ТАРГЕТ
Училиште за странски јазици и математика
Училиште за странски јазици и математика
Обраќање до сите ученици за почетокот на учебната година
Почитувани,
Пред почетокот на новата училишна година Ве известуваме дека наставата почнува во месец септември. СТАРИТЕ ЧЛЕНОВИ кои повторно се запишаа во мајскиот уписен рок, се молат да не известат за постојните активности на почетокот на месец септември заради дефинирање на распоредот и да ДОЈДАТ во Таргет по распоред ден пред почетокот.
Со МАТЕМАТИКА исто така почнуваме во месец септември. Учениците кои ќе посетуваат настава по математика се молат да дојдат во Таргет за да се информираат за распоредот по математика ден пред почетокот на наставата по математика.
Упис на нови членови ќе вршиме пред и на самиот почеток на месец септември и претходно телефонски на (046)264-847 или 075 422 388.
За време за уписите ќе работиме од 10-14 и 18-21 часот секој работен ден.
Ви нудиме настава по англиски, математика, германски, италијански, македонски и македонски за странци, француски, хемија физика, шпански, во групи како и индивидуални часови.
Нудиме подготовки за:
полагање на матура;
испити на факултет;
добивање меѓународни сертификати;
нудиме секаков вид на превод;
дополнителни часови за сите предмети за деца од прво до петто одделение;
часови за возрасни.
Во рамките на Таргет работи и бесплатна библиотека за сите наши членови.
Тимот на Таргет Ве води до поголеми успеси!