Post date: May 29, 2018 11:10:49 AM
Тетово во Аскона
На 29.мај 1979 година во Швајцарскиот град АСКОНА се одржа 15-тата едиција (етапа 1, тема 'Циркус') на 'Игри без Граници' на кои учествуваа натпреварувачи од градови од 8 држави (Швајцарира, Велика Британија, Италија, Португалија, Германија, Белгија, Франција и Југославија).
Југославија беше преставувано од натпреварувачи во Тетово.
На ова натпреварување Југаславија има учествувано 6 пати (1978-1982, 1990) најчесто со натпреварувачите облечени во Бела или Беж боја, во 1979 година (етапа 1) како преставник од Југославија беше одбрано да биде ТЕТОВО со своите натпреварувачи. Од Македонија во историјата на игрите учествувале само неколку други градови (Гостивар и Велес во 1980, Битола 1981 и Скопје 1990).
'Игри без граници' беше големо телевизиско шоу под покровителство на Евровизија,а кое траеше од 1965 до 1999 година (некогаш со прекини) и одржани се 30 едиции.Во него учествуваа натпреварувачи од различни земји кои се натпреваруваа во интересни и смешни игри.
Преставник на секоја земја беше одреден град од истата.
Тетовскиот спортски тим бил предводен од магистерот по физичко воспитување Мирче Савовски. Таму се наптпреваат во 8 дисциплини. Делегацијата била на чело со преставник од Општината Мифтар Зибери, а општина Тетово за ова издвоила од својот буџет 40.милиони стари динари.
Од Тетово зедоа учество во игрите: Стојадин Наумовски, Мифтар Зибери, Мане Илиевски, Наум Талевски, Владислав Ценовски, Славчо Стефановски, Милан Сотировски, Јове Филковски, Емин Сали, Стево Стефановски, Славица Ристовска, Светлана Форчевска, Љибица Јовановска, Светлана Перовска, Љубица Атанасовска.
За прв пат ја најдовме и ја преставуваме и ВИДЕО снимката од целата вечер на натпреварот, која ја прикажувала Португалската Радио Телевизија со свој превод.
Низ фотографиите се и новински исечоци кои го преставувале Тетовскиот Тим
Како што ми пиша едно од изнанадувањата било тој на отворањето да се појави во комитска облека (види на сликите): Кога се појавив облечен како комита...паднаја у несвест... некои од општина преставници збеснаја ...На мене имав облечено автентични алишта од комита, опинци од Бранко Ѓеко, Појас од еден играорец кај Општина.. кубури, јатагани и тн.
Тетово иако се прикажува во одлично светло, и на генералната проба ден претходно беа први, сепак на официјалната вечер на крајот завршува на 5-то место кое го дели со тимот од Германија. Десно е крајната резултатска табела со бодови тој ден.
Подолу се ретки ФОТОГРАФИИ од настанот, кои како што ми пиша пред смртта Стојадин Наумовски (Др.Цоци кој 2018 почина во Стерлинг Хајтс, Детроит, САД) се од неговата колекција (некои и подарени а некои сликани од Гиге Мабуз) а кој бил еден од учесниците на настанот.
СЛИКИ - Албум со 44 слики
ВИДЕO - Пренос од целиот настан
1979.мај - Тетово на 'Игри без Граници'