CodeWeek 2020

Ние веруваме дека основната писменост на учениците во време на дигитална ера мора да вклучува разбирање за кодирање и развој на клучни компетенции поврзани со компјутерско размислување, како што се решавање на проблеми, соработка и аналитички вештини.

Учењето како да кодираат ги поттикнува учениците да развијат подобро разбирање за светот што ги опкружува, да бидат во првите редови на дигитално компетентно општество и да добијат поголеми шанси да успеат во нивниот личен и професионален живот.

Неделата на кодирањето им нуди на сите ученици можност да ги направат своите први чекори како дигитални креатори, обезбедувајќи им на училиштата и наставниците бесплатни можности за професионален развој, наставни материјали, меѓународни предизвици и можности за размена. За потсетување само во 2019 година, 4,2 милиони луѓе во повеќе од 80 земји во светот учествуваа на Неделата на кодирањето на ЕУ. Се очекува оваа бројка да биде поголема оваа година.

Недела на кодирање или како што во светот е попозната Code week 2020 во нашето училиште се реализира со активности поврзани со кодирање во микробит. Во проектот учествуваа предметните наставнички Силвана Крстеска - наставник по математика и физика, Татјана Лошкоска - наставник по биологија и природни науки и Јованка Анѓелкоска – наставник по граѓанско образование, религии и иновации. Заедно со нас работеа и 24 ученици од шесто, осмо и деветто одделение кои се запознаа со основите на кодирањето и успешно кодираа: свое претставување – идентитет; кодираа мерење на температурата; кодираа користење на математичките операции и кодираа музика. Часовите беа забавни, интересни и сите ученици успешно ги завршија и ги презентираа своите изработки. Погледнете некои од нив.