Соопштение

ПО ПОВОД ,,24 МАЈ – ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ И ПРВИ УЧИТЕЛИ НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ”, ЈОАКИМ КРЧОВСКИ, КИРИЛ И МЕТОДИЈ, Europe House Крива Паланка и ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА - КРИВА ПАЛАНКА, ВО СОРАБОТКА СО ЛИТЕРАТУРНИОТ КЛУБ ,,КАЛИН”- КРИВА ПАЛАНКА, РАСПИШУВА НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН

                                                                                             К  О  Н  К  У  Р  С

       За сите ученици од основните и средните училишта на Република Северна Македонија,

 на тема:  „За буквите…по вашите стапки чекориме“.

             Темата е посветена на првите просветители-основоположници на словенската писменост и истата нуди  можност  за поширока поетска инспирација.

             Право на учество имаат сите ученици од основното образование на РСМ.  Посебно напоменуваме дека творбите треба да бидат напишани во форма на поезија и истите ќе ги вреднува посебна комисија во четири категории, и тоа:

                 -Прва категорија, ученици од I до III одделение;

                 -Втора категорија, ученици  од  IV до VI одделение;

                 -Трета категорија, ученици од VII до IX одделение;

                             -Четврта категорија, ученици од средно образование.

       Учениците од заедниците кои ќе учествуваат  на конкурсот, творбите можат да ги напишат на својот мајчин јазик и да бидат преведени на македонски јазик.

             Секое училиште може да учествува најмногу со три најдобри творби и на секоја творба  задолжително треба да стојат следниве податоци:

име, презиме и одделение на ученикот (авторот на песната); име и презиме на менторот;  име и локација на училиштето, како и телефон за контакт.

       Творбите треба да пристигнат најдоцна до 10  мај оваа година на следнава e-mail-адреса: biblioteka.ckkp@yahoo.com

                 Авторите на наградените поетски творби ќе учествуваат на културната манифестација, која ќе се одржи на 23 мај, 2024 година во просториите на Europe House-Крива Паланка и ќе бидат застапени во специјална електронска поетска збирка, а за сето тоа ќе бидат посебно известени.

       Координатори и организатори на манифестацијата се наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски од ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка и Ирена Белешковска, филолог и поет од литературениот  клуб „Калин“.

       Организаторите и носителите на оваа културна манифестација на сите што се заинтересирани да учествуваат на овој награден конкурс им посакуваат успех и убава  инспирација за творење!

 

Од организаторите и носителите

на културната  манифестација,

Крива  Паланка


И З В Е С Т У В А Њ Е

 

На ден 30 декември мината година, засекогаш се оддели од нашите редови многу актуелната и позната проф. д-р Јелица Николовска, па по тој повод, Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија-Скопје и Педагошкиот факултет „Св Климент Охридски“- Скопје во соработка со семејството Николовски, организира Комеморација посветена во нејзината чест. Комеморацијата ќе се одржи на 27 овој месец (вторник) во рамки на Педагошки факултет во Скопје со почеток во 11 часот.

       Се повикува секој кој е во можност да дојде, односно да присуствува на Комеморацијата.

 

                                                                       

                   13.02.2024 г.                                                                              Од Сојузот на просветните                                      

                  С к о п ј е                                                                                     работници на РС Македонија


И З В Е С Т У В А Њ Е

За ученици добитници на награди на литературен и ликовен конкурс

 

                  На основа на член 27 став 9 од Статутот на просветните работници на РС Македонија и по предлог  на Комисијата за доделување на награди, признанија и благодарници за литературни и ликовни конкурси, Претседателството на истоимениот Сојуз на 21.12.2023 г. преку зоом апликација одржа состанок и ја доднесе следнава  

О  Д  Л  У  К  А

             За доделување на награди на литературен и ликовен конкурс по повод 115 години од раѓањето на македонскиот револуционер и познат голем наш поет, Кочо Рацин , како и 80 години од неговата смрт, наменет за сите ученици во РС Македонија од основно и средно образование. Учениците имаа можност да творат на следниве теми:

а) Како го замислувам (сликовито) ликот на македонскиот револуционер и голем наш поет, Кочо Рацин (за ученици од основно образование до III одделение);

б) Кочо Рацин во очите на непокорниот работник ( во две категории: прва категорија за ученици од IV  и V одделение, а втора категорија за ученици од VI и VII одделение);

в) Рацин – низ призмата на селската надеж за подобро утро (за ученици од VIII и IX одделение) и

г) Бели мугри – претставени во очите на Рацин (за ученици од средно образование).

Сојузот додели награди на следниве ученици :

А) ПРВА КАТЕГОРИЈА ОД ПРВО ДО ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ

„Како го замислувам (сликовито) ликот на македонскиот револуционер и голем наш поет  Кочо Рацин“

 

ПРВА НАГРАДА

ученик:Андреј Стојанов

одделение: II-1

ментор:Катерина Ѓорѓиева

училиште:ООУ,,Васил Главинов"- Велес

 

ПРВА НАГРАДА

ученичка: Сандра Пановска

одделение : I-5

училиште: ООУ „Блаже Конески“ - Велес

ментор: Донка Павлова

 

 

 

ВТОРА НАГРАДА

ученик: Антон Неделковски

одделение: II-6

ментор: Даниела Бабуновска

училиште: ООУ "Васил Главинов"- Велес

 

ВТОРА НАГРАДА

ученик: Мила Тумбова 

одделение:  I  

училиште: ООУ “Блаже Конески“  - Велес

ментори: Весна Сугарева и  Елена  Тембелеска

 

ТРЕТА НАГРАДА

ученичка : Марта Ташева

одделение:  III

ментор: Сања Гуџова

училиште: ООУ "Васил Главинов" - Велес

 

ТРЕТА НАГРАДА

ученичка: Софија Крстовска

одделение: II-2

ментор: Христина Арилон

училиште: ООУ "Васил Главинов" – Велес

 

 

Б) ВТОРА КАТЕГОРИЈА –ОД IV И V ОДДЕЛЕНИЕ (НЕМА ДОСПЕАНО ТВОРБИ) И

ОД VI И  VII ОДДЕЛЕНИЕ

„Кочо Рацин во очите на непокорниот работник“

 

ПРВА НАГРАДА

ученичка: Лина Соколова

одделение: VII-2 одделение

ментор: м-р Благица Ангеловска, наставник по македонски јазик

училиште: ООУ „Лазо Ангеловски“, општина Аеродром, Скопје

 

ВТОРА НАГРАДА

ученичка: Сузана Темелкова

одделение: VII-  б

ментор:  Катерина Тасева

училиште: ООУ ,, Борис Трајковски’’ – Моноспитово 

 

ВТОРА НАГРАДА

ученичка: Василика Димоска

одделение: VII б

училиште: ООУ„Никола Карев“ Крушево

ментор: Александра Ангелеска

 

ТРЕТА НАГРАДА

ученичка: Ана Дамјановкса

одделение: VII-3

ментор:Александра Нешкоска

училиште: ООУ,,Гоце Делчев “-Тетово

 

ТРЕТА НАГРАДА

ученичка: Теодора Божиновска

одделение: VI-4

училиште: ООУ„Кочо Рацин “ Куманово

ментор: Весна Тодоровска

 

В) ТРЕТА КАТЕГОРИЈА ОД VIII ДО IX ОДДЕЛЕНИЕ

„Рацин – низ призмата на селската надеж за подобро утро“

 

ПРВА НАГРАДА

ученичка: Милица Јанковиќ

одделение: VIII- а одделение

училиште: ООУ„Браќа Миладиновци“ Пробиштип

ментор:  Лила Петрушевска  

 

ПРВА НАГРАДА

ученичка: Надица Тасеска

одделение: IX

училиште: ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид

ментор: Фила Вероска-Стојковска 

 

ВТОРА НАГРАДА

ученичка: Ивона Богдановиќ

одделение:  VIII одд.

