Информирање, вербално и писмено изразување, решавање проблеми, одлучување, креативност и иновативност;
Подобрување на вештините за истражување и собирање информации, анализа и синтеза на знаењата од страна на учениците;
Подобрување на способноста на учениците за планирање и управување со проекти со цел исполнување на целите;
Дигитална писменост и користење на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) на одговорен и критичен начин;
Користење на знаењата и вештините во различни контексти;
Личен и социјален развој, развој на комуникација, меѓусебна соработка и почитување на другите;
Развој на самодоверба преку СТЕМ едукација;
Интеграција во наставата по биологија преку истражувачки активности и изработка на презентации (интеграција со наставните содржини Правење јогурт и Расипување на храната и микроорганизми - VII одделение и Разградувачи - IX одделение). Интеграција со Животни вештини е направена со содржината Нестереотипни задачи, историските личности се интегрирани со наставниот предмет Историја, а различните web 2.0 алатки со предметот Информатика.
Во проектот учествуваа девет ученици-членови на клубот на екологисти „Магнолија“ (пет ученика од VII одделение и четири-од IX одделение). За да се претставиме во проектот креиравме аватари (Bitmoji) и постер (Canva). Ученичката Марија С изработи промотивно видео за проектот.
Учениците се запознаа со историските личности Славка Динкова и Захарина Димитрова.
Славка Динкова е една од првите (ако не и прва) македонски преведувачки од француски и од грчки јазик, една од првите македонски учителки, прва новинарка во Македонија и прва жена која се бори за еманципација на жените во Македонија.
Захарина Велова Димитрова е прва жена лекар од Македонија. Таа била претседател на македонското Здружение за просвета на жените и за македонска преродба.
Захарина Велова Димитрова е прва жена лекар од Македонија. Родена е на 26 Ноември 1873 година во Ресен. Средното училиште го завршила во женската гимназија во Солун и продолжила да учи акушерство во Москва. Потоа, Захарина се запишала на медицина во Лозана, во време кога голем број на медицински факултети во Европа биле затворени за студирање на жените. Како стипендистка на Егзархијата образованието по медицина го продолжила на Медицинскиот факултет во Нанси (Франција), кој ги примил првите женски студенти во 1894 година.
Захарина победила на конкурсот по анатомија и хистологија за студентите и е наградена со сребрен медал за време на втората година од студиите. Медицинските студии ги завршува со златен медал за почести во Нанси на 27 февруари 1901 година. За нејзината дисертација „Структурни иследувања на епифизната жлезда“ била и наградена.
Во текот на владеењето на Османлиската империја со Македонија, на жените им било забрането да практикуваат медицина. Бидејќи турските власти не дозволувале да биде лекар во Македонија, Захарина Велова како стипендист на Егзархијата отишла во Бугарија, каде наоѓа место во Пловдивската и Сливенската болница. Таа останала да живее и работи во Бугарија и подоцна стапила во брак со воениот фармацевт Панајот Димитров. Со своето доаѓање во Бугарија, Захарина Велова имала големо влијание во промоцијата на здравјето, превенцијата на заразните болести и развојот на здравствените установи.
Захарина Димитрова не ја заборавила својата земја и активно се вклучила во помогање на бегалците од Македонија. Таа била претседател на македонското Здружение за просвета на жените и за македонска преродба, кое со помош на македонската емиграција го помага образованието на деца без родители од Македонија и се организираат летни кампови.
Захарина Велова Димитрова, првата жена лекар од Македонија, починала на 14 Април 1940 година во Бугарија.
Секој ученик-учесник со помош на алатката Canva изработи постер за проектот. Потоа учениците анонимно гласаа (Google Forms) и го одбраа постерот кој најмногу им се допаѓа. Изработивме и видео запис за оваа наша активност.
Клара И
Надица Н
Надица Т
Даниел С
Марија С
Јована Л
Елена Б
Петар И
Анастасија Т
Учениците креираа лого за проектот (Canva), преку гласање (Google Forms) го избраа најдоброто лого и изработивме видео запис за активноста креирање лого.
Даниел С
Јована Л
Марија С
Клара И
Надица Н
Надица Т
Елена Б
Анастасија Т
Петар И
Оваа активност има за цел мотивирање на учениците да размислуваат иновативно. Тие пишуваа за своите идни професии и што е тоа што ги мотивира да се насочат кон одредена професија.
Учениците изработија видео записи во Canva за нивните идни професии.
Интернационалниот ден на девојчињата и жените во науката го одбележавме преку истражувачки активности. Учениците истражуваа за влијанието на температурата врз распаѓањето на храната (учениците од VII одделение истражуваа за распаѓањето на лебот, а учениците од IX одделение за распаѓањето на овошјето). Тие даваа претпоставки за исходот од истражувањето, одредуваа независни, контролни и зависни променливи, го одбираа потребниот прибор, ги поставуваа своите експерименти, набљудуваа, ги запишуваа своите резултати и донесуваа заклучоци.
Учениците ги документираа своите истражувања во PowerPoint презентации и истите беа презентирани пред останатите ученици.
Учениците истражуваа и ја одредуваа pH вредноста на различна храна (течности) - вода, млеко, расипано млеко, јогурт, скиселен јогурт, кисело млеко, јаболкова киселина и алкохолна киселина. Тие работеа во две групи и на крајот од истражувањето ги споредивме добиените резултати.
pH индикаторот ја менува бојата - колку бојата станува поцрвена, толку е покисела супстанцијата. Од нашето истражување заклучивме дека чистата вода има pH вредност 7 (неутрална средина), додека алкохолната киселина која ја истражувавме има најниска pH вредност (3,5).
Активноста беше реализирана пред другите ученици од VII/1 и VII/2 одделение.
Учениците пополнуваа анкета со прашања преку кои се изврши евалуација на проектот.
Проектот International Women In Science Day III. е награден со Национална ознака за квалитет од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Нашата работа е признаена на највисоко Европско ниво. Европска ознака за квалитет!