Објавено: 11.10.2025 од Дарко Гавровски
Кому сè тетовчани довериле доверба да го управува Тетово во овие изминати 20 години?
Во очи на следниве локални избори 2025 направив истражување и анализа на досегашните состави на Советот на општина Тетово во последниве 20 години т.е. од 2005 до денеска.
Подолу е бројот на мандати по партии (или коалиции / носители на коалиции) за изборите во 2005, 2009, 2013, 2017, 2021 и вонредниот избор за советници во 2022. Не се разгледувани податоци само за локалните избори пред нив (т.е. од 1996 и 2000 година) т.е. пред измената на територијалната поделба кога Општина Тетово беше со помала големина.
Во Советот на Општина Тетово се бираат 31 советник. Во овие 6 состави поминале вкупно 186 советници.
Подолу е табелата и анализата на истата:
Табелата е подредена по вкупниот бројот на освоени мандати во овие 20 години. Вкупно 14 различни партии/коалиции биле дел од составите на Советот од 2005 до денес.
Во овој период секогаш бројот на свои советници во еден состав бил исклучиво составен од или 6 или 7 различни партии/коалиции.
Со зелено се означени, условно кажано - албански партии/коалиции, со црвено - македонски, со сино - турска партија.
Најповеќе мандати во овие 20 години имала партијата ДУИ (се смениле 67 нивни советници во овие 20 години)
Само 3 советници (во 2 состави) во овие 20 години биле од Независна група на избирачи. Сите други биле партиски кандидати.
Партијата на Турците имале само 2 советници во овие 20 години. Последен пат во 2017.
Само 4 условно кажано - македонски партии/коалиции воопшто имале советници во овие 20 години
Најповеќе советници од македонски партии имало во 2017 (вкупно 8), а во последните два состава имало вкупно 6 советници.