Post date: May 02, 2013 5:56:5 AM
~ 20.05.2010 ● 1 година од овој веб портал ● Духовден у Тетово ● Планинарски марш на Титов Врв ● Спектакуларен концерт на Балетското Студио ‘Менада‘ ● Нови работни места за Тетовчани ...
Д’ншњи Тетосќи Новине - Тетоо, 20.мај 2010
Што ќе се случува наредниов празничен викенд у Тетово:
Најпрво - На 20 мај 2009 отпочна со работа овој веб портал наречен ‘Тајните на Тетово’ - со најбогати информације за историјата, ама и за актуелното и иднината на Тетово.
Досега има точно 16.548 посети на 7632 различни читатели од 42 различни држави (иселеници од САД, Канада, Германија, Србија...). Портал со проекти како: Избор на најдобар локал у Тетово, Тетово 2014, Празничните адети, Работа за Тетовчани... Проект праен од срце, а само за моето Тетоо
Утре е петок пред Духовден и затоа е неработен. Дали знаете зошто се празнуе и како се празнуе у Тетово.
Еден од најмасовните планинарски маршеви во Македонија со многу гости од странство / Во организација на ПК Љуботен / тргнуење у субота у 08:00 - враќање у недеља
У Субота на 22.мај 2010 во Домот на Култура со почеток во 20:00 ч. Балетското студио Менада го организира својот традиционален годишен концерт. Нема сумња дека ќе биде бомбастично како и досега. Карти можат да се купат во бутикот Тара и во Балетското Студио. Нешто за што се збори уште длго од кој ќе заврши...
Више реакција од над 30 вработени кои ми пишуа дека нашле работа преку акцијата ‘Работа само за Тетовчани’. Аплицирај на многуте нови слободни работни места у Тетово... Нови огласи од Инженери до Комерцијалисти...
(с) Дарко Гавровски