Ученици, изберете ја годината на образование, групата А или Б и наставниот јазик на кој ја следите наставата по математика, соодветно.
Пред вас се 20 задачи, поделени во две групи од по 10 задачи.
Првата група се логички задачи. Тој дел од задачите носи 40 поени. Втората група задачи се задачи со решавање, чиј одговор (ненегативен цел број) треба да се внесе. Оваа група задачи носи 60 поени.
Времето за работа е 150 минути, согласно правилникот.
БИДЕТЕ ЧЕСНИ!
Пласманот за регионалниот натпревар ќе биде објавен, на официјалната веб страна, согласно правилникот на СММ, врз основа на постигнатиот успех на единствениот список на учесници.
Потсетување: А група е за гимназиско образование, а Б група за стручното образование.