Post date: Apr 12, 2013 12:59:37 PM
~ 19.11.2009 ~ Денес е денот на Тетово. Настани за роденденот на мое Тетово.
Денес е најголемиот празник на Тетово, Роденденот на Тетово – 19 ноември (денот на ослободувањетото).
Иако изминатите години градската власт го бојкотираше овој празник, сега тој се враќа на голема врата:
Ден уочи празникот, во среда 18.11.2009 цело Тетово и секој кој вистински го сака мора да биде во Културен Дом каде ќе има огромна манифестација во чест на овој Тетовски роденден: Свечена Академија, легендарниот анамбл Танец, градскиот машки хор, многу пеачи и вистинско славење.
Дом на Култура – Тетово / 18.11.2009 / 19:00 часот / влез бесплатен !
*****
Уште настани како дел на големото славење на роѓенд‘нот на Тетово.
После свечената академија вечерва во 19.00 во културен дом уште и:
На денот на роденденот на мое Тетово - Утре, четврток 19.ноември ќе се отвори изложбата на фотографии ‘Мое Тетово’на членовите на тетовскиот фото-кино клуб ‘Чкрап’ а во организација на Музејот на Тетовскиот Крај. Како го видоа Тетово Шест тетовски фотографи?/...
Повеќе на:
Место на одржување: Музеј на Тетовскиот крај (ул.И.Р.Лола - накај горна чаршија – карши радио Тетово)
Време: 19.11.2009 / 18:30
Влез: Бесплатен
*****
Среќен роѓенд‘н мое Тетоо !