Post date: May 02, 2013 5:53:55 AM
~ 06.05.2010 ● Воскреснува комбинатот Југохром ● Тетекс во финале од фудбалскиот Куп на Македонија ● Тетово единствен преставник на Македонија во Пекинг ...
Д’ншњи Тетосќи Новине - Тетоо, 06.05.2010
Стариот Силмак (претходно Југохром) од вчера на полноќ проработи но под ново име Метал Инвест ЕФТ кој го купи поголемиот дел од комбинатот од Јегуновце и ги рестартира печките. Новите газди засега пуштија 2 печки во погон и вработија 250 од поранешните работници, но наскоро се очекува уште повеќе. Леб јадат од овој комбинат многу тетовски фамилии. Југохром назад на голема врата...
Фудбалската екипа на Тетекс ќе игра во годинешното финале на Купот на Македонија во фудбал против Работнички. Ова е исходот после вчерашното полуфинале каде Тетексго ‘тепаше’ ФК Скопје, по што навивачката група Војводи масовно славеше по Тетовските улици цела вечер. Тоа требаше да се види у живо (нарочито пред ‘Амнезија’)... Со успехот над Работнички Тетекс се пласира за Европските купови и меѓународна сцена. Тоа би бил најголем успех на овој клуб од формирањето во 1953. Само треба да се прегази Работнички и Евопа е наша;) И наш Тетекс се враќа на голема врата...
Уште една тазе вест: Тетово ќе биде единствената општина во Република Македонија која ќе има свој учесник во работата на едномесечниот меѓународен семинар во Пекинг - Народна Република Кина.
(с) Дарко Гавровски