Распоред на активности за реализација на практичната настава на ФТУ Охрид:
Раководителот дефинира распоред за практична настава.
Доколку не е возможно обавувањето на практична настава во дадената институција/компанија и дадениот рок, раководителот во координација со студентот го прераспоредува во алтернативна институција/компанија или алтернативен рок.
По комплетирањето на распоредот за пракса, раководителот го споделува распоредот со студентите и ги информира доколку има некои промени. Врз основа на распоредот се издава потврда за упатување на практична настава, потпишана од Продеканот за настава.
Секој студент е обврзан да пополнува неделен извештај за пракса на крајот на секоја недела од четирите недели предвидени за пракса. Неделните извештаи се електронски и по секое пополнување автоматски пристигнуваат на емаил од раководителот. Раководителот ги печати неделните извештаи и ги предава на студентот. Неделните извештаи заедно со потврдата за пракса треба да имаат потпис од одговорното лице во институцијата и печат од институцијата.
Потпишаните документи се носат кај раководителот на финален потпис.
Студентот пополнува електронски формулар за евалуација на практичната настава.