Post date: Jan 22, 2013 6:4:9 PM
Увелико подготвуем листа на најзначајните Тетовчани на 20 век, и излегоја над 100 душе. Најзначајни не кои дале придонес самоза Тетово и толку. Туку оние Тетовчани кои се докажале и пошироко и са битни за Историјата на Македонија и пошироко. Реков ајде да најдем и некој Тетовчанец кој доживеал светска слава.
Само еден најдов. Или поточно една: БРАНКА ПАРЛИЌ, сеуште жива легенда по потекло од Тетово (семејство Парлиќ).
Родена во Тетово на 23.јун. 1955 – денес живее и работи како Професор на Факултетот за Музичка Уметност во Нови Сад.
Академски музичар – пијанист, Дипломирала на ФМУ во Белград во 1979 година во класата на Олга Михаиловиќ. Во втората половина на 1970-тите е основач и учесник во ‘Ансамбл за Другу Нову Музику’ – прв ансамбл во поранешна Југославија кој свирел минималистичка музика.
Има објавено неколку албуми со пијано музика и е редовен учесник на светски концерти.
Зошто е најголема: Во светски енциклопедии и од светски критичари означена како најголем светски современ пијанист од Источна Европа, или дури еден од најголемите живи современи пијанисти.
Таа обожава да го свири Ерик Сати (композитор од кр.19 и поч.20 век) и еве ја првата композиција од нејзиниот албум од 1999. Нешто што се слуша со затворени очи и се разишља:
Видео: Ерик Сатие - изведено од Бранка Парлиќ
На срч на youtube најди ги и другите од Branka Parlic
Јас ја контактирав и накратко ми раскажа дека таа по татко е од Тетово и овде се родила, но подолго не живеела. Татко и се исселил од Тетово во Кула, Србија за да работи како ветеринар и тамо се оженил. Во Тетово останале неговата мајка и сестрите, а нивните наследници и денес живеат во Тетово.
Таа скромно вика дека не се слага дека е најголема и дека со Тетово е поврзана преку татко и. Но крвта не е вода, па таа гордо потврдува дека по крв е Тетовчанка.
Таа има и своја страница на ФБ. Зачлени се:
http://www.facebook.com/pages/Branka-Parlic/52757969814?v=wall
Нејзината лична веб-страна (погледни ги критиките и следните концерти):
Нејзината Биографија и потврда дека е од Тетово:
http://www.ns.ac.yu/art-music/Branka-prezentacija/BIOGRAFIJA.htm
Неколку нејзини интервјуа:
Од 2010 (јануари) - http://www.seecult.org/vest/posvecenost-branke-parlic
Од 2009 - http://www.dominomagazin.com/article/3095/muzika/branka-parlic-pijanistkinja
Само еден од многуте сајтовите кои ја нарекуваат ‘Најголем светски современ пијанист’
http://www.last.fm/music/Branka Parlic
.
(с) Дарко Гавровски, 13.03.2010