училиште: ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ – с. Иванковци, Велес

Ментор: Мирјана Пановска

 

ТРЕТА НАГРАДА

ученичка: Исидора Исјановски
      клас: IX-б

училиште:  ООУ „Јан Амос Коменски"

ментор: Елизабета Теодосиевска

 

ТРЕТА НАГРАДА

ученичка: Даниела Теова
      клас: VIII-4

                                        училиште:  ООУ „Васил Главинов" - Велес
                                        ментор: Каролина Попова

 

Г) ЧЕТВРТА КАТЕГОРИЈА - СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

„Белите мугри – претставени во очите на Рацин

 

ПРВА НАГРАДА

ученичка: Кристина Танчева

клас:  II

училиште: СОУ „Гоце Делчев“ Валандово

ментор: Елизабета Чилевска Пандева

 

ВТОРА НАГРАДА

ученичка: Сара Петкоска 

клас: III-3

училиште: ОСУ „Свети Климент Охридски“ - Охрид

ментор: м-р Перчо Божиновски

 

ТРЕТА НАГРАДА

ученичка: Сара Ангелова

клас: II-3

ментор: Лидија Дамјанова

училиште: СОУ „Методи Митевски Брицо“ Делчево

 

ТРЕТА НАГРАДА

ученичка: Илина Тодороска,

клас: IV-7 

                   ментор: Лидија Ристеска                                                                      

училиште: СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп                                                                               

 

                За доставување на наградите - дипломи за ученици, признанија за ментори и благодарници за училишта, добитниците дополнително ќе бидат известени     писмено, по создавање на поволни околности.

Телефон за контакт : 078-835-500.

 

 

Декември,  2023 година                                    Од Сојузот на просветните работници

  С к о п ј е                                                      на Република Северна Македонија

                                                                              Претседател,

                                                                                Лидија Николовска-Георгиевска

 


И З В Е С Т У В А Њ Е

За добитници на признанието

Просветен работник на годината за учебната 2022/2023 година

 

 

Претседателство на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија на 11.09.2023 година (понеделник) одржа седница  на која, врз основа на одредбите на својот Статут, ја донесе следната одлука :

         Признанието Просветен работник на годината за учебната 2022/23 година се доделува на следните просветни работници :

1.  Од предучилишно образование

 а) Категорија воспитувачи

              - Суза Ангелевска- воспитувач,  ЈУОДГ  „Орце Николов“- Карпош, Скопје

          б) Категорија стручна служба

    - м-р Ана Цветкоска -Панова- педагог по ликовно воспитание, ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“, Скопје;

2.      Од основно образование

а) категорија одделенска настава

  -  м-р  Весна Бошковска, одделенски наставник во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“-     

  Општина Кисела Вода, Скопје и

 - Марина Станиславова, одделенски наставник во ООУ„ Страшо Пинџур“

   Неготино;

         б) категорија предметна настава

          -Вера Ангеловска, наставник по музичко образование во ООУ „Кузман  Јосифовски

            Питу“ Скопје и

           -Валентина Степановска Андонова, наставник по физика, во ООУ„Даме  Груев“,

           Битола

         г) категорија од заедниците

- м-р Сатки Исмаили, наставник по математика во ООУ „Кирил и Методиј“, Тетово.

 

         Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија во рамки на Сојузот по извршено вреднување во приоритет на поднесените прилози од учесниците пријавени по Конкурсот објавен на 26.06.2023 год. на веб страница на Сојузот. На тој начин, сите просветни работници беа известени за отпочнување на постапката за прогласување на Просветен работник на годината за учебната 2022/23 година според Правилникот за доделување на награди, признанија и пофалници на Сојузот.

 

За дополнителни информации контак лице:

Лидија Николовска-Георгиевска

Тел: 070/835-500     

 e-mail: sojuznaprosvetnirabotnici@gmail.com 

 

13, Септември, 2023 год.                                                                                                                            Сојуз на просветните работници на                  

      С к о п ј е                                                                                                                                                 Република Северна Македонка

                                                                                                                                                                          Претседател,

                                                                                                                                                                                Лидија Николовска-Георгиевска


И З В Е С Т У В А Њ Е

За добитници на признанието

Просветен работник на годината за учебната 2021/2022 година

 

 

         Врз основа на одредбите на Статутот  на Сојузот на просветните работници на Република Северна  Македонија, Претседателството на Сојузот, на ден 18.09.2022 година ја донесе следната одлука :

 

         I. Признанието Просветен работник на годината за учебната 2021/2022 година се доделува на следните просветни работници:

1.      Од категорија воспитувач од предучилишно образование:

-          Грегова Татјана,воспитувач,  ЈПУГД „Мајски Цвет“- Битола;

 

2.  Од основното образование:

         а) категорија - просветен работник  од одделенска настава

         - Ангелковска Валентина, одделенски наставник, ООУ “11 Октомври” – Скопје;

 

           б) категорија- просветен работник од предметна настава

  - Спасова Анкица, наставник по математика, ООУ “Тихомир Милошевски”-

                                                                                                                      Скопје;

       в) категорија- просветен работник од  стручна служба

            - Трајковиќ Маја, библиотекар,  „Невена Георгиевска-Дуња“- Скопје ;

 

      г) категорија- просветен работник од училиште каде наставата се изведува со  

           ученици со посебни потреби

         - Давчевска Марија, наставник во ОУРЦ  Маца Овчарова“ -Велес;

3.      Од средното образование

а) категорија - просветен работник од предметна настава

  -  Ацески Илче, наставник по информатика,  СОТУ  „Ѓорѓи Наумов” – Битола;

 

       б)  категорија- просветен работник од заедниците

- Исмаили Шпреса, наставник по албански јазик и литература, СМУГС „Панче Караѓозов“- Скопје;

 

       в) категорија - просветен работник од  стручна служба

        - Митковска Катерина, воспитувач, Ученички дом при СМУГС „ Панче Караѓозов“-            

          Скопје.

 

Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија   во рамки на Сојузот,  по извршено вреднување во приоритет на поднесените прилози од учесниците пријавени по Конкурсот распишан од ден 27.06.2022 година, каде сите просветни работници беа известени за отпочнување на постапката за прогласување на  Просветен работник на годината за учебната 2021/2022 година, објавено на веб страница на Сојузот и според Правилникот за доделување на награди, признанија и  пофалници на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија.

 

 За дополнителни информации контакт лице:

Лидија Н.Георгиевска тел. 078-835-500 e-mail : sojuznaprosvetnirabotnici@gmail.com         

 

 

                19, септември, 2022 год, Скопје

                                                Сојуз на просветни работници на Република Северна Македонија

                                Претседател  Лидија Николовска-Георгиевска


П Р Е П О Р А К А

         Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија дава целосна поддршка во вид на препорака за користење на списанието за најмали Росица, наменето за децата од предучилишна возраст, за нивните родители и за воспитно-образовниот кадар во предучилишните установи, детски градинки, во издание на Редакција „Детска радост“ при ПРОСВЕТНО ДЕЛО, Скопје.

