Ревизија: Јануари 2026
Политиката за приватност на личните податоци содржи информации поврзани со собирање и обработка на лични податоци од физички лица – субјекти на лични податоци кои ги собира, чува и обработува Кодекс компјутери ДОО Кавадарци во врска со користење на апликацијата OmniSign (во понатамошниот текст: „Апликацијата“).
Апликацијата OmniSign претставува уред/плеер за дигитална сигнализација кој се поврзува со веб платформата OmniSign преку код за спарување (pairing) и прикажува содржини (слики/видеа) на екранот.
Контролор: Кодекс компјутери ДОО
Адреса: Ристо Миов бр. 17, Кавадарци
Офицер за заштита на лични податоци:
Информации во врска со обработката на Вашите лични податоци и/или за остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да добиете од нашиот офицер за заштита на лични податоци Дејан Николов, преку следните канали за комуникација:
e-mail: ozlp@codex.mk
Телефон: 070 324 517
Кодекс компјутери како контролор на лични податоци е посветен кон одржување на доверливоста на личните податоци кои ги обработува и за таа цел сите вработени добиваат соодветна обука и ги разбираат нивните одговорности во заштита на личните информации.
Кодекс компјутери обработува лични податоци кои ги добива од субјектите на лични податоци и/или кои се создаваат како резултат на користење на Апликацијата. Кодекс компјутери е посветен да обезбеди заштита на Вашите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Апликацијата OmniSign е наменета за уреди кои прикажуваат дигитални содржини. Вообичаено, Апликацијата не бара креирање личен профил во самата апликација, туку се поврзува со веб платформата преку код за спарување.
Категории на податоци кои може да се обработуваат при користење на Апликацијата се:
3.1. Податоци за уред и идентификација на уредот (технички податоци)
Идентификатор на уред (на пр. hardware id / идентификатор за уред)
Идентификатор на уред во платформата (deviceId)
Токен за автентикација (device token) за пристап кон API услуги
Информации за верзија на апликацијата (верзија/издание)
3.2. Податоци за работа и статус на уредот (оперативни податоци)
Статус на уредот (на пр. „online“)
Резолуција на екран
Информации за складишен простор (вкупно/искористено)
Временски записи (timestamp) поврзани со активност, синхронизација и „heartbeat“
3.3. Податоци за содржини
Идентификатори на содржини (mediaId), листи (playlistId) и приказни зони (displayId)
URL/патека за преземање содржина (слика/видео)
Локално кеширани датотеки со содржини на уредот (за офлајн/стабилна репродукција)
3.4. Логови и дијагностика (по потреба)
Технички лог записи за грешки и перформанси (на пр. грешки при преземање/репродукција, проблеми со конекција)
Напомена: Логовите се користат за одржување, стабилност и подобрување на услугата и не се наменети за директна идентификација на физички лица.
Апликацијата ги обработува горенаведените податоци со цел:
Спарување (pairing) и активирање на уред во рамки на платформата OmniSign
Автентикација и авторизација за пристап до сервисите на платформата (преку device token)
Приказ на содржини (преземање, кеширање и репродукција на медиуми)
Одржување на конекцијата и статусот на уредот (heartbeat)
Подобрување на стабилноста и безбедноста на системот (дијагностика и логови)
Обработката се врши врз основа на законски основи утврдени во Законот за заштита на лични податоци, како и врз основа на легитимен интерес за обезбедување функционалност, безбедност и континуитет на услугата, односно извршување договор/деловен однос со правното лице/корисникот на платформата каде уредот е регистриран.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци, утврдени во Законот за заштита на личните податоци се следните:
Право на информирање за користење на личните податоци
Право на пристап
Право на исправка
Право на бришење
Право на преносливост на податоците
Право на приговор
Право на ограничување на обработката
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци. Кодекс компјутери ќе Ви достави информација за преземените активности врз основа на Ваши барања без непотребно одложување и согласно утврдените рокови во Законот за заштита на личните податоци.
Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на Кодекс компјутери не е во согласност со одредбите на ЗЗЛП или пак сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Барањето и информации околу ова може да се најдат на страната: https://azlp.mk/
Кодекс компјутери има имплементирано соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди безбедност на Вашите лични податоци од нивна неовластена обработка или од случајно губење, оштетување или уништување.
Апликацијата користи механизми за автентикација (device token) и работи во контекст на контролирана платформа за дигитална сигнализација. Пристап до податоците имаат само овластени лица и/или овластени системи кои се неопходни за функционирање на услугата.
Секое лице кое има пристап до лични податоци е обврзано да ја заштитува тајноста на податоците и да постапува според упатствата на Кодекс компјутери во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци.
Податоците што се прибираат се чуваат во периодот потребен за постигнување на целта на обработката и/или во согласност со закон и интерни акти.
Техничките податоци за уредот и токените се чуваат додека уредот е активен во платформата или до отповикување/ресетирање на уредот.
Локално кешираните медиуми се чуваат на уредот за потребите на репродукција и може да се избришат при ажурирање/замена на содржина, ресетирање на уред или по барање/административна акција.
Логови и дијагностички записи се чуваат само колку што е неопходно за решавање на технички проблеми и подобрување на услугата.
Доколку побарате бришење на податоците, истите ќе бидат избришани во согласност со законските обврски и техничките можности.
Кодекс компјутери не врши пренос и споделување на лични податоци со трети страни за маркетинг или други комерцијални цели.
Во одредени случаи, заради техничко одржување на инфраструктурата, можно е користење на услуги/инфраструктура (на пр. хостинг) кои може да подразбираат обработка од страна на обработувачи по налог на контролорот, при што Кодекс компјутери обезбедува соодветни договорни и безбедносни мерки согласно Законот.
Кодекс компјутери вообичаено не врши пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Северна Македонија. Доколку дојде до промена на оваа одлука, ќе бидете соодветно известени.
Оваа Политика за приватност на личните податоци може да се менува по потреба или при промена на законските одредби и/или функционалностите на Апликацијата. Ажурираната верзија ќе биде јавно достапна преку каналите кои Кодекс компјутери ги користи за информирање на корисниците.