Webucionica

Добре дојдовте во нашата вебучилница за креирање


Учениците од нашето училиште ООУ "Кочо Рацин"- Охрид оваа година се дел од eTwining прокетот Webucionica 2.0.


Webučionica е проект за стекнување дигитални знаења и вештини со низа веб-работилници формирани во форма на чекор-по-чекор пристап. Крајната цел е развој на дигитални вештини кај наставниците и учениците. Проектот промовира меѓусебната соработка помеѓу наставниците; се разменуваат искуства; наставниците се едуцираат за примена на голем број дигитални алатки во наставата кои се пренесуваат до учениците со што се развива креативноста кај наставниците, паралелно и кај учениците.

Во овој проект учениците имаат можност да учат различни вебалатки преку кои можат да ја изразат својата креативност на различни начини.

Проектните активности се изведуваат според однапред утврдена програма. Во текот на работна недела, според претходно подготвен програма, учениците учат нова алатка на состаноци кои ги одржуваме преку Microsoft Teams, а потоа имааат за задача да креираат различни активности.

ТИМОТ НА ПРОЕКТОТ

Во прокетот се вклучени 6 ученици од осмо одделение, предводени од наставничката Јованка Анѓелкоска.

Клубот на „Млади активсти“ работи под менторство на наставничката Јованка анѓелкоска и во него членуваат шест ученика од осмо одделение - две девојчиња и четири момчиња. Работиме според однапред подготвени план и програма за работа, состаноците ги одржуваме еднаш неделно преку Microsoft Teams. Проектната настава се одвива на тој начин што за време на состаноците учениците се запознаваат со нови алатки, се презентира начинот на работа со нив и учениците добиваат насоки за исполнување на нивните задолженија. Тоа придонесува кај учениците да се развиваат вештините за истражување, собирање на информации, анализирање и синтетизирање на истите. Во рамките на проектната настава покрај содржини кои се од подрачјето на граѓанско образование и активностите имаат интердисциплинарен пристап и се интегрирани со СТЕМ едукацијата.


ЦEЛИ НА ПРОКЕТОТ

Развивање на дигиталните знаења и вештини кај наставниците и учениците претставувава основна цел на проектот Webučionica. Преку него се промовира меѓусебната соработка помеѓу наставниците; разменува на искуства; едукација за примена на голем број дигитални алатки во наставата; се развива креативноста кај наставниците, паралелно и кај учениците.

ИНТЕГРАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ СО НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

  • Развивање на вештини кај ученици за истражување, собирање на информации, анализирање и синтетизирање на истите;

  • Формирање и спроведување на идеи, критичко размислување, примена на знаења од областа на општествените науки и аргументирано заклучување

  • Развивање на критичко мислиње и одговорно однесување кај учениците;

  • Развој на самодовербата преку СТЕМ едукација;

  • Интерперсонална комуникација, почитување на другите, тимска работа, групно одлучување и решавање на проблеми;

  • Соодветно и безбедно користење на интернетот и развивање на вештини кај учениците за користење на ИКТ технологијата.

  • Интеграција на наставните предмети граѓанско образование, информатика и животни вештини: интеграција со Информатика - креирање на аватари во алатките Bitmoji, Chatterpix (безбедното користење на интернетот и заштита на податоци) и кодирање во Microbit; oблак од зборови во WordArt, весник во Canva (интеграција со Граѓанско образование); e-книга во Book Creator, мисловни мапи во Popplet, фотографии во PhotoFunia (интеграција со Животни вештини).


Web алатаки во кои креираа учениците: