Отсек за електротехника-Технички факултет Битола

Електротехничкиот отсек при Технички факултет Битола (ТФБ) скоро 6 децении ја негува областа на електротехниката како научна дисциплина и тоа од едукативен, научен и апликативен карактер. Посебен акцент е ставен на делот од електротехниката кој се нарекува електроенергетика. Како наставно научна дисциплина електроенергетиката ги истражува, изучува и унапредува ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИТЕ СИСТЕМИ (ЕЕС) како најсложени техничко технолошки системи во историјата на човештвото. ЕЕС претставува сложена техничко-технолошка целина која ги опфаќа системите за производство, пренос, дистрибуција, снабдување и користење на електричната енергија. Исто така многу значајни компоненти на ЕЕС се системите за автоматско управување со системот, мерно аквизициските системи, енергетската електроника и телекомуникациите.

Моментално на електротехничкиот отсек постојат академските читиригодишни студии од I циклус на студиската програма Електроенергетски системи и студиите на II циклус Електротехника со два модули: Електроенергетски системи и Системи за мерње и управување.

Наставата ја покриваат наставен кадар составен од 7 редовни професори, 4 вонредни професори и 1 доцент кои припаѓаат на електротехничкиот отсек на ТФБ, како и други професори од другите отсеци на ТФБ кои се ангажирани во наставата на електротехничкиот отсек.

Студентите кои студираат на ЕЕС на ТФБ конкурираат за 10 стипендии од електроенергетските компании МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН Македонија, кои изнесуваат 6000 денари месечно за 10 месеци во годината. МАКО-CIGRE доделува на најдобро запишаниот студент на ЕЕС на ТФБ една уписнина од 12000 денари. Овие факти зборуваат сами за себе за квалитетот на инженерите кои се едуцираат на насоката ЕЕС на ТФБ.