Поп ап маркет за денот на вљубените
СРЕДА 12 ФЕВРУАРИ
16:00 - 21:00
Лабораториум и Лаб дизајн маркет ги покануваат сите дизајнери, занаетчии и изработувачи на производи да се приклучат на нашиот продажен поп ап за денот на вљубените. Покрај нашата заедница од дизајнери кои ќе понудат производи на попуст и нови производи за прв пат на овој настан, Лаб дизајн маркет ја проширува понудата со нови имиња и поканува брендови, изработувачи и занаетчии да се приклучат на овој поп ап настан и да ги прикажат своите колекции и производи.
Искористете ја оваа прилика да ја прикажете вашата работа пред публиката на овој продажен настан.
Услови за учество
- дизајн на производи (мода, накит, додатоци, мебел, осветлување, рачни изработки итн.)
- котизација за учество 1000 ден (во цената е вклучен 18% ДДВ). Уплатата може да ја направите на дента на настанот на касата на ЛДМ, во готово или со картичка.
* Лабораториум се оградува од какво било посредување при продажба за време на настанот.
Местење на изложбата:
среда 12.02.2025 од 12:00 до 15:00 часот
Рок за пријаување:
недела 09.02.2025, 00:00 часот
Отворање:
среда 12.02.2025 16:00 со музички избор на dj Noid и специјално мени од коктели и пијалаци.
* Лабораториум и Лаб дизајн маркет не одговараат за оштетување или кражба на производите во работното време, препорачуваме да сте присутни или да назначите одговорно лице за нив.
За сите прашања и информации: lab.design.market@gmail.com