Временска рамка
јануари 2023
еднодневна обука за вклучените наставници
1 февруари - 30 aприл 2023
реализација и евалуација на активностите / предизвиците
координација со одговорните наставници
ажурирање на веб страната со примери од успешно реализирани предизвици
мај 2023
завршување на главната фаза од проектот и промоција на резултатите со директорите и одговорните наставници од секое училиште
доделување на наградите во форма на едукативно -дидактички материјали
септември 2023
завршна конференција и промовирање на успесите од проектот
Опфат на ученици
Во проектот може да се вклучат ученици од 7мо до 9то одделение (12 - 14 години). Учениците треба да бидат од различна социјална, религиозна и културна позадина, како и со различен училишен успех.
Учениците треба да бидат со различни навики и ставови во однос на:
физичката активност и спортот;
креативните активности;
помош кон заедницата;
Се очекува рамномерна застапеност на ученици момчиња и девојчиња.
Реализација на активности / предизвици од понудената листа
За да може едно училиште успешно да го заврши своето учество во проектот и да може да се квалификува за наградата (пакет со едукативно-дидактички материјали по избор на училиштето) треба да се задоволат трите критериуми изложени подолу:
успешно реализирани најмалку пет (5) активности / предизвици од понудените петнаесет (15) активности / предизвици
успешно реализирани најмалку по една (1) активност / предизвик од секоја категорија
физичка активност и спорт
креативни активности
помош кон заедницата
навремено испратена целокупната документација потребна како доказ за успешното завршување на сите реализирани активности
Награди за успешно учество во проектот
За успешното учество во проектот училиштата учесници ќе се квалификуваат да добијат награда во форма на пакет со едукативно-дидактички материјали за поддршка на училиштето при реализација на наставната програма.
Со цел да се задоволат индивидуалните и специфичните потреби на секое училиште, пакетите од едукативно-дидактички материјали ќе бидат одбрани во соработка со училишните раководства на секое училиште поединечно.