Првата песна за Тетово која е на Тетовски Дијалект: ЈА ГО ЉУБИМ ТЕТОО
Многу песње има Тетоо. Тија са едни од најубаајте страоградсќи у цела Македонија. Ама нема ниедна досега у која ќе се спомиња Тетоо и је посветена баш на овја град, а ќе биде на Тетосќи дијалект и ќе остане да се пое со године.
Ја седнав и напраев таква песма. Се спомињаа и старите маала, и капиџици, јабуќе, дејчиња, па диљми и Тава Гра. Га напраев на Тетосќи дијалект за никој осим Тетовчани да неможа да га разбера. Тајно и шифровано ;) Ако незнаа - нека науча. Бш на Тетовсќи со многу стари лафоој. Песмата је баш кафанска и остануе у уше. Иде со виолина и тамбура.
Има и датум когај је родена и когај га допраев: 26.септември 2010. Сега га пуштам и јавно. На 19. ноември 2010. поклон за Тетовчани и мое Тетоо. Да се знае од кј смо кој ќе се пое по свадбе, у плачење кој ќе се иде на гурбет, или кој ќе се враќаа Тетовчани назад од далек пут...
Кој га чу досега или рече сл’зе му потекоја или морнице му пројдоја. Праена је со многу мерак и ќејф. Ама баш од све-срце....
Пуштена на денот на Роѓенданот на Тетоо - 19.ноември 2010, како најголем поклон од мене за моето Тетоо - најубоо на свет.
ЈА ГО ЉУБИМ ТЕТОО
Ја го љубим Тетоо, туе ми је срцево,
Когај ја сум Тетоо - на душава убоо,
Ја го љубим Тетоо.
Ја од ‘Саат Маало’*), Ти од ‘Поток Маало’*),
Ама, чим ми даде ишарет1), ја ќе дојдем навечер,
Да ти поем дејче подпенџер.
Низ капиџик побегни, на ќушето дојдими
Очи ја да исплакнем, многу да те исцунем2),
Да ми пројде мерак за тебе.
На пазар ќе идем ја, право ‘Горна Чаршија’*),
Да ти купим кадифе, турско злато прстењче,
Да те верим тебе за мене.
Низ ‘Два Бреста’*) рашетав, малу накај ‘Певчина’*),
По бавчете јабуќе, на чардаци сардуње3),
Теферич4) си праевте.
У петок ќе дојдем ја, да ми праеш Тава Гра,
Една тава – два сомуна5), Горко кафе – слатко од дуња,
Како Паша да ме пречекаш.
Најубаај дејчиња има само овдека,
Алалије6) на руќете, црвенило на бузете7),
Дотерани ида свегдека8).
Кој го нејќе Тетоо, да пукне од к‘сканлок9),
За еден Стамбол – два Солуна, не го даам Тетоо,
Ја го љубим Тетоо...
Ја го љубим мое Тетоо...
*) Назив на старо Тетовско маало;
1) Ишарет - знак даден со очите, намигнување;
2) Исцунем - избакнам. Цунуење = Бакнување, Целување;
3) Сардуње - Сардела, вид саксиско цвеќе;
4) Теферич - Уживање на отворено, излет;
5) Сомун - Погача леб;
6) Алалије - алки, украс за на раце;
7) Бузе - усни;
8) Свегдека - секаде;
9) К‘сканлок - љубомора, завист.
Автор, текст, музика и изведба: Дарко Гавровски - Гавро
Аранжнам: Гоце Симоноски и Јован Василевски
Снимено во студио на Гоце Симоноски: ‘Супернова’ - Тетово
Виолина: Глигор Кондовски
Времетраење: 03:21
Датум на пуштање: за роденденот на Тетово, 19.11.2010
Слободно преземи ја (данлодирај ја) песната со кликнување на следниов линк:
Акордите се истите за секоја строфа, како и во првава:
Почеток: Gm
E||----------------------|-----------------------|
B||-------3---------3---|------3---------3-----|
G||-------3---------3---|------3---------3-----|
D||----------------------|-----------------------|
A||------------5---------|------------5---------|
E||--3-------------------|--3-------------------|
Gm F A#
Ја го љубим Тетоо, туе ми је срцево,
Cm Gm
Когај ја сум Тетоо - на душава убоо,
D
Ја го љубим Тетоо.