Ние нудиме еден вид на третман т.е. традиционална јапонска масажа – Јумеихо.
Таа се состои од мануелна терапија, акупресура, корекција на зглобови и лесни истегања кои се спроведуваат во траење од 1 час и го опфаќаат целото тело.
Терапевтот користи околу 100 различни техники, изведени на оригинален и безболен начин.
За време на третманот, клиентот е целосно облечен во лесна и комфорна облека.
Јумеихо третманот се изведува на специјален душек поставен на под.
Целта на оваа терапија е да се исправи статиката на телото и длабински (од корен) да се отстранат ПРИЧИНИТЕЛИТЕ на болките во телото, што ниедна друга терапија не го прави.
Додека сите други третмани се базираат локално и моментално на местото на настанатиот проблем (болка, напнатост, повреда, исчашување), Јумеихо темелно го пронаоѓа и отстранува причинителот на несаканата состојба со цел да не дојде до повторна болка.
Се прави на мажи и жени од сите возрасти.
Јумеихо се фокусира да ја исправи вашата конституција.