Мисијата на платформата mojsovetnik.mk е да оствари проект за лесна финансиска едукација и достапност до информации за се поголемата понуда на најразлични финансиски продукти од најразлични компании.
Нашата цел е да Ви го олесниме патот до избор на Вашиот идеален финансиски производ.
Нашата мисија ја остваруваме соработувајќи исклучиво со стручни, лиценцирани и овластени брокери, агенти и консултанти од регистрирани Финансиски Друштва и Консултантски Куќи.
Како независна платформа и медиум го спојуваме клиентот со Финансиското Друштво кое ја дава НАЈДОБРАТА ПОНУДА според желбата и потребите на клиентот.
Со стручен совет на експери кои одговараат пред законот со својата лиценца, ги заштитуваме клиентите од најразлични Пирамидалните шеми, Понзи шеми, „Крипто стручњаци“ и самопрогласени Финансиски Советници и „Лајф Коучери за финасии“.
Платформата mojsovetnik.mk е проект раководен од Дарко Гавровски. Тој е дипломиран правник, кој од 2010 година професионално е посветен на работа како советник за лични финасии како дел од австриски финасиски холдинг, со над 1000 сервисирани клиенти и како тим лидер, обучувач и тренер на над 1700 нови колеги. Лиценциран е за работа во следните сфери:
✅ од 2012 - Лиценциран ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР со лиценца издадена од Агенција за супервизија на осигурување (број на лиценца УП -19-3-631, датум на издавање 05.10.2012)
✅ од 2022 - Лиценциран ИНВЕСТИЦИСКИ АГЕНТ со дозвола за работа издадена од Комисија за Хартии од Вредност (на ден 17.08.2022 година)
✅ од 2022 - Лиценциран ПЕНЗИСКИ АГЕНТ со решение од Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (на 05.09.2022 година запишан во регистарот на агенти со код_бр. 015507)
ФБ ИН Маил: