Градинарски алатки, ѓубриво, иригациони системи & еколошки саем
Градинарски алатки, ѓубриво, иригациони системи & еколошки саем
Модулот 2 ги води учениците низ практично патување на креативност, одржливост и тимска работа. Учениците започнуваат со истражување на еко-магични идеи, дизајнирање мини рециклирани градини и градење на темелите за нивните магични штандови на саемот. Потоа ги вежбаат своите еко-пораки, вежбаат магични трикови засновани на наука и учат јасно да комуницираат со посетителите. Конечно, учениците ја зајакнуваат соработката - преку предизвик за тимска работа, со тема волк, каде што ги усовршуваат своите штандови користејќи повратни информации од соучениците. Низ сите три лекции, модулот развива еколошка свест, комуникациски вештини, креативно размислување и заедничко решавање проблеми.
Цели на учење
Дизајнирање измислени мини-градини користејќи само рециклирани или природни материјали.
Презентирање еко-пораки користејќи јасна комуникација и креативни изведби на „магии“.
Давање и објаснување повратни информации од врсниците, користејќи структурирани алатки.
Зајакнување на решавањето проблеми, соработката и прилагодување преку групни предизвици.
Разубавување и подобрување на нивните еко-штандови, како подготовка за јавен саем или настава во класот.
Лекција 1: Волшебниот Саем за Рециклирање: Креативна Искра
Оваа лекција ги запознава учениците со размислување за магичната одржливост и ги потикнува да започнат со обликување идеи за нивниот штанд на Еко-волшебникот. Преку разигран квиз, покажување на магија која е научно базирана и практичен дизајн со употреба на рециклирани материјали, учениците градат мини еко-магична градина, со повторно разгледување на основните концепти за ре-употреба, тимска работа и еколошка одговорност.
Клучни Концепти и Теории
Одржливоста како креативен процес
Екосистемите ре-употребуваат СЕ, па учениците може да го имитираат тој процес со рециклираните материјали
Магијата како сцена
Едноставните претставувања може да ги откријат невидливите процеси во природата, на забавен и незаборавен начин.
Тимска креативност
Создавање градина или штанд бара комуникација, споделени идеи и разрешување на проблеми.
Природни циклуси
Компостот, циклусот на водата, хранливите материи како инспирација за елементи на магичната градина.
Практични Стратегии и Техники
Користете рециклирани материјали со намена, за да нивниот избор симболизира природни елементи (на пр. капаче од шише како алатка, јаже за наводнување)
Поттикнувајте размислување користејќи интересни прашања, наместо да давате готови идеи
Изградете им значење на „магичните елементи“ — тие мора да претставуваат вистински еколошки процеси.
Водете ги учениците низ конструкцијата на малите 3Д структури на безбеден и креативен начин, со посебна поддршка на групите на кои им е потешко.
Интерактивна Активност 1: Училишен квиз за Зелено Вештерство
Чекор 1: Вовед
Учениците започнуваат со решавање на Генијалниот квиз „Училиште за Зелено Вештерство“ на своите компјутери или таблети. Наставникот им објаснува дека квизот ги објаснува идеите за одржливост преку загатки и магични ситуации.
Чекор 2: Завршување на квизот
Работење во двојки или индивидуално - учениците ги одговараат прашањата, и разговараат додека работат за прашањата што ги изнедадиле или се чудни. Наставникот оди меѓу клупите и нуди совети, ако треба.
Чекор 3: Брзо прегледување
По завршувањето, во класот на кусо се разгледуваат клучните пораки за одржливост, кои ги откриле во квизот. Учениците споделуваат во кои моменти им било забавно, кога биле збунети и кога стекнале ново знаење.
Интерактивна Активност 2: Ко-Креирање на Градина
Чекор 1: Мала Теорија
Наставникот објаснува дека природата бескрајно се рециклира — мртвите лисија стануваат компост, водениот циклус е континуиран, па дури и „отпадот“ создава нов живот. Учениците се поттикнуваат да го пресликаат тоа на магичен начин.
Чекор 2: Одбирање Материјали
Групите истражуваат собирање рециклирани материјали. Наставникот ги потсетува: Може да се користат само рециклирани или природни предмети.