         Нашата поддршка се темели врз искуствата и сознанијата систематски акумулирани преку долгогодишната имплементација на содржините од списанието во воспитно-образовниот процес. Списанието за деца РОСИЦА е првото печатено списание наменето за најмалите во Република Северна Македонија, кое освен во печатена форма, имплементира и дигитални содржини со литературни и методско-дидактички содржини поставени на јутјуб-каналот РОСИЦА списание за најмали, како и на фејсбук-страницата РОСИЦА списание за најмали, достапни по пат на аплицирани QR-кодови, како корисни линкови.

         Концепцијата, содржините, илустрациите и дизајнот во РОСИЦА се оригинални и во чекор со современите текови во предучилишните практики.

         Приложените содржини и илустрации се поттикнувачки за златниот и најдинамичниот период од развојот на најмалите, со долгогодишна традиција на систематско креирана концепција и дизајн од страна на мултидисциплинарни тимови на компетентни професионалци во доменот на предучилишното воспитание и образование.

         Кај најмалите, една слика од списанието за најмали РОСИЦА и РОСИЦА ПЛУС нуди илјада зборови, поттикнувајќи ги нивниот творечки ум, интерактивноста, толерантноста кон различностите, сигурноста во себе и самодовербата, развивајќи грижлив однос кон себе и за зачувување на животната средина и систематски отвора нови хоризонти на знаења, вештини и искуства кај предучилишното дете.

         Низ страниците на списанието пулсираат разновидни настани од детскиот свет, при што децата се оспособуваат за креативно однесување во различни средини и ситуации, акумулирајќи искуства за креирање поволна средина во која, рака под рака со родителите и воспитниот персонал од градинките, полесно се искачуваат по скалилата на правилниот раст и развој.

         РОСИЦА е единственото списание за деца кое содржи ПРИЛОГ ЗА РОДИТЕЛИ кој на родителите им нуди информативно-едукативни содржини со различни теми за правилно разбирање на потребите, желбите и можностите на децата и креативни модели на однесувања во семејниот дом, како и начини на правилна интеракција и комуникација со градинката, односно со воспитно-образовниот кадар вработен во неа.

         РОСИЦА списание за најмали му нуди на воспитниот персонал во градинките инспиративни интерактивни и прагматични литературно-книжевни и методско-дидактички содржини, активности и игри, систематски распоредени и поврзани една со друга, овозможувајќи холистички и хармоничен развој на сите аспекти на личноста кај предучилишното дете, учење низ игра и адекватно реализирање на Програмата за рано учење и развој.

 

   4.9.2022 година        

    С к о п ј е                             

      Сојуз на ПР на РСМ, Скопје

        Претседател

     Лидија Николовска-Георгиевска

 



Објава на  27.06.2022

Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, според зацртаните годишни активности предвидени со Програмата за работа и според Одлуката на Претседателството, донесе на 17.06.2022 година го издава следново

И  З  В  Е  С  Т  У  В  А  Њ  Е

Се известуваат сите заинтересирани просветни работници  дека Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија ја започнува постапката за прогласување Просветен работник на годината за учебната 2021/2022 г.

Секој кој што сака да учествува во оваа постапка, според член 5 од Правилникот за доделување на признанија, пофалби и награди, треба да биде предложен од некое здружение на општинско или на регионално ниво; од соодветниот актив; од стручни тела на установата каде работи, а може да се предложи и самоиницијативно.

Според член 16 од истиот Правилник, кандидатите треба  да ги исполнуваат следниве критериуми:

 

- да има завршено соодветно образование според законот, согласно дејноста;

- да има подолг временски период (најмалку 15 години) поминат во воспитано – образовната дејност;

- да има остварени резултати во воспитно–образовната дејност со децата, учениците, родителите и општествената средина на живеење;

- да остварува резултати во дополнителната и додатната настава;

- да има остварени резултати во слободните активности со децата,  учениците (освоени дипломи, признанија, пофалници, благодарници и сл.);

- да зема учество во јавната и културна дејност на установата;

- да има учествувано на ученички натпревари во знаење и освоени награди (општински, регионални, државни и меѓународни), што е еден од најосновните услови;

- да учествува во реализација на проекти, едукативни семинари и добиени сертификати;

- да зема активно учество на стручни расправи, симпозиуми, манифестации, научни собири, конгреси, одбележувања и сл., кои се од поширока воспитно–образовна дејност;

- да зема учество во изработување учебници, прирачици и со свои стручни прилози да соработува во стручниот печат;

- да е активен член во установата каде работи и да членува во некои форуми на општествената средина и пошироко;

- да не е на раководна функција во момент на аплицирање ( пр. директор на образовна установа) и

- при изборот на Просветен работник на годината, при ист број на бодови  приоритет ќе има кандидатот којшто е предложен  од установата каде работи и којшто  има добиено Признание  Просветен работник на годината  на општина, регион или установа во која работи во изминатите години (не тековната година).

За секој поставен критериум кандидатот треба да докаже документовано.

Потенцираме дека секој доставен прилог ќе биде вреднуван според нотираните критериуми дадени во Правилникот.

Кандидатот што ќе го добие признанието Просветен работник на годината ќе треба да уплати 500,00 ден. како котизација на ж–сметка: 300000000754696, Комерцијална банка – Скопје, со назнака за котизација, односно за манипулативни трошоци.

Посебно напоменуваме дека прилозите на учесник којшто истата година добил такво признание на ниво на град (здружение), регион или општина нема да бидат земени предвид за вреднување.

Пријавите со сите потребни документи (прилози), заинтересираните можат да ги достават во рок од 10 работни  дена, сметано со денот на објавувањето на Известувањето на веб страница на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, на  електронската адреса:  sojuznaprosvetnirabotnici@gmail.com. Телефон за контакт: 078-835-500; 075-657-400.

.

                                                                                             Од Сојузот на просветните работници

Јуни, 2022                                                                             на Република Северна Македонија                    

С к о п ј е                                                                                                      Претседател,

                                                                                                              Лидија Николовска-Георгиевска

 

 

  Lidhja e  Punonjësve Arsimor të Republikës të Maqedonisë së Veriut, sipas aktiviteteve të planifikuara vjetore të parapara me Programin e punës dhe Vendimin e Kryesisë, tод.ë miratuar më 17.06.2022 lëshon këtë

L A J M Ë R I M

Lajmërohen të gjithë punonjësit të interesuar arsimor se Lidhja e Punonjësve Arsimor të Republikës së Maqedonisë  së  Veriut po fillon procedurën për shpalljen e Punëtorit arsimor të vitit ,për vitin akademik 2021/2022

Secili që dëshiron të marrë pjesë në këtë procedurë, sipas nenit 5 të Rregullores për dhënien e mirënjohjeve, lavdërimeve dhe shpërblimeve, duhet të  jetë i propozuar nga një shoqatë në nivelin komunal ose rajonal; nga aktivi përkatës; nga organet e udhëheqjes  të institucionit ku ai punon dhe mund të sugjerohet dhe me vetëiniciativë 

Sipas nenit 16 të  Rregullores, kandidatët duhet të plotësojnë kriteret e mëposhtme:

