„Дигиталната компетентност подразбира самоуверено, критичко и одговорно користење и работа со дигиталните технологии за учење, на работа и во општеството. Таа вклучува информациска и дата писменост, комуникација и соработка, медиумска писменост, креирање дигитална содржина (вклучително и програмирање), безбедност (вклучувајќи дигитална благосостојба и компетенции поврзани со сајбер-безбедност), прашања поврзани со интелектуална сопственост, решавање проблеми и критичко размислување.“ (Препорака на Советот за клучни компетенции за доживотно учење, 22 мај 2018, ST 9009 2018 INIT).
Вклучување на училиштето во сопствениот план за развој кон создавање одржливи промени
Намалување на образовниот јаз и обезбедување рамка за континуирано онлајн образование
Адресирање на приоритети базирани на конкретните развојни потреби на наставниците и училиштата идентификувани во програмата
Поддршка на наставниците во откривање и достигнување на нивниот целосен потенцијал преку автентични дигитални искуства за учење
Промена и едукација на јавноста за дигиталното учење, зголемување на атрактивноста на онлајн наставата
Придонес кон зголемување на онлајн присуството во образовниот систем преку обука и едукација на предуниверзитетските наставници
Имплементација на национално, обединето движење кое ќе ги поврзе заедниците за учење, ќе поттикне напредок и ќе го подобри квалитетот на образованието
Ова интегрирана програма за забрзано дигитално образование е дизајнирана со цел конструктивно да го подобри и да ја диверзифицира едукативната искуствена средина во училиштата во Романија, во контекст на пилот-сесиите за тестирање на DigCompEdu организирани во 2020 година од страна на Școala de Valori. Признаваме дека оваа едукативна програма може да се имплементира различно во училиштата од различни земји.
Живееме во хипердигитализирана ера, но повеќето немаат развиени дигитални компетенции, иако некои од нив имаат основни вештини за работа со онлајн алатки.
Затоа, дизајнирањето, предавањето и оценувањето на онлајн учењето бара дополнителни вештини, и за учениците и за наставниците.