Чекор 3: Градење на Градината
Секоја група создава 3Д мини градина која вклучува - една градинарска алатка, една идеја за наводнување, еден хранлив елемент/компост и една магична работа како што е светлечка патека или маѓепсано растение.
Чекор 4: Размислување
Учениците завршуваат кратка рефлексија во нивната работна тетратка, опишувајќи што создале и како ги реупотребиле материјалите.
Интерактивна Активност 3: Звукот на магијата
Чекор 1: Одбирање Атмосфера (емотивна)
Групите решаваат какви емоции треба да почувствуваат посетителите на нивната градина.
Чекор 2: Одбирање Звук
Тие избираат соодветен звучен пејзаж (шума, вода, ветерници, магични ѕвона). Наставникот може да им пушти примероци од клипови за да ги инспирира.
Размслување и Разговор
Како твојот тим ја спои имагинацијата со одржливоста?
Со која магична идеја се гордееш?
Дали твојата градина е поврзана со реалните проблеми на животната средина?
Како тимската работа помогна во твојата креација?
Резиме на Лекцијата
Во оваа лекција, учениците го употребија своето претходно знаење за одржливоста преку магичен квиз, истражуваа креативни идеи за животната средина и практично работеа за да изградат мини рециклирани градини.Тие намерно користеа рециклирани материјали, експериментираа со еко-магични концепти и ја зајакнаа тимската работа додека го замислуваа својот иден саемски штанд. Активностите ја поттикнаа нивната креативност, еколошката одговорност и истражување преку игра, за тоа како имагинацијата и одржливоста може да функционираат заедно.
Лекција 2: Маѓепсаната Градина
Во оваа лекција, учениците ја трансформираат својата рециклирана градина во интерактивен еко-штанд. Дизајнираат едноставни магии, одбираат јасна еко-порака, вежбаат како да презентитаат и даваат структурирана повратна информација на соучениците. Фокусот е на креативноста, комуникацијата и значајно раскажување за животната средина.
Клучни Концепти и Теории
Еко пораките мора да се јасни, едноставни и поврзани со реалните принципи на одржливоста.
Магичните трикови треба да откријат вистински научни или еколошки идеи (пример., впивање на водата, капиларна активност, густина).
Повратните информации од соучениците помагаат во подобрена комуникација, безбедност и јасност.
Вежбањето гради самодоверба
Вежбањето ја подобрува тимската работа, временската рамка, и ангажманот на посетителите.
Практични Стратегии и Техники
Започнете со краток список на можни еко-пораки за да ги инспирирате учениците (на пр., заштеда на вода, заштита на почвата).
Охрабрете ги тимовите да го тестираат својот магичен трик повеќе пати заради сигурност и безбедност.
Користете магични картички за повратни информации за да ги структурирате набљудувањата од колегите
Дозволете им на тимовите да презентираат со ротирање за да се осигурате дека сите вежбаат и давање и примање повратни информации.
Интерактивна Активност 1: Маѓепсување на Градината
Чекор 1:Воведување на еко пораки
Наставникот повторно ги објаснува основите на одржливоста: реупотреба на се во природата, колку малите работи се значајни, и како магијата може да открие научни идеи. Учениците одбираат еко-порака која сакаат да им ја пренесат на посетитиелите на нивниот штанд.
Чекор 2: Брејнстормиг за Трикот
Тимовите истражуваат како дел од нивната градина да го претворат во „магичен “момент: движење, менување на боја, изглед или трансформација..
Чекор 3: Тестирање на Идеата
Тимот прави скица или тестира мали прототипи, користејќи материјали за рециклирање. Наставникот ги води, при што внимава на јасноста и безбедноста.
Чекор 4: Заокружување на Трикот
Групите го подготвуваат нивниот последен трик, јасно поврзувајќи го со нивната еко-порака.
Интерактивна Активност 2: Симулирање Штанд
Чекор 1: Групите се делат на двојки
Тимовите се определуваат. Една група глуми посетители, а другата презентира.
Чекор 2: Дел од Презентацијата
Секој тим што презентира:
Ги пречекува посетителите и им ја кажува својата еко-порака.
Изведува магичен трик.
Ја објаснува пораката која се открива со трикот.
Чекор 3: Време за повратна информација
Додека набљудува, тимот кој е публика ги пополнува Магичните Карти на повратен одговор. Потоа ги менуваат улогите.
