Технички факултет-Битола веќе 20 години е коорганизатор на конференцијата ICEST и оваа година е домаќин на конференцијата во Охрид. Организацијата е заедно со Електронски факултет од Ниш и Техничкиот универзитет во Софија. Конференцијата ќе се одржи од 27 до 29 јуни 2019 година на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Темите се широки и има простор за сите области од Електротехниката. Повеќе за конференцијата на web страната на конференцијата ICEST_2019.



На 20.11.2018 година АД МЕПСО О додели стипендии на две студентки во втора година на насоката за електроенергетски системи на Техничкиот факултет. Стипендисти на МЕПСО се студентките Билјана Велјановскa и Александра Киревска , кои ги исполнија пропишаните услови на огласот. Договорите за стипендирање на студентите во име на МЕПСО, денеска на ТФБ ги врачи Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО.