Post date: Apr 11, 2013 6:14:16 PM
26.04.2009 ~ Свечена промоција на најновото енциклопедиско издание за историјата на Тетово - ‘Тетовски Древности’.
Свечена промоција на најновото енциклопедиско издание за историјата на Тетово - ‘Тетовски Древности’.На промоцијата промотори ќе бидат рецензентот на книгата и кустос во Музеј на Македонија - Др. Драгиша Здравкоски, видни Тетовчани кои придонеле за овој град, ќе настапи Градскиот женски хор под диригентска палка на Мр. Ивица Зориќ, и група која ќе изведува Тетовски староградски песни.
Воедно ќе се промовира и најновиот портал посветен само и единствено на Тетово и тетовско: www.gavro.com.mk
Книгата која инаку е 800 денари од денес па се до 26.април, а и на самиот настан ќе се продава по намалена промотивната цена од само 600 денари.
Промоцијата на книгата ќе се одвива во амбиентот на тетовскиот ноќен клуб ‘Бугати’, а поканети се сите оние кои навистина ‘Го љуба Тетоо’.
Недела, 26.април 2009 / 19:00 / Бугати / Тетово