- të ketë kryer arsimin e duhur sipas ligjit, në përputhje me veprimtarinë;

- të ketë një periudhë më të gjatë kohore (të paktën 15 vjet) të kalur në procesin edukativo - arsimor;

- të kenë arritur rezultate në aktivitetin  edukativo - arsimor me fëmijët, nxënësit, prindërit dhe ambientin shoqeror të jetesës;

- te  kenë  arritur rezultate në mësimdhënien plotësuese dhe shtuese;

- të ketë arritur rezultate në aktivitete të lira me fëmijë, nxënës

 (çmime të fituara  diploma, certifikata, mirënjohje, certifikata vlerësimi etj);

- të ketë marrë pjesë në aktivitetet publike dhe kulturore të institucionit;

- të ketë marrë pjesë në garat e nxënësve  për  njohuri dhe  çmime të fituara (komunale, rajonale, shtetërore dhe ndërkombëtare), që është një nga kushtet më themelore;

- të ketë  marrë pjesë në realizimin e projekteve, seminareve arsimore dhe certifikata të fituara;

- të ketë marrë pjesë aktive në debate ekspertësh, simpoziume, manifestime, tubime shkencore ,kongrese nga lëmia e aktivitetit edukativo –arsimor;

- të ketë marrë pjesë në përgatitjen e teksteve shkollore, doracakëve dhe me vet kontributin profesional  të bashkëpunuar me shtypin profesional;

- të jetë  anëtar aktiv i institucionit ku ai punon dhe të jetë anëtar në disa forume të mjedisit shoqeror dhe më gjerë dhe

-të mos jenë në ndojnë funksion udhëheqes në momentin e aplikimit (p.sh. drejtor I institucionit arsimor)

- në përzgjedhjen e  Punëtor arsimor i vitit, me  numër të njejtë  pikash,prioritet do të ketë kandidati i cili është propozuar nga institucioni ku ai është duke punuar dhe i cili ka të fituar Mirënjohje Punëtor  arsimor  i vitit të një komune, regjioni ose institucioni në të cilin ka punuar vitet e fundit (jo vitin aktual)

Per secilin kriter të vendosur  kandidati duhet të dëshmojë  me dokument.

Theksojmë se çdo kontribut i paraqitur do të vlerësohet sipas kritereve të dhëna  në Rregulloren.

Kandidati që do të fitojë mirenjohjen  Punëtor  arsimor i vitit duhet të paguajë 500,00 den. si kuotizacion në xhiro-llogarinë: 300000000754696, Komercijalna Banka - Shkup, me  cekje/destinim për kuotizacion, respektivisht për  shpenzimet manipuluese.

Në veçanti   theksojmë që kontributet e pjesëmarrësit, i cili ka fituar mirenjohje në të njëjtin vit në nivel të qytetit (shoqatës), rajonit ose komunës, nuk do të merret parasysh për vlerësim.

 

Te  interesuararit mund të dorëzojnë aplikimet me të gjitha dokumentet e nevojshme brenda 10 ditë pune , duke llogaritur nga data e publikimit të njoftimit në një medium të shtypur, në adresën: Lidhja  Punonjësve  Arsimor të Republikës të Maqedonisë së Veriut në adresen elektronike:

 sojuznaprosvetnirabotnici@gmail.com. Тelefoni për konta: 078-835-500; 075-657-400

 

  Qershor, 2022                                                                      Nga  Lidhja e Punonjësve Arsimor

        Sh k u p                                                           të Republikës të Maqedonisë së Veriut

Kryetar,

 Lidija Nikolovska-Gеоrgiеvskа


И  З  В  Е  С  Т  У  В  А  Њ  Е

 

Сојузот на просветни работници на  Република Северна Македонија, Ве известува дека на ден 23.05. 2022 година ( понеделник) со почеток во 10 часот во ООУ „Гоце Делчев“ – Центар, Скопје, ќе се одржи  НАСТАН  на кој  ќе се врачат наградите на учениците и  нивните  ментори од основното и средно образование - добитници на  конкурсите распишани од Сојузот на ПР на РСМ по повод:

1. 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер и голем стратег за македонскиот народ, Гоце Делчев ( ликовен и литературен конкурс)  и

2. 5 Мај - Денот на македонскиот јазик  - Браќа Миладиновци, учители и просветители, поборници за својот мајчин јазик и основоположници на македонската преродба (литературен конкурс).

 

Поради ограничениот простор за реализација на настанот, Ве замолуваме  за присуство на наградените  ученици и нивните ментори.

Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање.

 

Телефон за контакт: 070-835- 500         

Електронска адреса: sojuznaprosvetnirabotnici@gmail.com

 

 

 

15.05.2022 година                                                       Од

С к о п ј е                                                             Сојуз на просветни работници на               

                                                                                            Република Северна Македонија

                                                                                                        Претседател,

                                                                                          Лидија Николовска- Георгиевска



И З В Е С Т У В А Њ Е

За ученици добитници на награди на литературен конкурс

 

 

На основ на член 27 став 9 од Статутот за работа на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, на основ на Програма за работа на Сојузот  и по предлог на Комисијата за доделување на награди на ученици за литературните творби, Претседателството на истиот Сојуз, на 28април, 2022 година по електронски пат одржа седница и ја донесе следнава

ОДЛУКА

за доделување на награди на литературни творби од ученици - пријавенина Конкурсот по повод 5 Мај-Денот на македонскиот јазик, од основно и средно образование во РС Македонија, во три категории и тоа на следниве две теми:

а) Браќа Миладиновци, учители и просветители, поборници за својот мајчин јазик

(првакатегорија за ученици од IV до VI одделение, а втората категорија од VII до IX одделение),поетски или прозни творби и

б) Браќа Миладиновци основоположници на македонската преродба и поборници за својот мајчин јазик, (трета категорија за учениците од средно образование), поетски или прозни творби- есеј.

Пристигнатитетриесетинатворби на ученици  на литературниот конкурс во Сојузот се рангиранивотрикатегории:

А) ПРВА КАТЕГОРИЈА ОД IV ДО VI ОДДЕЛЕНИЕ- ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Б) ВТОРА  КАТЕГОРИЈАОДVII ДО IX ОДДЕЛЕНИЕ - ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ   

В) ТРЕТА КАТЕГОРИЈА - СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ.

По рангирање на литературните творби, Сојузот додели награди на 12творби и тоа на слените ученици:

 

А) ПРВА КАТЕГОРИЈА ОД IV ДО VI ОДДЕЛЕНИЕ - ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

 

Прва награда:

Ученик-Јована Велкова,  V одд.

Училиште- ООУ,,Раде Кратовче ″-Кочани

Ментор - Александра Миленковски

 

Втора награда:

Ученик-Александар Ќироски,IV  одд.

Училиште- ООУ „Гоце Делчев“ - Тетово

Ментор-Соња Трифуновска

Tретанаграда:

Ученик-Владимир Шеќероски , Vодд.

Училиште- ООУ „Блаже Конески“ –Скопје

МенторТеодора Љушева

 

Трета награда:

Ученик-Јована МилковскаVодд.

Училиште- ООУ „Х.Т. Карпош“ - Куманово

Ментор- Лидија Лазаревска

 

 

Б) ВТОРА  КАТЕГОРИЈА ОД VII ДО IX ОДДЕЛЕНИЕ - ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

 

Прва награда:

Ученик-Нина Ламева,IX одд.

