Сојузот на математичари на Македонија во чест на меѓународниот ден на математиката, 14 март, организира математички државен електронски натпревар ПИ-ДЕН.
Натпреварот, се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите:
1,2,3,4 и 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот
6,7,8 и 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот
I, II, III и IV година, има пристап до системот во 14 часот
18+ има пристап до системот во 16 часот
ПИ ДЕН има рекреативен карактер и се одржува по трет пат! Трае 90 минути и секој учесник добива сертификат за учество и постигнат успех.
Најдобрите натпреварувачи ќе добијат дополнителни награди од СММ!