Образовни материјали

Драги Корисници,

Веб-страницата „МАТЕРИЈАЛИ ЗА НАС“ е посветена за наставници и ученици од основно и средно образование со цел продолжување на формалната едукација за учениците по прекинот на воспитно-образовниот процес поради ширењето на коронавирусот КОВИД-19. Поради епидемијата од коронавирусот и тешката состојба за учениците да не ја изгубат годината, група наставници собираа материјали од различни, но проверени извори, свои колеги и интернет, правејќи база. Дигиталното образование е единствената опција, па поставените материјали испратени од наставници од цела Македонија ќе помогнат за зголемување на квалитет на образованието.

На веб-страницата континуирано ќе се објавуваат презентации, квизови за ученици, видео предавања од наставници и задачи за предметите кои се користат на часовите и дома.

Ќе ни биде драго доколку се вклучат и останати наставници и ни испраќаат материјали кои ќе бидат поставени тука и ќе им послужат на останатите колеги. Веб-страницата ќе биде од помош на сите наставници во зависност од тоа колку задачи ќе ни бидат испратени. Материјалите се изворно пренесени од наставниците и доколку има грешки во истите се оградуваме како веб-страница. Доколку некој се најде засегнат од тоа што ќе си го препознае материјалот како свој и му благодариме и му се извинуваме.

Материјалите ги очекуваме на следната адреса: materijalizanas@gmail.com, одделение/година, предмет и наставна единица. Ги покануваме сите кои сакаат да учествуваат да контактираат со администраторот.

Целта е да си помогнеме самите себе си!