Член 1:
Здружението за промоција и развој на културата „Piano Key“, по втор пат во Македонија го организира изборот на најдобар Млад пијанист на година на Македонија со цел поттикнување и мотивација на младите пијанисти за понатамошна успешна работа, како и развој и унапредување на пијанизмот во нашата земја.
Член 2
За изборот на Млад пијанист на годината на Македонија може да се пријават само државјани на Република Северна Македонија.
Член 3
Во изборот за Млад пијанист на годината на Македонија може да се пријават ученици од среден инструментален оддел, односно ученици од државно средно музичко училиште.
За изборот на Млад пијанист на годината на Македонија, потребно е кандидатите да достават снимка и документација за достигнувањата во текот на 2026 година.
За учество, секој ученик треба да достави:
1. Снимка од настап или наменска снимка од 2026 година во траење до 10 минути
2. Копии од дипломи и сертификати за освоени награди, програми или плакати од концерти, сите релевантни признанија од областа на музичката интерпретација остварени во 2026 година
Од пријавените кандидати, стручната комисија ќе одбере финалисти кои ќе настапат во живо (задолжително со две композиции од различни стилски епохи) во Камерната сала на македонската филхармонија.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Член 4
За учество на изборот за Млад пијанист на годината на Македонија за 2026 година, учесниците треба да ги приложат следните документи
1. Учесниците треба да пријават снимка од 2026 година, не подолга од 10 мин.
2. Копии од дипломи и сертификати за освоени награди, програми или плакати од концерти, сите релевантни признанија од областа на музичката интерпретација.
3. Извод од матична книга на родени
4. Слика
5. Финалистите кои ќе настапат во живо, треба да изведат две композиции од различни стилски епохи. Композициите може да бидат исти или различни од оние на снимката.
Сите информации и потребните документите во pdf или jpg формат потребно е да се прикачат на апликацијата на следниот линк:
https://forms.gle/FPRCPwPZJgrDXVyo8
РЕГИСТРАЦИЈАТА НА УЧЕСНИКОТ ЌЕ БИДЕ КОМПЛЕТИРАНА ПО ДОБИВАЊЕТО НА Е-МАИЛ СО ПОТВРДА ЗА УСПЕШНА АПЛИКАЦИЈА ОД СТРАНА НА МЕНАЏМЕНТОТ.
Член 5
Пријавувањето на натпреварувачите во сите дисциплиние најдоцна до 30. 11. 2026 година.
Член 6
За пријавување за изборот на Млад пијанист на годината на Македонија котизацијата изнесува 2 000 денари.
Член 7
Менаџментот се обврзува да ги чува во тајности сите лични податоци, почитувајќи го Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.
СТРУЧНА КОМИСИЈА И ОЦЕНУВАЊЕ
Член 8
Наградата за избор Млад пијанист на годината на Македонија е неделива. Пријавите и доставената документација во оваа категорија ќе ја разгледува стручна комисија составена од еминентни професори.
Одлуката на комисијата е финална и неотповиклива.
НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ
Член 9
Учесниците во изборот за Млад пијанист на годината на Македонија, ќе бидат оценувани според следните критериуми:
Прва етапа:
Во првата етапа се избираат финалистите според приложената снимка и доставена документација. Бодувањето се одвива по следната скала на оценување:
- Изведба од снимка: максимум 30 поени
- Полурецитал: 15 поени
- Значајни настапи (репрезентативни за училиште, општина, држава): 15 поени
- Солистички концерт, рецитал: 20 поени
- Настап со камерен оркестар: 30 поени
- Настап со Филхармонија: 40 поени
- Дипломи од натпревари:
- Меѓународни: 10 поени
- Државни: 15 поени
- Онлајн: 3 поени
За финалисти се избираат учесниците со најголем број на поени. Резултатите од првата етапа комисијата ќе ги објави на 01.12.2026 година.
Поените од првата етапа обезбедуваат влез во финалето, но не се додаваат на поените во втората етапа.
Втора етапа:
Во втората етапа учествуваат одбраните финалистите кои ќе настапат во живо
Настап во живо го оценува стручната комисија со бодување од 1 - 50 поени
Добитник на наградата Млад пијанист на годината на Македонија ќе биде кандидатот со највеќе поени.
НАГРАДИ
Член 10
Добитникот на наградата „Млад пијанист на годината на Македонија 2026“ свечено ќе биде прогласен Завршниот свечен концерт на победниците, кој ќе се одржи во Камерната сала на Македонската филхармонија на 10.12.2026 година. Комисијата јавно ќе ги кажува поените за секој од финалистите.
Добитникот на наградата, ќе настапи со една до две композиции веднаш по прогласувањето.
Победникот ќе добие диплома и златна статуетка за освоената награда.
Организаторите на настанот ќе му овозможат на победникот концертни настапи на реномирани фестивали во Скопје, но и на интернационални сцени во текот на 2027 година.
Победникот ќе има чест да го отвори следното издание на Интернационалниот натпревар „Piano Key“ со свој полурецитал.
Следуваат и дополнителни награди и изненадувања за победникот на конкурсот.