gavro.com.mk - започна грандиозен проект наречен "ДТН - Дигитализација на Тетовското Наследство", во кој целта е да се стават на располагање што повеќе пишани историски извори за Тетово. Дел од нив се и комплетот на Весници и Новински исечоци во кои се споменува Тетово.
Целта е да се овозможи пристап до овие податоци за сите идни истражувачи и историчари.
1912 - 1915 година - Тетово во странски весници на Англиски јазик - дел 2: време на Балканските Војни и Српска Власт (1912-1915)
Кликни на сликата за да ги погледнеш сите новински исечоци:
РЕЗИМЕ на збирката од 29 новински исечоци:Во поголемиот дел од написите Тетово се споменува попатно, анализирајќи поширока слика за фронтот во Македонија и напредувањето на Србите против Турците. Поспецифични написи кои се однесуваат токму на Тетово се следните:
1912.ноем.04 – се известува дека Србите го зазеле Тетово претходно (известување со задоцнување, зошто Србите влегуваат во Тетово на 30.октомври)
1912.ноем.10 – Турците возвраќаат на Србите кај Тетово и Гостивар со 20 баталјони и со артилерија, за да го заштитат патот кон Дебар
1913.јан.18 – Известуваат за ‘мерки’ кои ги презеле Србите за да ја задушат побуната кај Албанците. 85 убиени.
1913.сеп.28 – се известува дека 50.000 наоружани албанци пргнале против Српската Војска за да ги заземат Прилеп, Призрен, Тетово и Кичево
1913.сеп.29 – демант дека Албанците во бунт против Србите го зазеле Тетово
1914.фев.04 – Интервју со граѓанин во САД George Christ по потекло од Тетово кој од свој аспект ја опишува ситуацијата во Тетово
Статистика за збирката:
Вкупен број на исечоци: 29
По години:
14 исечоци во: 1912
10 исечоци во: 1913
5 исечоци во: 1914
По земји:
16 - Велика Британија (The Guardian, The Observer и The Times)
3 - Aвстралија (The Sydney Morning Herald)
10 - САД (сите останати)
Сите права заштитени © Ова е оргинален авторски текст
При цитирање и преземање на текстов да се наведе извор: Дарко Гавровски / портал 'Тајните на Тетово' / gavro.com.mk