Градење Основи за Одржливост
Градење Основи за Одржливост
Овој модул ги воведува основните вештини со кои учениците заеднички ќе работат на предизвиците за одржливост. Преку активно слушање, креативно истражување, разрешување на проблеми и вежбање на презентацијата, учениците градат силни способности за тимска работа, додека истражуваат како проблемите во животната средина влијаат на нивните заедници. Овој модул го поттикнува критичното размислување, емпатијата, кративноста - како што учениците го започнуваат своето патување низ проектот за Одржливи магии.
Цели на учењето
Разбирање и примена на активно слушање со цел унапредување на тимската работа и комуникација.
Истражување на локални и глобални проблеми на одржливоста, како и идентификација на клучните предизвици во животната средина.
Брејнсторм и дизајнирање на креативни, еколошки решенија како група.
Создавање на еколошки колажи, со користење на рециклиран материјал за да се визуелизираат и проблемите и решенијата.
Јасно и со самодоверба презентирање на идеите, додека добиваат и даваат конструктивен повратен одговор.
Лекција 1: Моќта на слушањето
Активното слушање е основа на ефикасна тимска работа и еколошко решавање на проблемите. Во оваа лекција, учениците истражуваат како слушањето со внимание, емпатија и јасност, ја зајакнува соработката и води кон подобри решенија. Тие ќе ги научат Трите А на Активното слушање и ќе ги вежбаат комуникациските вештини преку практични активности и размислување.
Клучни Концепти и Теории
Активно слушање
Активносто слушање оди подалеку од само слушање на зборовите - тоа подразбира сфаќање на значењето, имање целосно внимание и одговарање со внимателност.
Трите Цели на Активното случање
Внимание: Целосно фокусирање на говорителот.
Признание: Користење на невербални сигнали (кимање со глава, контакт со очи).
Активност: Прашување, нудење објаснувања, давање повратни одговори.
Слушање при работа во животната средина
Еколошките предизвици бараат соработка; слушањето им помага на групите да ги комбинираат идеите и да најдат поефикасни решенија.
Практични Стратегии и Техники
Структурирано слушање во двојки
Учениците зборуваат без прекин, додека нивниот партнер слуша, а потоа ги резимира клучните точки.
Користење на Прашања со Размислување
Упатствата помагаат да се разјасни и објасни, како и поттикне подлабоко размслување.
Претставување преку магија
Трикот со “Течноста која менува боја” покажува како комбинирањето на различни перспективи може да го смени разбирањето.
Интерактивна Активност 1: Предизвикот Слушање
Задача: Вежбајте активно слушање во двојки.
Чекор 1: Избор на двојки и теми
Учениците работат во двојки. Секој ученик избира некоја еколошка тема која многу го интересира - како загадувањето, уништувањето на шумите, или промени на климата. Се подготвуваат да зборуваат - за тоа што им значи.
Чекор 2: Првиот Круг на Слушање
Едниот ученик зборува две минути додека другиот тивко слуша, одржува контакт со очите и покажува внимание без да го прекинува или да реагира.
Чекор 3: Резимирање и Предложени Решенија
Кога говорителот ќе престане, слушателот прави резиме на главните точки користејќи се со свои зборови и додава едно можно решение на проблемот, со што покажува дека ја разбрал идејата.
Чекор 4: Менување на Улогите и Повторување
Учениците ги менуваат улогите и ја повторуваат вежбата, следејќи ја истата структура на зборување, слушање, резимирање и давање на сугестии.
Чекор 5: Размисување на двојките и Заклучок на Целиот клас
Двојките на кусо разговараат како изгледа кога зборуваш без да си прекинат и прават резиме на нечии други идеи. Следи куса дискусија во целиот клас, со осврт на тоа како активното слушање ја зајакнува соработката во еколошките теми.
Интерактивна активност 2: Демонстрација на Магичен Трик
Задача: Демонстрирање на експериментот „Течност што менува боја“ со помош на фенолфталеин и содиум хидроксид .
Чекор 1: Безбедност и Подготовка
Наставничката подготвува две проѕирни чаши што содржат раствор на фенолфталеин и растворен содиум хидроксид, кои што учениците ги набљудуваат на безбедна оддалеченост.
