ФИМ Рандеву Меритум 2026 – СтругаМакедонија
ФИМ Рандеву Меритум 2026 – СтругаМакедонија
18-21 МАЈ 2026
ФИМ Рандеву Меритум е меѓународна програма организирана од Fédération Internationale de Motocyclisme (FIM), со цел промовирање на долгорочно моторциклистичко турирање и поттикнување на другарство меѓу моторџиите. Програмата е дел од Туринг дивизијата на ФИМ и е наменета за искусни моторциклисти кои учествувале на повеќе меѓународни мото-средби и имаат постигнато значајно ниво на успех во туринг-активностите.
Средбата Меритум 2026 ќе се одржи во Струга, во југозападниот дел на Македонија.
Настанот е планиран да се одржи во ист период со ФИМ Релито во Наксас, Грција, што им овозможува на учесниците да ги посетат двата настана во рамки на едно патување.
За оние кои сакаат да пристигнат порано, организациските капацитети ќе бидат отворени напладне во сабота, 16 мај.
Официјалната средба Меритум ќе трае од:
понеделник, 18 мај, до
среда, 20 мај,
а учесниците заминуваат по појадокот во четврток, 21 мај.
Средбата Меритум е исклучиво наменета за носители на признанието FIM Meritum. Сепак, доколку сè уште немате Меритум, а сакате да присуствувате на настанот во Струга, носителите на Меритум имаат право да поканат гости.
Датум: 18–21 Мај 2026
Локација: Струга / Охрид
Собиралиште / Камп: Камп АС – Хотел Дрим, Струга
Рано пристигнување: можно од 16 Мај
Рано пристигнување од 12:00
12:00 – 20:00 Отворање и работно време на административниот центар
12:00 Отворање на кампот
15:00 – 18:30 Самостојно разгледување на Струга, факултативно
19:30 Вечера во кампот (не е вклучено во регистрацијата), факултативно
08:00 – 20:00 Работно време на административниот центар
07:30 – 09:30 Појадок за гостите во кампот
10:30 – 17:30 Организирана автобуска екскурзија до манастирот Свети Јован Бигорски,
факултативно (минимум 15 лица)
19:30 Вечера во кампот (не е вклучено во регистрацијата), факултативно
08:00 – 20:00 Работно време на административниот центар
07:30 – 09:30 Појадок за гостите во кампот
10:30 – 18:00 Мото- тура низ Националниот парк Галичица
19:30 Вечера и официјално отворање на настанот со забава
08:00 – 20:00 Работно време на административниот центар
07:30 – 09:30 Појадок за гостите во кампот
10:00 – 18:00 Официјална екскурзија до манастирот Свети Наум и изворите на Охридското
езеро (со брод/автобус според временските услови)
19:30 Вечера и забава
08:00 – 20:00 Работно време на административниот центар
07:30 – 09:30 Појадок за гостите во кампот
11:00 – 17:30 Парада на нации и организирана прошетка низ Охрид
19:30 Вечера и официјално затворање на настанот со забава
08:00 – 11:00 Работно време на административниот центар
07:30 – 09:30 Појадок за гостите во кампот
11:00 Заминување и затворање на кампот