Секое дете или младинец со посебни образовни потреби има свои специфичности, односно лични, индивидуални карактеристики што го прават еден и единствен.
Секој ученик, со или без потешкотии во учењето, има свој стил на учење.
Некои ученици најдобро учат преку гледање или читање, други со слушање, а некои пак со движење.