Успешни приказни

Во последниве неколку децении на електротехничкиот отсек при ТФБ студираа голем број на студенти, кои сега веќе се дипломирани инженери по електротехника кои ја градат својата успешна кариера во рамките на електроенергетскиот сектор во Република Македонија, како и во многу компании надвор од нашата држава. Нивниот успех е најдобар доказ за квалитетот на инженерите кои се едуцираат на нашиот отсек и нашиот факултет. Овој дел од сајтот е посветен токму на оние кои не прават да се чувствуваме горди што биле наши студенти, се наш производ на пазарот на трудот и човечки капитал на нашата држава создаден на нашиот ТФБ.

Игор Стерјовски,

дипломиран инженер по електротехника, насока ЕЕС, ТФБ

Дипломирав на Техничкиот факултет – Битола, насока електроенергетски системи со средна оценка 9.51. За време на студирањето, како резултат на покажаниот успех и високиот рејтинг на ТФБ, бев корисник на стипендија од АД МЕПСО во висина од 6000 денари месечно. Моментално сум вработен во МЕХАНОТЕХНИКА, ДООЕЛ, како електротехнички инженер за проектирање и изведба на надземни електроенергетски водови и разводни постројки. Од јануари 2018, исто така работам како Менаџер за маркетинг и продажба на софтверот Electra за проектирање на електроенергетски водови, кој го произведува компанијата CGS Labs., Љубљана(Словениа). Можи да нагласам дека мојот дипломски труд со наслов „Техничко економска анализа на ветерната електроцентрала Пелистер и анализа на нејзината интеграција во ЕЕС на Република Македонија’’, со кој учествував на конкурсот за научни трудови на универзитетот Св. Климент Охридски, беше награден со трета награда.


НИКОЛИНА ШУТИНОВСКА

дипломиран инженер по електротехника, насока ЕЕС, ТФБ

Се запишав на Технички факултет- Битола (ТФБ) во 2011 година, а дипломирав на 01.07.2015 со просек 9,71. Во текот на студирањето добивав државна стипендија. Успехот во текот на студирањето и квалитетот на знаењето кое го стекнав на ТФБ ми овозможи да добијам три награди и признанија: „Награда за најдобро дипломиран студент“ од MAKO CIGRE, „Признание за студент кој постигнал на најголем успех во текот на студирањето“ од Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола, Признание „ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН“ доделен од Инженерска Институција на Р. Македонија под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов. После добивањето на признанието „ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН“ станав потпретседател на “Клубот на Носители на инженерски прстен“. Моментално работам во „Соларпро Холдинг АД Софија- подружница во Р. Македонија“, како електротехнички инженер за планирање, анализирање и балансирање на Електричната Енергија. Истовремено, го работам магистерскиот труд на „Факултетот за Електротехника и Информатички Технологии“, Скопје, на одделот за Обновливи извори на Енергија. Досегашниот просек на студирање ми е 9,66. Исто така сум вклучена во проектот на Европската Унија „COST PEARL PV“ кој трае до 2021 година и со кој треба да се подобри животниот век и цената на фотоволтаиците. За целите на проектот ќе престојувам како млад истражувач на “Short Therm Scientific Mission“ во лабораторијата за фотоволтаици на Факултетот во Љубљана, Словенија.


Томче Мијовски,

дипломиран инженер по електротехника, насока ЕЕС, ТФБ

Дипломирав на ТФБ, насока ЕЕС со средна оценка 8,70. За време на студирањето, како резултат на покажаниот успех и високиот рејтинг на ТФБ, во периодот 05.10.2008-11.10.2008, учествував на курсот Sim Lab, организиран од техничките универзитети во Минхен и Клуж за паралелно програмирање и симулации во Клуж Напока, Романија. Со двајца мои колеги во 2008 година учествувавме на напревар по Анализа на ЕЕС на натпреварот Електријада 2008 19.05.2008-24.05.2008, Теслич, Босна и Херцеговина и како екипа од ТФБ го освоивме 3-тото место во многу силна конкуренција од сите електро факултети од регионот на бивша СФРЈ. На TEMPUS проектот во кој учествуваше ТФБ во периодот 01.07.2007-01.08.2007 бев на престој на универзитетот во Краков, Полска како учесник на Курс по LabView, софтвер за мерење и аквизиција. Во периодот 25.08.2007-02.09.2007, во Будва, Црна Гора учествував како студент од ТФБ на Летна Академија, орагнизирана од DAAD: ”Tech and Stability Pact for South East Europe” со презентација на тема: Дисперзирано производство и виртуелни централи. После дипломирањето се вработив во EVN Македонија, КЕЦ Битола како проект инженер во одделот за нови приклучоци, каде и во моментот работам.


Елизабета Делиовска,

дипломиран инженер по електротехника, насока елекктроенергетика и автоматизација, ТФБ

Дипломирав на ТФБ во 2008 година со просек од 9,85 - насока Индустриска електроенергетика. Заради постигнатиот успех кој го стекнав во текот на студирањето, добив награда за најдобар студент од Универзитетот “Св. Климент Охридски” и признание “Инженерски прстен” доделен од инженерската институција на РМ под покровителство на претседателот на РМ.

Во моментов работам во Hi-Tech Corporation. Компанијата е водечки европски производител на електронски печатени плочки, специјализирана за брзо производство на прототипови во мали и средни серии на цврсти, флексибилни, комбинирани повеќеслојни електронски плочи. Мојата работна позиција е “CAM” инженер, при што вршам анализи, корекции и подготовка на фајлови потребни при процесот на производство на електронските плочки. Паралелно со овие работни задачи, работам како ментор за обука на нови кадри.

Александар Дамјановски,

дипломиран инженер по електротехника, насока ИЕ, модул елекктроенергетика и автоматизација, ТФБ

Во 2008 година ги завршив додипломсите четиригодишни студии на ТФБ на студиската програма Индустриска електроенергетика со средна оцена на успехот 8,45. Првото работно искуство во стекнав во Hi-Tech Corporation, компанија за производство на електронски плочки на работна позиција “CAM” инженер. Основна работна задача беше компјутерска подготовка на сите процеси пред почеток на производството. По една година во 2009, се вработив во ТЕ-ТО АД Скопје првично на позиција електро инженер помошник во одделот производство. ТЕ-ТО АД Скопје е комбинирана–когенеративна постројка за производство на електрична и топлинска енергија. Со почетокот на комерцијалната работа на термоелектраната во 2012 назначен сум за сменоводител во одделот производство каде останувам на оваа функција наредните 5 години. Оваа работна позиција е одговорна за реализација на номинираното производство како и сите останати активности кои се одвиваат во кругот на електраната во текот на смената. Во 2017 година доаѓам на позиција Планер во производство – оддел производство. Оваа работна позиција е одговорна за планирање на “возен ред” на електраната, координација со одделот одржување по однос на ремонтни активности како и делунмо организирање на работата во оддел производство.

Во 2018 следеше нов трансфер, овој пат во оддел аналитика повторно во склоп на ТЕ-ТО АД Скопје. Главните работни активности се врзани со планирање на производството и продажбата на електрична енергија, топлинска енергија како и планирање на потрошувачката и продажбата на природен гас (номинации, пазари, регулативи, оптимизации, билатерални односи со партнери, изготвување анализи и извештаи итн).