонетска основа, со мали отстапки пред етимологијата; 3. во лексиката вклучува елементи од сите македонски говори.

Со определбата за централните македонски говори, Мисирков инсистира на оние јазични карактеристики со кои македонскиот јазик најмногу се разликува од соседните словенски јазици.Така во изговорот инсистира на: испуштање на интервокалните в и х (чоек, жиот, дуот); антиципација на мекоста (ќ и њ: брајика, стаине, којн); групата шч (шчо, опшч); групите стр, здр (во сите случаи: стред, здрел); наставката -цки наместо -ски (македонцки).Во македонската кирилица Мисирков воведува неколку нови графеми: и, к’, г’, н’, л’, со кои таа се разликува од другите кирилски писма. Во лексиката и во зборообразувањето инсистира на народна лексика, и на живи зборообразувачки модели.

Мисирков јасно ја определи дијалектната основа на македонскиот литературен јазик и  теоретски ги изложи ставовите за неговото оформување. Тие идеи претставуваа солидна основа за дефинитивното номинирање на македонскиот јазик и за неговото кодифицирање по втората светска војна во условите на македонската државност.

Фотографии ги обезбеди: д-р Гордиана Ѓоргова, професор по англиски јазик и книжевност.

Текстот го подготви: Сузана Николоска, професор по македонски јазик .

Од Сојузот на просветните работници

 на Република Северна Македонија

                                                                                        Претседател,

Лидија Николовска-Георгиевска



РЕГИОНЛЕН СТРУЧЕН  СОБИР, КУМАНОВО 2019

ПО ПОВОД 70 ГОДИНИ УЧИТЕЛСКО ОБРАЗОВАНИЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК



          Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, Здружение на просветни работници – Куманово и ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, на 24 Септември (вторник), 2019 годинa od 11-15 часот, во просториите на првото училиште на македонски јазик во Куманово – ООУ"Крсте Мисирков" Куманово, организираа  Регионлен стручен собир, Кумново,2019. Собирот е прв и еден од стручните собири  во рамки на проектот „70 години од учителско образование на македонски литературен јазик 1949-2019“ чии стручни носители се проф д-р Атанас  и проф д-р Јелица  Николовски.

        Јубилејната, регионална стручна  средба во Куманово, која се одржа по повод 70 години на првата генерација на учители во македонскиот образовен систем од Учителската школа „Гоце Делчев“ –Штип, воедно беше и  промоција на просветниот работник  и образовниот систем како двигател на промените во општеството токму на почеток на новата  учебна година, а во пресрет на 5-ти Октомври Светскиот Ден на Учителот.

             На собирот беа  поканети  по троца представници  од  образовните институции од општините: Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричане,Ранковце и Липково. На стручната средба просветните работници учествуваа со и  без стручно  излагње од предходно наведените општини  од предучилишно образование- детски градинки, основно, средно и високо образование и тоа  наставници, стручни лица ( психолози, педагози, логопеди и др..), воспитувачи,  професори, директори и други стручни лица . Тие имаа можност да ги презентираат своите позитивни воспитно-образовни практики, истражувачки работи и интерни проектни активности при што ја  запознаа јавноста и институциите со својата ентузијастичка, иновативна и стручна работа која има придонес  за едукација на младите и води кон позитивни промени на нашето образование како пример за развој на нашето општество.


      Свечана академија по повод Светскиот ден на учителите одбележан во Општина Кисела Вода - Скопје


       По повод Светскиот ден на учителите - 5 Октомври, Сојузот на просветни работници на Република Северна Македонија, денеска на Свечена академија во ООУ „Св. Климент Охридски“ во село Драчево, во Општина Кисела Вода-Скопје, додели признание „Просветен работник на годината“ за учебната 2018/2019 година, на седум просветни работници од воспитно-образовни установи во Република Северна Македонија.

          Манифестацијата започна со интонирање на македонската химна. Во прекрасната изведба на музичките точки на учениците уживаа заменик-министерката на МОН, Елизабета Наумовска, градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, членовите на Советот на Општината, Дарко Филиповски и Весна Бошковска, директори на основни и средни училишта, представници од предучилишни установи,  членови на претседателството на Сојузот и голем број просветни работници од сите нивоа на образование- предучилишно, основно, средно и високо.

         За важноста на одбележувањето на 5 Октомври, Светскиот ден на учителите,  пред големиот број присутни говореа заменик-министерката Елизабета Наумовска, градоначалникот Филип Темелковски, директорката на училиштето, Татјана Бурник, и претседателката на Сојузот на просветни работници, Лидија Николовска- Георгиевска.

       5 октомври е Светски ден на учителите и е прогласен од УНЕСКО во 1993 година, а во Република Северна Македонија се одбележува од 1994 година.

     На крајот на манифестацијата секретарот на Сојузот, проф. Раско Лозаноски ја прочита одлуката на Претседателството на Сојузот, за доделување на Признанието ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК НА ГОДИНАТА на најуспешните просветни работници од предучилишно, основно и средно образование на ниво на Државата, како и Благодарници на образовни институции,  организации, претпријатија и издавачки куќи кои  имаа придонес за одбележување на овој настан.  Дел од наградите ги  обезбеди познатиот сликар и хуманист Живко Поповски - Цветин. 

      Оваа година добитници на Признанието Просветен работник на годината на Р.С.Македонија за учебната 2018/19 г го добија: 

1. Силвана Савовска

воспитувач во ЈДГ „8 Март“, 

Општина Кисела Вода - Скопје;


2.Марина Махајловска,

проф. за одделенска настава и директор

на   ООУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово;


3. Аида Петровска,

наставник за физика и хемија

 во ООУ „Димитар Миладинов, 

Општина Центар- Скопје;


4.Биљана Илиева,

проф. за биологија

во ООУ „Св Климент Охридски“, 

Драчево, Општина Кисела Вода –Скопје; 


5. Душанка Паговска, 

проф. за македонски јазик и литература 

во ОСУ „Ацо Русковски“- Берово;


6. Валдета Алија,

проф. за одделенска настава

во ООУ „Кирил и Методиј“-Тетово;


7. м-р Марија Чанова,

педагог во СОУ „Св Климент Охридски“-Охрид