Ако не сум тоа што сум, никогаш нема да станам тоа што можам да бидам:
уметноста како алатка за личен развој
Место за креативно (себе)истражување и слободна експресија преку примена на мултимодален пристап: цртање, сликање, скулптура, пишување, танц, перформанс, движење, звук, музика и секаков вид на автентичен израз.
Цртањето и сликањето го ослободуваат стресот и ја намалуваат анксиозноста, а ја поттикнуваат присутноста.
Движењето ги ослободува потиснатите емоции во телото, ја подобрува психомоториката и имунитетот.
Ја зголемува свесноста за себе и мисловниот процес, подобрува фокус и придонесува за подобро процесирање на животните искуства.
Музиката го подобрува расположението, го намалува стресот, ги зајакнува врските меѓу двете мозочни хемисфери.
Уметноста е начин на изразување на нашиот внатрешен свет уште од почетокот на човештвото. Кој може да учествува и да создава? Секој! Поседувањето талент и претходно уметничко искуство не се важни, бидејќи акцентот се става на изразот и искуството, наместо на естетската вредност. Понекогаш имаме потешкотии внатрешните доживувања да ги артикулираме на вербален начин. Креативниот процес овозможува надминување на бариерата и создава простор за невербални начини на израз кои се специфични за секоја индивидуа.
а к т и в н о с т и
креативни и експресивни работилници
креативна
визуелизација
вежби и ресурси за самостојни активности
едукативни
содржини
Автор на содржините во рамки на „Простор“ е Ана Тодоровска:
Дипломиран психолог при УКИМ - Институт за психологија
Дипломиран визуелен артист - класа А (480 часа) при Академија за визуелна уметност - Џолев и уметностите & Seavus EDC
Сертифициран практичар на Експресивна Арт Терапија (270 часа) при EARTH - Експресивна Арт Терапија - Србија
Втор степен едукативна програма за личен развој од областа на Интегративна и Еклектичка психотерапија (480 часа) при ЦППСЕ „Совршен Круг“
Едукант на Гешталт советување и психотерапија при Гешталт центар „АСПЕКТИ - Младен Костиќ“
Сертифициран Јин Јога (50 часа) и Таи Чи инструктор (кафен појас)
Работното и волонтерското искуство го стекнува во рамки на креативната индустрија и различни организации за социјални иновации, социјално претприемништво, независни културно-уметнички иницијативи, социјална заштита, психосоцијална поддршка и хуманитарна работа.