ПИ-ДЕН


МАТЕМАТИЧКИ ДРЖАВЕН ЕЛЕКТРОНСКИ НАТПРЕВАР

Математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН се реализира во чест на Меѓународниот ден на математиката, 14 март.

СММ секоја година организира натпреварот со рекреативен карактер кој трае 90 минути и секој учесник добива сертификат за учество и постигнат успех.

Учесниците се поделени во 9 категории, почнувајќи од учениците од прво одделение, до категоријата 18+.

Најмладите учесници, учениците од прво одделение, имаат 10 задачи, од кои првите три носат по 1 поен, следните четири по 2 поени и последните три по 3 поени т.е. вкупно 20 поени.

Учениците од второ одделение имаат 15 задачи од кои првите четири по 1 поен, следните седум по 2 поени и последните четири по 3 поени т.е. вкупно 30 поени.

Почнувајќи од трето одделение, па се до категоријата 18+, првите пет задачи носат по 1 поен, по 2 поени следните 10 и по 3 поени последните 5 задачи т.е. вкупно 20 задачи кои носат 40 поени.

Најдобар е оној натпреварувач кој ќе реши најмногу точни задачи и за најкратко време.

Ве повикуваме да бидете дел од следниот ПИ-ДЕН!