Чекор 2: Изведување на Демонстрацијата
Наставничката ја истура едната чаша во другата, при што течноста станува светло розева. Учениците забележуваат дека навидум невидливите состојки, ја менуваат бојата на сета мешавина.
Чекор 3: Поврзување со Активно Слушање
Наставничката објаснува дека како што хемиската реакција открива нешто што е сокриено, така и внимателното сослушување може да ги открие перспективите кој не сме ги виделе претходно.
Чекор 4: Брзо размислување на двојките
Учениците се вртат еден кон друг и кратко разговараат како менувањето на бојата е поврзано со стекнувањето ново сознание преку слушање.
Размислување и Разговор
Што ти беше предизвик, кога активно слушаше?
Како се чувствуваш кога зборуваш без да те прекинат?
Како слушањето може да го трансформира твојот став кон еколошките проблеми?
Како сфаќањето на различни перспективи, води кон подобри решенија?
Резиме на лекцијата
Активното слушање гради цврста соработка. Преку вежбање во двојки, размислување и демонстрација на магија, учениците откриваат како вниманието, емпатијата и повратниот одговор помагаат да се обликува ефикасно разрешување на еколошките проблеми.
Лекција 2: Создавање Зелени Решенија
Оваа лекција ги води учениците низ истражувањето на еколошките теми во нивната заедница, одбирање на значајни предизвици, и заедничко работење со цел да се создадат одржливи решенија. Учениците користат рециклирани материјали за трансформирање на нивните идеи во визуелни колажи.
Клучни Концепти и Теории
Разбирање на Еколошките Проблеми
Учениците истражуваат локални/глобални проблеми и учат како да ги идентификуваат главните причини од корен.
Заедничко Разрешување Проблеми
Групите комбинираат истражување и креативност за да предложат решенија.
Трите Р (Редуцирај, Реупореби , Рециклирај)
Рециклираните материјали стануваат алатки за раскажување приказни и ја подигаат свеста за животната средина.
Практични Стратегии и Техники
Истражување преку Водење
Наставничките ги поддржуваат учениците додека тие ги истражуваат проблемите на одржливост.
Брејнсторминг со флипчарт-табли
Делење на филпчарт таблите во „ПРОБЛЕМ” и „РЕШЕНИЕ” го поттикнува структурираното размислување.
Давање пример со Експерименти
Представувањето на густината на маслото и водата ги покажува предизвиците како што е загадувањето на океаните.
Интерактивна Активност 1: Истражување & Селекција
Чекор 1: Вовед и Креирање на Групи
Учениците прават мали групи и им се објаснува дека ќе истражуваат локални проблеми на одржливост, со помош на тимска работа и стратегиите на комуникација од претходната сесија.
Чекор 2: Истражување со водење
Со користење на материјалите и онлајн извори кои ги доставува наставникот, групите прават истражување на проблемите во животната среедина, во нивната заедница. Наставникот ги поддржува преку прашања водилки, со цел да им го продлабочи разбирањето.
Чекор 3: Одбирање на Проблем
Групите разговараат - кој проблем е најзначаен и со одобрување од наставникот, одбираат еден на кој ќе се фокусираат.
Чекор 4: Поставување Флипчарт-табли
Секоја група подготвува флипчарт табли, со тоа што ги дели на два дела: едната е за проблемот (причини, влијание) и втората е можно решение (идеи, стратегии , однесување).
Чекор 5: Мини Презентација и Повратен Одговор
Групите ги презентираат своите флипчарт табли пред класот. Наставнникот и соучениците даваат коментари кои ги поддржуваат со цел да се одберат идеи пред да се направи колажот.
Интерактивна Активност 2: Правење Колаж
Чекор 1: Истражување на Материјалите
Учениците ги истражуваат материјалите за рециклирање кои тие ги донеле и разговараат како креативно да се искористат, со цел да ги претстават нивните идеи визуелно. Наставникот ја истакнува важноста на трите Р.
Чекор 2: Демонстрација на експериментот Масло и Вода
Наставникот покажува како маслото плива на водата, поврзувајќи го овој едноставен експеримент на различни густини со вистинските предизвици на загадувањето и ги поттикнува учениците научно да размислуваат во врска со проблемите во животната средина.