Училиште- ООУ „Браќа Миладиновци„ -Аеродром, Скопје

Ментор -Сунчица Петрева

 

Втора награда:

Ученик-Ана Манчева, VII одд.

Училиште-ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ -Скопје

Ментор - Верица Неделкоска

 

Трета награда:

Ученик- Теона Плушкоска,VIII одд.

Училиште-ООУ ,,Страшо Пинџур"-Вевчани

Ментор - Роза Китрозоска

 

Трета награда:

Ученик- Трајче Бансколиев, VIII одд.

Училиште-ООУ ,,Видое Подгорец"-Колешино

Ментор - Марија Брендевска

 

В) ТРЕТА КАТЕГОРИЈА – СРЕДНО  ОБРАЗОВАНИЕ

 

Прва награда:

Ученик-Екатерина Бочвароска, IV година

Училиште- OСУ "Св. Климент Охридски"-Охрид

Ментор - Емилија Карафилоска

Втора награда:

Ученик-Евгенија Милевска, IVгодина

Училиште-СОУ Гимназија,,Гоце Делчев“-Куманово

Ментор - Соња Тодоровска

 

Трета награда:

Ученик - Ева Цветановска, II година

Училиште-СОСУ „Илинден“ - Скопје

Ментор - Даниела Костадиновиќ

 

Трета награда:

Ученик - Матеја Цветковска,II година

Училиште-СОУ „Ѓорче Петров“ - Крива Паланка

Ментор - Зорица Давитковска

За доставување на наградите-дипломите на ученици, признанија на менторите и благодарници на училишта, добитниците дополнително ќе бидат известени по писмен пат, по создавање на поволни околности.

Контакт лице :

Лидија Н. Георгиевска,

тел: 078-835-500

eлектронска адреса: sojuznaprosvetnirabotnici@gmail.com

 

 

29 Април, 2022 година                                Од Сојузот на просветните работници

  С к о п ј е                                                               на Република Северна Македонија

                Претседател,

                   Лидија Николовска-Георгиевска


И З В Е С Т У В А Њ Е

За ученици добитници на награди на литературен и ликовен 

конкурс


 

На основ на член 27 став 9 од Статутот за работа на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија и по предлог на Комисијата за доделување на награди  на ученици за литературни и ликовни творби, Претседателството на истиот Сојуз, на 30 март, 2022 година по електронски пат одржа состанок и ја донесе следнава

О  Д  Л  У  К  А

за доделување на награди на ликовни и литературни творби од учениците -учесници на Конкурсот по повод 150 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер и голем стратег за македонскиот народ, Гоце Делчев, за  сите ученици на основно и средно образование во четири категории и тоа на следниве три теми:

                   а) Како го замислувам (сликовито) ликот на македонскиот револуционер Гоце Делчев (за ученици од основно образование до III одделение);

                   б) Гоце Делчев – голем херој и заштитник на својот македонски народ (во две категории: прва категорија за ученици од IV до VI одделение, а втора категорија од VII до IX одделение) и

   в) Гоце Делчев – голем херој, стратег и идеолог за македонскиот народ (за ученици од средно образование.

Пристигнатите, над  100 творби на ученици во Сојузот, класифицирани се во четири категории:

А) ПРВА КАТЕГОРИЈА ДО ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ - ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Б) ВТОРА  КАТЕГОРИЈА ОД IV ДО VI ОДДЕЛЕНИЕ - ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ    

В) ТРЕТА КАТЕГОРИЈА ОД VII ДО IX ОДДЕЛЕНИЕ - ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 

Г) ЧЕТВРТА КАТЕГОРИЈА - СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ.

По вреднување на ликовните и литературните творби, Сојузот додели награди на  15  творби и тоа на слените ученици:

 

А) ПРВА КАТЕГОРИЈА ОД ПРВО ДО ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ- ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

 

Прва награда:

Ученик -  Леона Станикевска, III одд.

Училиште - ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Ментор: Јадранка Клисарова

 

Втора награда:

Ученик -  Ангела Алексовска, I одд.

Училиште - ООУ „Петар Поп Арсов“ - Богомила

Ментор - Зорица Адамчевска

Втора награда:

Ученик -  Аника Манчевска, III ª одд.

Училиште - ООУ „Владо Тасевски“ - Скопје

Ментор - Жаклина Миланковска

 

Трета награда:

Ученик -  Ана Велјановска, трето III одд.

Училиште  - ООУ „Лирија“ - Тетово

Ментор - Маја Димитровска

 

Трета награда:

Ученик -  Мила Јошевска III одд.

Училиште - ООУ „Владо Тасевски“ - Карпош, Скопје

Ментор - Жаклина Миланковска

 

Б) ВТОРА  КАТЕГОРИЈА ОД IV ДО VI ОДДЕЛЕНИЕ - ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

 

Прва награда :

Ученик-  Марија Ивановска, VI одд.

Училиште- ПООУ „Илинден„ - с. Конопница, Крива Паланка

Ментор - Дијана Илиевска

 

Втора награда :

Ученик -  Ива Петреска, Vв одд.

Училиште - ООУ „Димитар Македонски“ - Аеродром, Скопје

Ментор - Маја Буклеска

 

Трета награда :

Ученик Јована Милковска, Vª одд.

Училиште - ООУ ,,Х.Т.Карпош "- Куманово

МенторЛидија Лазаревска

 

В) ТРЕТА КАТЕГОРИЈА ОД VII ДО IX ОДДЕЛЕНИЕ - ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

 

Прва награда :

Ученик-  Сашка Билбиловска, IX одд.

Училиште - OОУ "М.К.Ататурк" - Гостивар

Ментор - Виолета Танеска

 

 

Втора награда :

Ученик - Миа Несторова, VIII¹  одд.

Училиште - ООУ ,,Васил Главинов“- Велес  

Ментор - Василка Палитова

 

Трета награда :

Ученик - Лео Миновски VIII² одд.

Училиште - ООУ „Круме Кепески“ - Кисела Вода, Скопје

Ментор - Татјана Пеливанова

 

Трета награда :

Ученик – Бајрамша Амедова, VII² одд.

Училиште - ООУ „Славчо Стојменски“ - Виница

МенторМиланка Стојанова

 

Г) ЧЕТВРТА КАТЕГОРИЈА - СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

                  

Прва награда :

Ученик-  Бојана Јованчева, IV година

Училиште - СОУ "Љупчо Сантов"- Кочани

Ментор – Александар Димитров

 

Втора награда :

Ученик – Анастасија Анѓеловска, IV¹¹ година

Училиште – СОУ Гимназија ,,Гоце Делчев“- Куманово

Ментор – Ана Трајковска

 

Трета награда :

Ученик – Анастасија Малеска  III година

Училиште - СОУ „Нико Нестор“ - Струга

МенторСилвана Мацевска

За доставување на наградите – дипломите на ученици, ментори и училишта, добитниците дополнително ќе бидат известени по писмен пат, по создавање на поволни околности.

