Подолу е прво листстата на песните по азбучен ред, а посебно потоа е издвоен дел за песната Благуњо Дејче која е најчесто изведуваната тетовска песна и заслужува посебен дел со приказ на повеќе разни изведби.
Слушај и уживај !
Десно по азбучен ред се подредени и можете да ги преслушате Тетовските Страоградски песни. Некои од нив се препеани од различни изведувачи при што во таков случај подредени се хронолошки.
Ова е најпрепеаната Тетовска песна воопшто и затоа е издвоена во посебен приказ. Создадена е 1910-тите и веднаш се проширила меѓу народот.До денес ја има во многу варијанти каде дури и името најчесто грешбно е сменето во БлагуНа место БлагуЊа (особено од српски изведувачи). Најправилна изведна и најточен тетовски изговор има сепак варијантата на група Серенада од 1986 година.
Таа е и првата Тетовска песна снимена на носач на звук: уште 1920-те на ЛП Плоча ја става хармоникашот Бора Јаниќ- Шапчанин, а во 1942 на својата ЛП плоча ја става и тогаш најпознатиот југословенски изведувач Едо Љубиќ (и двете варијанти може да ги преслушате подолу).
Од тогаш до денес е најпозната тетовска песна која е препеана од Есма, Цуне, Селимова-Желчески, Сузана Спасоска, Наум Петрески па се до Лепа Брена и Амедеус Бенд.
Преслушај ги na You Tube и најновите варијантите на ‘Благуњо Дејче’ испеана овде од најразлични пеачи и во најразлични варијани:
Македонски изведувачи на ‘Благуњо Дејче’:
Српски изведувачи на ‘Благуњо Дејче’:
Нови варијанти на ‘Благуњо Дејче’: