ООУ„Кочо Рацин"-Охрид

Вебучилница

наставник: Силвана Крстеска

Добредојдовте во нашата вебучилница 2020-2021!

За првпат оваа година во нашето училиште Кочо Рацин - Охрид се организира проектна настава во рамките на eTwining проектот Webucionica 2.0. Webucionica е проект на стекнување дигитални знаења и вештини преку низа од вебинари формирани во облик чекор по чекор. Крајната цел на проектот е развивање на дигитални вештини и кај наставникот но и кај учениците. Во склоп на Webucilnica 2.0 ќе се остварат и подолги стручни тематски усовршувања на наставниците.

Соработка со наставници и ученици од многу школи од целиот регион преку видеоконференции, истражување на web 2.0 алати кои можат учениците сами да ги користат за изработка на некоја соодветна наставна содржина. Интерактивно учество во наставниот процес преку примена на информатичката технологија. Унапредување на наставниот процес преку развој на култура на учење од други и размена на искуства.

Клубот МеФиз кој работи под раководство на наставничката по математика и физика Силвана Крстеска и во кој членуваат 9 ученици е вклучен во проектот Webucionica 2.0. Во клубот има 8 ученици од деветто одделение и 1 ученик од седмо одделение.

Учениците работат по однапред утврдена програма и секоја недела одржуваат состаноци преку Microsoft Teams. Изучуваат нови web алатки во кои имаат задолжение да изработат некоја активност. Членовите на клубот се посветени на СТЕМ тематика. Од нив се очекува да истражуваат, анализираат и синтетизираат, поставуваат хипотези за различни појави и да донесуваат заклучоци кои ќе ги презентираат пред своите соученици и пред учениците од партнер училиштата со кои ќе бидат вклучени преку ETwining проектите.

Во продолжение погледнете ги активностите и нивните изработки во рамките на Ewining проектот WEBCLASSROOM/ Webucionica 2.0:

Bitmoji

Chaterpix

Voki

CodeWeek2020

WordArt

ToonyTool

Canva-весник

StoryJumper

Bookcreator

Wordwall

Kizoa

Popplet

Greeting Island-честика

Breaking news

Photofunia

Slido

Jamboard

MS Forms

E-Twinning Day

Евалуација на проектот

Силвана Крстеска

наставник по математика-физика

Стручно усовршување во рамките на проектот Webucionica 2.0

Каде на мапата сме ние

Национална ознака за квалитет