Април, 2022 година                                    Од Сојузот на просветните работници

  С к о п ј е                                                      на Република Северна Македонија

                                                                              Претседател,

                                                                                Лидија Николовска-Георгиевска


И З В Е С Т У В А Њ Е

За добитници на признанието    

Просветен работник на годината за учебната 2020/2021 година 



Врз основа на одредбите на Статутот  на Сојузот на просветните работници на Република Северна  Македонија, Претседателството на Сојузот, на ден 20.09.2021 година ја донесе следната одлука : 

  

  I. Признанието Просветен работник на годината за учебната  2020/2021 година се доделува на  следните просветни работници:

  а) категорија одделенска настава:

  - м-р Весна Недановска, одделенски наставник од ООУ “11 Октомври” – Скопје и

- Анета Велкоска, одделенски наставник од ООУ “Брраќа Миладиновци” Скопје,

           б) категорија предметна настава

 - м-р Виолета Панев, професор по англиски јазик од ООУ “Владо Тасевски”, Скопје   и

            - Лариса Жулина Митовски, професор по музичко образование од ООУ“Јоаким  Крчоски” - Крива  Паланка; 

-  м-р Стојан  Манолев професор по физика од СОУ “Гоце Делчев” – Валандово; 


               а) средно образование

   - Валентина Костовска – Дамчевска училишен педагог од  ДСМУ  “Др. Панче Караѓозов” – Скопје

 б ) од предучилишно образование

    -  Елизабета Симоновска, педагог во ОЈУДГ “Астибо” – Штип.


II. Признание за конкретни достигнувања  во воспитно -образовниот процес за учебната 2020/2021 година 

Со оглед на специфичноста на перидот во кој се наоѓаме предизвикан од пандемијата од ковид-19, а ценејќи го ангажманот на сите кандидати, на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија, со цел да бидат на соодветен начин  наградени и кандидатите кои не добиваат Признание за просветен работник на годината, а согласно нивните приложени професионални референци, Сојузот на просветните работници на РС Македонија,  додели  и две   (2 ) дополнителни Признанија  за конкретни достигнувања во воспитно-образовниот процес, на кандидатите за учебната 2020/2021 година :

     Од  основно образование- одделенска настава

1.Весна Гагалоска, од ООУ “Тодор Ангелевски” – Битола , наставник по одделенска настава, за остварени резултати во менторство на учениците во натпревари на сите можни нивоа( општинско, регионално, државно и меѓународно ниво) во основно образование и 

2. Хилда Димитиревска, од ООУ “Крсте Мисирков” – Куманово, наставник по одделенска настава, за учество на едукативни семинари и добиени сертификати и дисеминации во основно образование. 


Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија   во рамки на Сојузот,  по извршено вреднување во приоритет на поднесените прилози од учесниците пријавени по Конкурсот распишан од ден 16.06.2021 година, каде сите просветни работници беа известени за отпочнување на постапката за прогласување на  Просветен работник на годината за учебната 2020/2021 година, објавено на веб страница на Сојузот и  според Правилникот за доделување на награди , признанија и  пофалници на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија.


 За дополнителни информации контакт лице  :

Лидија Н.Георгиевска тел. 078-835-500 e-mail : sojuznaprosvetnirabotnici@gmail.com 


20, септември,  2021 г.

С к о п ј е


                                                                                                                      Сојуз на просветни работници  

                                                                                                                   на Република Северна Македонија                                                                                                                     

                                                                                                                                       Претседател,

                                                                                                                    Лидија Николовска-Георгиевска


ВРАЧУВАЊЕ НА ПРИЗНАНИЕ НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ 

ЗА УЧЕБНАТА 2019/20 ГОДИНА

 

  На  15.10.2020 година , во Клуб на Пратеници во Скопје, се теализира настан на кој се врачи признанието   Просветен работник за учебната 2019-20 година на следниве просветни  работници: во категодија средно образование- Штефица  Ујчиќ, проф. по физика во СОУ Гимназија „Гоце Делчев”, Куманово  и м-р Марјан Радески, проф. за географија во ОУТУ „Ванчо Питошески”-Охрид; Добри Јовевски, проф. за одделенска настава во ООУ „Илинден”- Крива Паланка во  категорија основно образование-одделенска настава и м-р Маринела Бошева, педагог во ЈУДГ „Детска радост”,  Скопје - категорија  предучилишно образование.

  Оваа признание,  Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, традиционално го доделува  на истакнати просветни работници  за континуирана работа во воспитно-образовниот процес и унапредување на дејноста.

  Настанот  е реализиран со подршка и врачување на признанијата на  просветните работници од страна на Министерката за образование и наукана Република Северна Македонија, Мила Царовска.

  За посебен придонес во реализација на програмските активности на Сојузот, доделени се и благодарници на  подржувачите, донаторите   и членови на Сојузот кои имаат посебен   придонес во  реализација на планираните активности на Сојузот.

  Сојузот на просветните работници на Р.С. Македонија искажува голема благодарност на Министерката на образование и наука Мила Царовска за подршката во реализација на оваа програмаската активност на Сојузот, особено во овие тешки мигови,   предизвикани од пандемијата на Ковид-19.

И З В Е С Т У В А Њ Е

За добитници на признанието

Просветен работник на годината за учебната 2019/20 година

 

Врз основа на одредбите на Статутот  на Сојузот на просветните работници на Република Северна  Македонија,  Претседателството Сојузот, на дена  11.09.2020 година (петок) во Скопје,  одржа седница  на која ја  донесе  следната одлука:

 Признанието Просветен работник на годината за учебната  2019/2020 година се доделува на  следните просветни работници:

1. м – р Маринела Бошева, педагог во ЈУДГ „Детска радост”, Општина Гази Баба –  Скопје,  во категорија  предучилишно образование;

2. Добри Јовевски, проф. за одделенска настава во ООУ „Илинден” – Крива Паланка, категорија основно образование-одделенска настава;

3. Штефица  Ујчиќ, проф. по физика во СОУ Гимназија „Гоце Делчев” – Куманово  во категорија средно образование и

4. м – р Марјан Радески, проф. за географија во ОУТУ „Ванчо Питошески” – Охрид во категорија средно образование.

Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија   во рамки на Сојузот,  по извршено вреднување во приоритет поднесените прилози од учесниците пријавени по Постапката (Соопштението) за Просветен работник на годината за учеб. 2019/2020 година, објавено во дневните весници „Вечер” (на македонски јазик) и „Коха”(на албански јазик) во интервал за пријавување од 7 (седум) дена и Правилникот за доделување на награди , признанија и  пофалници .


11 септември 2020, Скопје

Сојуз на просветни работници на Република Северна Македонија,

Претседател Лидија Николовска - Георгиевска

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ  ДЕН НА УЧИТЕЛОТ 

На 5 Октомври 2020 година, на Градскиот плоштад во Скопје, представници од Председателството на Сојузот на просветни работници на Република Северна Македонија, присуствуваа на настанот-почеток на кампањата „Наставниците се важни - Учиме од вас. Ви благодариме!“ во организација на  Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ.  Инсталација  со училишни ранци – големо срце, имаше симболичко значење за да  се оддаде признание и покаже благодарност на наставниците, за клучната улога што ја имаат во обезбедување на квалитетно образование и поддршка на децата при развивање и  манифестирање  на нивните потенцијали.


Известување

            

Претседателот на Комисијата за пофалби, награди, признанија и дипломи на СПР на РСМ Ве известува дека Известувањето за постапката за прогласување Просветен работник на годината за учеб.2019/20 година е објавено во дневните весници „Коха”  (14 јули 2020) и „Вечер” (16 јули 2020)

Ви благодарам на разбирањето.