Размислување и Разговор
Дали нашиот магичен трик успеа да ја објасни нашата еко-порака?
Дали јасно објаснувавме?
Дали повратните информации беа корисни?
Какви промени треба да направиме за да имаме подобар штанд?
Резиме на Лекцијата
Во оваа лекција, учениците ги трансформираат нивните мини градини во интерактивни еко-штандови. Тие прават едноставни, но значајни презентации на магични трикови, избираат јасни еко-пораки и вежбаат презентација на нивните идеи пред соучениците. Со користењена структурирани повратни информации, групите го подобруваат изгледот на штандот, комуникацијата и јасноста на објаснување. Преку вежбање и размислување, учениците ја зајакнуваат креативноста, научното размислување и тимската работа, потребна за подготовка на Саемот за магичната одржливост.
Лекција 3: Предизвик за Тимот - Еко-волк
Оваа лекција ја јакне соработката на тимот преку предизвик кој е инспириран од волчјата глутница. Учениците ги анализираат повратните информации од врсниците, вежбаат адаптација со комуникативни улоги, и ги подобруваат своите еко-штандови. Со внесување во специјални улоги, како на преимер Тивкиот волк или Работливиот волк, учениците се учат на соработка, доверба, и креативен начин на решавање проблеми.
Клучни Концепти и Теории
Волците се успешни преку споделени улоги во глутницата, довербата и комуникацијата - метафора за силна тимска работа.
Повратните информации ја подобруваат јасноста, безбедноста и ангажираноста на посетителот.
Ограничувањето во некоја улога им помага на учениците да најдат нов начин на заедничка поддршка.
Размислувањето им помага да идентификуваат значајни промени за завршниот еко-штанд.
Практични Стратегии и Техники
“Рамка со три наода”
Што сакаат луѓето, што треба да се подобри, што ќе направи најголема разлика?
Доделете забавни улоги на волци, за да ги истражите комуникацијата и ограничувањата.
Славете го вложувањето, не брзината - фокусирајте се на соработката.
По вежбањето, понудете можен напредок со брзи акции, со цел подобрување на штандот.
Интерактивна Активност 1: Заедничко Читање на Повратните информации
Чекор 1: Картите што се вратија назад
Тимот ги добива повторно своите Магични карти за повратен одговор од Лекцијата 2.
Чекор 2: Сфаќање на информациите
Ги читаат коментарите и одбираат кои три работи најмногу им се допаднале на посетителите и кои се најважните подобрувања.
Чекор 3: Правење приоритети
Тимовите одбираат што ќе сменат, а да има најголемо влијание на јасноста, безбедноста и ангажирањето.
Интерактивна Активност 2: Предизвик на Тимот Еко-волк
Чекор 1: Доделување улоги
Секој ученик на таен начин добива една улога на волк : Тивок волк, Слеп волк, Тивка Алфа или Работлив волк.
Чекор 2: Завршување со подобрувањата
Тимовите користат само еден начин на подобрување, преку користење на само оние способности кои им се дозволени со нивната улога на волк. Учениците мора да зависат еден од друг и да се прилагодат на ситуацијата, на креативен начин.
Чекор 3: Разговор со испрашување
Тимовите разговараат за своите чувства, откритијата и како предизвиците ја зајакнуваат комуникацијата.
Размислување и Разговор
Како и на што не научија улогите на волци за тимската работа?
Кое подобрување беше најдобро и направи најголема разлика?
Како повратните информации ни помогнаа да донесеме решенија?
Дали сега имаме повеќе самодоверба за да презенираме?
Резиме на Лекцијата
Во оваа последна лекција, учениците ги анализираат повратните одговори од врсниците, ја зајакнуваат својата тимска работа, и ги подобруваат еко=штандовите преку предизвикот на комуникацијата во облик на волк. Со преземање на специјални улоги на волк, тие градат доверба, прилагодување, и креативен начин за решавање на проблемите. Тимовите ги подобруваат своите штандови врз основа на коментарите на посетителите, и подготвени се да презентираат со самодоверба. Лекцијата потенцира како соработката, размислувањето и споделената одговорност водат до создавање на посилна еколошка порака и подобра презентација.