Опис
Јумеихо терапија е превентивна и терапевтска метода, холистичка јапонска масажа за лекување и мануелна терапија која се користи за третирање на многу состојби, како и за подобрување на менталното и физичкото здравје. Додатна корист е чувството на тотална релаксација и подмладување.
Јумеихо терапија е комбинација од мудроста на јапонската и кинеската медицина со јапонска прецизност.
Главна цел на Јумеихо терапијата е мобилизирање на само исцелувачките сили во организмот преку поставување на ‘рбетниот столб, карлицата и сите зглобови во правилна положба.
Јумеихо е терапевтски систем кој се состои од бројни прцедури. Една процедура трае 1 час за време на која терапевтот користи околу 100 различни техники, изведени на оригинален и безболен начин.
За време на третманот, клиентот е целосно облечен во лесна и комфорна облека.
Јумеихо третманот се изведува на специјален душек поставен на под.
Јумеихо терапија може да помогне во лечење на многу болести, на пример:
Било каква болка во грбот
Лумбаго и ишијас
Вкочанетост или болка во вратот и рамењата
Болка во бутните зглобови, колена, глуждови, ножни прсти, ребра, раце и нозе
Различни главоболки
Менструални болки, нерегуларни циклуси, итн.
Што се добива со Јумеихо терапијата
Намалување на мускулната тензија
Размекнување на сврзноткивните структури
Подобрување на крвната и лимфната циркулација
Зголемување на обемот на движење во зглобовите
Општа релаксација на целиот организам
ШТО Е ЈУМЕИХО?
Јумеихо е терапевтски метод што се базира на мануелна акција изведена на цело човечко тело со цел за поддржување или подобрување на здравјето, составена е од 100 различни техники. Исто така техниката е позната како „Метод за корекција на колковите, масажа и акупресура“, но оригиналното име е „терапија Јумеихо“. Терапијата Јумеихо се состои од методична примена на сет од мануелни процедури и физички вежби наменети за возвраќање на функционалниот баланс на човечкиот организам, со што голем број на растројства кои може да предизвикаат акутни и хронични болести, може да се отстранат или да се ублажат. Иако Јумеихо методот е дизајниран претежно за превeнтивна примена, сепак е терапија, покрај фактот што главна цел е третирање или намалување на причините за функционални растројства кои со текот на времето може да прераснат во хронична патологија. Исто така, терапијата Јумеихо може да се применува превентивно или да го забави прогресот на веќе постоечка патологија. Мануелните терапевтски процедури применети со превентивна или корективна цел во терапијата Јумеихо се содржат од: остео-артикуларни манипулативни техники и пасивна мио-артикуларна гимнастика; процедури на терапија со притисок на одредени точки (навидум слични на тие што се користат во акупресурата и рефлексотерапијата); специјални техники и процедури на обработка на меки ткива (специјални масажни техники); стречинг елементи (истегнување, елонгација); методи за корекција и балансирање на постурата при одење и мирување; оптимални вежби на биомеханиката на локомоторниот систем. Физичките вежби што се практикуваат во терапијата Јумеихо се содржат од специјална гимнастика наречена Јумеихо Таисо (Yumeiho Taiso), придружена со техники за дишење, методи за релаксирање итн.
КОЈА Е ГЛАВНАТА ЦЕЛ НА ЈУМЕИХОTO?
Главната цел на Јумеихо терапијата е да ги подигне самолекувачките сили на организамот (виталната енергија ), откако ќе се стават во правилна положба ’рбетот, колковите и зглобовите.
ЗА ШТО ПОМАГА ЈУМЕИХО?
Јумеихо терапија помага за излекување на многу болести како на пример:
· Било каква болка во грбот или ’рбетот
· Лумбаго и ишијас
· Затегање во вратот и рамениците
· Болка во колковите, колената, зглобовите и ребрата
· Разни главоболки
· Менструална болка,
· Болест на џигерот, бубрезите, панкреасот и бешиката
ШТО ГО ПРАВИ ЈУМЕИХО РАЗЛИЧНО?
Јумеихо методот на Масајуки Сајонџи се разликува по тоа што користи комплексна редица од притискачки, гмечечки, релаксирачки, корективни, исправувачки техники по строго одреден редослед. Тие се обединети и систематизирани во овој уникатен метод и целосно се сообразени со Теоријата за центарот на гравитација (тежиштето) на човечкото тело. Според таа теорија многу од заболувањата се појавуваат поради нарушената рамнотежа на телото по изместувањето на центарот на гравитација. Тоа изместување се изразува во коскено-зглобна асиметрија на двете половини на телото. Се забележува едната нога е пократка, едниот колк е изместен, искривување на рбетот, изместување на едната лопатка и други последователни асиметрични промени.