Чекор 3: Планирање на Колажот
Групите го планираат распоредот на колажот, со тоа што решаваат како јасно ќе го претстават проблемот и решението, со користење на текстурите, боите и рециклираните материјали.
Чекор 4: Конструкција на Колажот
Учениците почнуваат да ги прават колажите, ги местат и прицврстуваат материјалите, додека наставникот ги поддржува нивните визуелни избори за комуникација.
Чекор 5: Споделување на Прогресот
На крај на сесијата, секоја група на кратко ги презентира нивните колажи во тек и добиваат куси, позитивни коментари од соучениците.
Размислување и Разговор
Што научи за еколошките проблеми во твојата заедница?
Како твојата група го избра овој проблем?
Зошто рециклираните материјали се важни за вашиот завршен колаж?
Како твојот колаж може да ги инспирира останатие?
Резиме на Лекцијата
Учениците истражуваа проблеми, размислуваа за решенија, и почнаа да создават свои еколошки колажи, за животната средина. Наставната единица ги зајакна тимската работа, креативноста и применетото знаење за одржливост.
Лекција 3: Изложба на колажите & Повратен одговор
Во оваа лекција, учениците ги завршуваат колажите, ги презентираат на соучениците, и учат како да даваат и добиваат конструктивен повратен одговор. Тие вежбаат како да ги презентираат своите вештини и да разберат како повратниот одговор го подобрува и проектот и тимската работа.
Клучни концепти и Теории
Вештини за Презентација
Јасно зборување, држење контакт со очите, јасно раскажување на приказната.
Конструктивен повратен одговор
Помагање на другите да се подобрат со љубезни предлози.
Подобрување на Размислувањето
Користење на повратните информации со цел да се одберат еколошки решенија и пораки.
Практични Стратегии и Техники
Завршување на прокетот со Водење
Учениците ги разгледуваат нивните колажи и ги наоѓаат местата кои треба да се подобрат.
Структурирани Повратни Одговори
Повратниот одговор треба да вклучи:
Еден позитивен коментар
Еден предлог за подобрување
Фокусирање на јасноста на проблемот/решението
Размислување по Повратниот Одговор
Групите ги анализираат повратните информации и решаваат како да се подобрат.
Интерактивна Активност 1: Завршување на Колажот
Чекор 1: Преглед и Само-оценување
Групите ги разгледуваат своите колажи користејќи едноставни чек листи за да се осигураат дека еколошките проблеми, решенијата и целокупната порака е јасна и визуелно ефикасна.
Чекор 2: Фаза за Подобрување
Учениците ги усовршуваат своите колажи со додавање на детали што недостасуваат, подобрување на елементите на распоредот или зајакнување на визуелните врски помеѓу проблемот и решението.
Чекор 3: Подготовка на Презентацијата
Групите си определуваат кој што ќе зборува и ја вежбаат кусата презентација. Наставникот ги потсетува да зборуваат јасно, да имаат визуелен контакт и да имаат самодоверба.
Интерактивна Активност 2: Презентации и Повратни одговори од Класот
Чекор 1: Групна Презентација
Секоја група го презентира својот завршен колаж пред класот, ги објаснува нивните еколошки проблеми, зашто се тие важни, и како решението што тие го одбрале, ќе го реши проблемот.
Чекор 2: Структуриран повратен одговор од соучениците
По презентацијата, соучениците нудат повратен одговор преку потенцирање на една силна страна, со давање на љубезни сугестии и прашување јасни прашања.
Чекор 3: Групно Размислување
Групите разговараат за повратните информации и одговори што ги добиле и идентификуваат што научиле, како и што може да го подобри решавањето на проблемот во иднина.
Чекор 4: Заклучок на класот
Класот разговара за тоа како презентациите и давањето повратни информаци ги подобруваат вештините на комуникацијата и го продлабочуваат разбирањето на животната средина.
Размислување и Разговори
Како се чувствуваш кога ја презентираш својата работа?
Кој повратен одговор ти помогна да го подобриш колажот?
Како може повратната информација да го подобри еколошкиот проблем?
Со кој дел на оваа активност си најзадоволен?
Резиме на лекцијата
Учениците завршија, презентираа и ги усовршија своите еколошки колажи за животната средина. Преку структурирани повратни информации и рефлексија, тие ги зајакнаа вештините за комуникација, креативност и за решавање проблеми.