Post date: Feb 01, 2017 12:6:3 PM
~ 01.02.2017 ~ Аеродромот во Тетово, во ново-објавените документи на ЦИА
STORMOVIK - споменуван како најчест тип
воени авиони стациониран на Тетовскиот Аеродром
Но, не верувам дека ги знаат ново-објавените податоци дека тој Аеродром почнал како Воен Аеродром, НАЈМОДЕРЕН НА БАЛКАНОТ (како што се наведува во Документите), со 250 авиони и користен од Советската Армија за можни напади на Грција и Турција!
Овој аеродром се споменува само во документи од 1948 до 1952 и не повеќе. Најверојтно причината за опаѓање на неговата важност се крие токму во тоа што бил користен и опремен од Советската Армија, а по информбирото и нарушување на односите меѓу Југославиај СССР морала да се повлече од овој Аеродром нивната армија. Затоа подоцна е познат само како мал спортски аеродром. Денес, целосно напуштен и уништен за воопшто да не се користи.
Постарите Тетовчани знаат дека кај село Жеровјане, јужно од Тетово имало ‘спортски аеродром’ во 1960-тите кој најчесто бил користен за спортски активности на Аеро-Клубот од Тетово, каде се организирале и падобрански слетови и натпревари.
Пред некој ден напишав сторија за сите ново-објавени документи на ЦИА (централната разузнавачка служба на САД) а се однесуваат на Тетово од 1945-1995 (види го текстот: ОВДЕ)
Помеѓу 65-те документи релевантни за проучување на тетовската историја во овој период, се издвојуваат како посебно интересни оние за ТЕТОВСКИОТ АЕРОДРОМ.
Последно споменување на Тетовскиот Аеродром во овие документио е од 29.08.1952 (СЛИКА 4 ДЕСНО) во кој во детален извештај на 4 страни за спремноста на воздухопловните сили на Југославија, се наведуваа дека дивизијата ‘Стормовик’ е со седиште во Скопје а покрива 7 аеродроми, меѓу кој и Тетово-Југ.
Овој Аеродром се смета за централна база во случај на итна потреба на вклучување на овие авиони во одбрана на јужна Србија и нивни напади на Грција и Турција. Ова е главна база на сите авиони од СССР каде овие авиони товарат нафта и бомби, и на враќање, извршуваат нови напади врз нивни цели.
20.12.1949 – наведува дека во Скопје има скриено депо за нафта од 4500 тони, наменето за Аеродромите во Тетово и Скопје и скопскиот гарнизон.
На 10.02.1951 (СЛИКА 3 ДЕСНО) има повторно опис на Тетовскиот Аеродром посочувајќи дека има 7 ескадрили на борбени авиони и 14 ескадрили на бомбардери. Ова е и последното споменување на Аеродромот во овие документи. Целиот текст преведен:
Тетовскиот Аеродром е преставен на мапата секција ’Софија 21/42’. Има бетонска писта 2000 на 15 м и опрема за ноќно летање. 7 ескадрили на борбени авиони и 14 ескадрили на бомбардери се стационирани на терен. Тие вклучуваат модели: YAK, Stormovik, F-2 и Martin 47.
Модернизиран е и проширен на барање на Советските воени власти. 250 авиони се сместени тука: 10 ескадрили на борбени авиони и 80 ескадрили на бомбардери вклучувајќи модели YAK, Stormovik, Petlyakov и Martin.
Овој Аеродром има метална писта 2000 м. долга и 150 м. широка. Има модерна опрема за комплетни операции за еден најсовремен аеродром: опрема неопходна за ноќно летање па дури и школа за ноќно летање. Овој аеродром е сместен 8 км. на левата страна од патот кој води од Тетово кон Битола, и моментално е целосно видлив од воздух.
Тетовскиот Аеродром е втор по големина (по тој во Скопје) доделен на 3-тиот воздухопловен регимент. Пред скоро време беше завршен: Русите имаат намера тој да биде најмодерен Аеродрм на целиот Балкански Полуостров, кој мора да биде користен од Руските Воздухопловни Сили.
Тетовски Аеродром - Градењето на голем аеродром беше неодамна завршено во јужна Србија. Се вика Аеродром Тетово, и може да се смета за најмодерен на цел Балкански Полуостров. Има бетонска писта 2500 м. долга и 150 м. широка и има модерни инсталации. Аеродромот е лоциран 8 км од Тетово на левата страна од патот од Тетово за Битола. Градбата на овој аеродром беше изведена на барање на Советските власти и под супервизија на Советски експерти. Околу 230 нови типови на борбени авиони и средни бомбардери од Советско производство, се моментално распоредени на Аеродромот.
На 20.12.1948 (СЛИКА 2 ДЕСНО) во голема анализа на Воздухопловните сили на Југославија (на 13 страници), стои дека во Скопје 3-тиот воздушен регимент со 3 аеродроми во Скопје, Тетово и Куманово. Во Тетово: во моментот 250 авиони, и скоро завршен со намера од Русите да биде централна база на Балканот, за напади на Грција и Турција ! Целиот текст преведен:
Првпат во документи на ЦИА се споменува на 19.07.1948 (СЛИКА 1 ДЕСНО) во извештај од 1 страница насловен ‘Аеродромите во Тетово и Врбаско’ во кој се наведува дека е скоро завршен и може да се смета за НАЈМОДЕРЕН на БАЛКАНОТ. Во тој момент има 230 авиони. Целиот текст преведен:
При цитирање на текстов да се наведе извор: Дарко Гавровски / портал 'Тајните на Тетово' / gavro.com.mk