                                                                                                                     Со најголема почит,

                                                                                                                            Р. Лозаноски



И  З  В   Е   С  Т  У  В   А   Њ   Е

            

На основа чл. 27  став 9 од Статутот за работа на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија и по предлог на Записникот од електронска консултација на  Комисијата за доделување на награди и пофалници, Претседателството на истиот Сојуз, на 31 мај, 2020 година,  по електронски пат   одржа состанок и  ја донесе следнава

 О   Д   Л   У   К   А

 

 За  доделување на награди на литературни творби од учениците – учесници на Конкурсот  под наслов  Кирил и Методиј – наши први учители, по повод 24 Мај – Денот на просветните работници, објавен на веб страницата на Сојузот на 12 мај 2020 година  во интервал од 10 дена.

Пристигнатите, над  100 литературни творби во Сојузот,  класифицирани се  во три категории  и тоа:

А) КАТЕГОРИЈА ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА – ОСНОВНО

Б) КАТЕГОРИЈА ПРЕДМЕТНА НАСТАВА – ОСНОВНО

В) КАТЕГОРИЈА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ.

            По  вреднувње на литературните творби, Сојузот додели  награда на 14 творби од кои 5  се  пофалени и тоа на следните ученици:

 

А. КАТЕГОРИЈАТА ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА – ОСНОВНО

            Прва награда:

-        Ангела Ангелеска, уч. IV a оддeление во ООУ,,Елпида Караманди”- Битола,

-        ментор Гордана Угриновска.

 

            Втора награда:

-        Анастасија Волческа, уч. III одделение ООУ ,,Мирче Ацев”, с. Лажани – Прилепско,

-        ментор Николина Настеска.

 

            Трета награда:

-        Гораст Ѓоревски, уч. IV в одделение ООУ ,,Мирче Ацев” – Скопје,

-        ментор Снежа Ѓорѓиева.

 

            Пофалени две ученички, и тоа:

-        Лина Миленковска, уч. V а одделение ООУ ,,Христијан Карпош” – Куманово,

-        ментор Маја Мирчевска и

-        Касија Георгиева, уч. III а одделение ООУ ,,Невена Георгиева – Дуња” – Скопје,

-        ментор Тања Калинска

 

Б. КАТЕГОРИЈАТА ПРЕДМЕТНА НАСТАВА – ОСНОВНО:

            Прва награда:

-        Нина Ламева, уч. VII a одделение ООУ ,,Браќа Миладиновци” – Скопје,

-        ментор Сунчица Петрева.

 

            Втората награда ја делат две ученички:

-        Михаела Маџевска, уч. VI а одделение ООУ ,,Блаже Конески” – Скопје,

-        ментор Тања Јанкуловска и

-        Миа Јордановска, уч.VII а одделение ООУ ,,Крсте Мисирков” – Куманово,

-        ментор Сузана Цветковиќ.

 

            Трета награда:

-        Јована Лазаревска, уч. VIII 2 одделение ООУ,,Толи Зурдумис” – Куманово,

-        ментор м – р Наташа Пешевска.

 

            Пофалени две ученички, и тоа:

-        Матеја Талеска, уч. VIII 3 одделение ООУ ,,Кузман Шапкарев”, н. Драчево – Скопје,

-        ментор Анета Јумбрукова – Алексова и

-        Софија Алачкоска, уч. IX одделение ООУ ,,Кочо Рацин” – Охрид,

-        ментор Фила Вероска – Стојковска.

 

В)  КАТЕГОРИЈАТА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ:

            Прва награда:

-        Габриела Костевска, уч. I 5 клас СОУ ,,Богданци” – Богданци,

-        ментор Верица Ризовска.

 

            Втора награда:

-        Никола Трендафилов, уч. II 4 клас СОУ Гимазија ,,Кочо Рацин” – Велес,

-        ментор Александра Стојковска.

 

            Трета награда:

-        Јана Глигороска, уч. II 6 клас  СУГС ,,Раде Јовчевски – Корчагин” – Скопје,

-        ментор Татјана Алексиќ.

 

За  доставување на наградите – дипломи  на ученици, ментори и училишта, добитниците  дополнително ќе бидат  известени  по писмен пат,   по создавање на поволни околности.

 

 

 

 

Претседател  на Сојузот 

Лидија Николовска – Георгиевска

 


 



Објава на 11.07.2019

Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, според зацртаните годишни активности предвидени со Програмата за работа и според Одлуката на Претседателството, донесена 8 јули 2019 година  го издава следново

И  З  В  Е  С  Т  У  В  А  Њ  Е

Се известуваат сите заинтересирани просветни работници  дека Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија ја започнува постапката за прогласување Просветен работник на годината за учебната 2018/2019 г.

Секој којшто сака да учествува во оваа постапка, според член 5 од Правилникот за доделување на признанија, пофалби и награди, треба да биде предложен од некое здружение на општинско или на регионално ниво; од соодветниот актив; од стручни тела на установата каде работи, а може да се предложи и самоиницијативно. 

Според член 16 од истиот Правилник, кандидатите треба  да ги исполнуваат следниве критериуми:

 

-       да има завршено соодветно образование според законот, согласно дејноста;

-       да има подолг временски период (најмалку 15 години) поминат во воспитано – образовната дејност;

-       да има остварени резултати во воспитно–образовната дејност со децата, учениците, родителите и општествената средина на живеење;

-       да остварува резултати во дополнителната и додатната настава;

-       да има остварени резултати во слободните активности со децата,  учениците (освоени дипломи, признанија, пофалници, благодарници и сл.);

-       да зема учество во јавната и културна дејност на установата;

-       да има учествувано на ученички натпревари во знаење и освоени награди (општински, регионални, државни и меѓународни), што е еден од најосновните услови;

-       да учествува во реализација на проекти, едукативни семинари и добиени сертификати;

-       да зема активно учество на стручни расправи, симпозиуми, манифестации, научни собири, конгреси, одбележувања и сл., кои се од поширока воспитно–образовна дејност;

-       да зема учество во изработување учебници, прирачици и со свои стручни прилози да соработува во стручниот печат;

-       да е активен член во установата каде работи и да членува во некои форуми на општествената средина и пошироко и 

-       при изборот на Просветен работник на годината, при ист број на бодови  приоритет ќе има кандидатот којшто е предложен  од установата каде работи и којшто  има добиено Признание  Просветен работник на годината  на општина, регион или установа во која работи во изминатите години (не тековната година).

 

Засекој поставен критериум кандидатот треба да докаже документовано.

Потенцираме дека секој доставен прилог ќе биде вреднуван според нотираните критериуми дадени во Правилникот.

Кандидатот што ќе го добие признанието Просветен работник на годината ќе треба да уплати 500,00 ден. како котизација на ж–сметка: 300000000754696, Комерцијална банка – Скопје, со назнака за котизација, односно за манипулативни трошоци.

Посебно напоменуваме дека прилозите на учесник којшто истата година добил такво признание на ниво на град (здружение), регион или општина нема да бидат земени предвид за вреднување.

Пријавите со сите потребни документи (прилози), заинтересираните можат да ги достават (посредно или непосредно) во рок од 7 дена, сметано со денот на објавувањето на Известувањето во печатен медиум, на адреса: Сојуз на просветните работници на Република Северна Македонија ул. ,,1” број 66, н. Долно Лисиче, Општина Аеродром – Скопје. Тел. за контакт: 075 / 414 – 858; 078/645-500.

 

 

Јули 2019 г.

