Предучилишното воспитание и образование е составен дел, потсистем во рамки на глобалниот воспитно-образовен систем. Овој период од развојот на децата има огромно значење и улога за понатамошниот развој од причина што: предучилишната возраст е време на релативно брз, интензивен и сестран развој, односно период кога се формираат основите за развој на целокупната личност, при тоа почитувајќи ги индивидуалните карактеристики на децата.
Подолу ќе пронајдете и низа на активности кои даваат можност за игра, учење, креативно изразување и најважно од сè, убаво и квалитетно поминато време меѓу Вас и Вашите деца.