С к о п ј е

 

Од Сојузот на просветните работници

на Република Северна Македонија

Претседател.

 

Лидија Николовска-Георгиевска



  Lidhja e  Punonjësve Arsimor të Republikës të Maqedonisë së Veriut, sipas aktiviteteve të planifikuara vjetore të parapara me Programin e punës dhe Vendimin e Kryesisë, të miratuar më 8 korrik 2019 lëshon këtë

L A J M Ë R I M


Lajmërohen të gjithë punonjësit të interesuar arsimor se Lidhja e Punonjësve Arsimor të Republikës së Maqedonisë  së  Veriut po fillon procedurën për shpalljen e Punëtorit arsimor të vitit ,për vitin akademik 2018/2019

Secili që dëshiron të marrë pjesë në këtë procedurë, sipas nenit 5 të Rregullores për dhënien e mirënjohjeve, lavdërimeve dhe shpërblimeve, duhet të  jetë i propozuar nga një shoqatë në nivelin komunal ose rajonal; nga aktivi përkatës; nga organet e udhëheqjes  të institucionit ku ai punon dhe mund të sugjerohet dhe me vetëiniciativë  

Sipas nenit 16 të  Rregullores, kandidatët duhet të plotësojnë kriteret e mëposhtme:


- të ketë kryer arsimin e duhur sipas ligjit, në përputhje me veprimtarinë;

- të ketë një periudhë më të gjatë kohore (të paktën 15 vjet) të kalur në procesin edukativo - arsimor;

- të kenë arritur rezultate në aktivitetin  edukativo - arsimor me fëmijët, nxënësit, prindërit dhe ambientin shoqeror të jetesës;

 te  kenë  arritur rezultate në mësimdhënien plotësuese dhe shtuese;

- të ketë arritur rezultate në aktivitete të lira me fëmijë, nxënës 

 (çmime të fituara  diploma, certifikata, mirënjohje, certifikata vlerësimi etj);

- të ketë marrë pjesë në aktivitetet publike dhe kulturore të institucionit;

- të ketë marrë pjesë në garat e nxënësve  për  njohuri dhe  çmime të fituara (komunale, rajonale, shtetërore dhe ndërkombëtare), që është një nga kushtet më themelore;

- të ketë  marrë pjesë në realizimin e projekteve, seminareve arsimore dhe certifikata të fituara;

- të ketë marrë pjesë aktive në debate ekspertësh, simpoziume, manifestime, tubime shkencore ,kongrese nga lëmia e aktivitetit edukativo –arsimor;

- të ketë marrë pjesë në përgatitjen e teksteve shkollore, doracakëve dhe me vet kontributin profesional  të bashkëpunuar me shtypin profesional;

- të jetë  anëtar aktiv i institucionit ku ai punon dhe të jetë anëtar në disa forume të mjedisit shoqeror dhe më gjerë dhe

- në përzgjedhjen e  Punëtor arsimor i vitit, me  numër të njejtë  pikash,prioritet do të ketë kandidati i cili është propozuar nga institucioni ku ai është duke punuar dhe i cili ka të fituar Mirënjohje Punëtor  arsimor  i vitit të një komune, regjioni ose institucioni në të cilin ka punuar vitet e fundit (jo vitin aktual) .



Per secilin kriter të vendosur  kandidati duhet të dëshmojë  me dokument.

Theksojmë se çdo kontribut i paraqitur do të vlerësohet sipas kritereve të dhëna  në Rregulloren.

Kandidati që do të fitojë mirenjohjen  Punëtor  arsimor i vitit duhet të paguajë 500,00 den. si kuotizacion në xhiro-llogarinë: 300000000754696, Komercijalna Banka - Shkup, me  cekje/destinim për kuotizacion, respektivisht për  shpenzimet manipuluese.

Në veçanti   theksojmë që kontributet e pjesëmarrësit, i cili ka fituar mirenjohje në të njëjtin vit në nivel të qytetit (shoqatës), rajonit ose komunës, nuk do të merret parasysh për vlerësim.

Te  interesuararit mund të dorëzojnë aplikimet me të gjitha dokumentet e nevojshme (direkt ose indirekt) brenda 7 ditëve, duke llogaritur nga data e publikimit të njoftimit në një medium të shtypur, në adresën: Lidhja  Punonjësve  Arsimor të Republikës të Maqedonisë së Veriut, rr. "1" numri 66, f. Dolno Lisice, Komuna e Aerodromit - Shkup. Tel. Kontakt:  075/ 414- 858; 078/645-500



Korrik  2019.

   Sh k u p  Nga  Lidhja e  Punonjësve Arsimor të Republikës të Maqedonisë së Veriut


Kryetar,

Lidija Nikollovska-Gеоrgiеvskа



 

С О О П Ш Т Е Н И Е


И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Почитувани,

Ве известуваме дека,  поради службената ангажираност на претставниците од Министерство за образование и наука  надвор од  земјата, 

трибината се презакажува за  следниот ден -недела, 19 мај 2019 година

  со почеток во 11  часот на истата локација.

 

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство поради изготвување на 

ПОТВРДИ за присуство и учество најдоцна до четврток.

 

Ви благодариме на разбирањето и соработката,

 Во прилог Ви ја исраќаме и АГЕНДАТА за трибината.

 Со почит,

Сојуз на просветни Работници на РСМакедонија

Претседател,

Лидија Николовска-Георгиевска


А Г Е Н Д А

10:30 – 11:00ч.  Регистрација на учесници

11:00 ч.-- Отворање на трибината- Претседател на Сојузот на просветни работници         

 на Р.С. Македонија,  Лидија Николовска- Георгиевска

11:10 ч. -Поздравно обраќање на  Заменик   министерот за образование и наука

проф. д-р Петар Атанасов

 

Работен дел:

11:20-12;30 ч.- Изнесување на согледувањата од практиката на членовите на              

претстедателството на Сојузот  

12:30 – 13:00 ч.-Презентрирање  на можни решенија од страна  на  МОН во однос 

                  на искажаните видувања, мислења и сугестии за темата 

на трибината

13:00-13:15ч. - Пауза 

13:15-14:00 ч.  -Дискусија 

14:00 ч. - Заклучоци од трибината и подигање на ПОТВРДИ за присуство и учество 

на трибината.

14:15ч.- Коктел


Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија во соработка со Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

Организира ТРИБИНА на тема:

РЕФОРМИТЕ ВО ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА 

 ВИДУВАЊА, МИСЛЕЊА И СУГЕСТИИ

Воведно излагање на трибината ќе даде 

Заменик министерот за образование и наука

проф. д-р Петар Атанасов

ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА НА:

18 мај 2019 година (сабота)  со почеток во 10 часот

Локација: простории на угостителски дуќан Infinity, ул.„Мариовска“ бр.21- Скопје 

(во близина на Томи-тобако, околу 150 м. кон Теферич, Кисела Вода)

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО 

Задолжително пријавување поради ограничен простор,

Пријавата можете да ја најдете на крајот од оваа страна

најдоцна до 16 мај, 12:00 часот

За поблиски информации и пријавување на:

075 414 858  или 078 835 500

sojuznaprosvetnirabotnici@gmail.com

Благодариме за соработка.

СОЈУЗ НА ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ НА Р С МАКЕДОНИЈА


СЛЕДЕТЕ НЕ НА WEB

www.sites.google.com/view/sojuzprosvetni