10.09.2025 СПИСОК ЗА ПОЛАГАЊЕ ВОВЕД ВО АНГЛОФОНСКА КНИЖЕВНОСТ 2 (задолжително пријавување)
Се известуваат студентите што сигурно ќе го полагаат Вовед во англофонска книжевност 2 на 15 септември да се пријават на овој список најдоцна до 13 септември (сабота). Списокот го правиме со цел да обезбедиме точни термини за полагање на секој студент, за да избегнеме долго чекање ред.
На 14 септември (недела) во текот на денот ќе биде објавен конечниот список со одреден термин за секој студент. Ве молам проверувајте го овој сајт за информации.
Терминот на испитот се поместува наместо од 12 часот, од 14.30 часот. Испитот е устен.
Доколку се јави проблем, контактирајте ме на мејл rumena.buzarovska@flf.ukim.edu.mk
14.09.2025 СПИСОК ЗА ПОЛАГАЊЕ ВОВЕД ВО АНГЛОФОНСКА КНИЖЕВНОСТ 2 на 15.09
Се известуваат студентите што се пријавија да полагаат Вовед во англофонска книжевност 2 дека списокот за полагање со точното време и просторија е објавен на овој линк.
15.09.2025 ВАЖНО ИНФО: Увид во писмениот испит по Морфологија 1 кај А. Киркова --> се откажува
Се известуваат студентите кои полагаа Морфологија 1 дека закажаниот увид во испитот за денес во 11.00 часот се откажува. Друг термин ќе биде дополнително закажан.
За внесување оцена во индекс, студентите може да дојдат во 12.15 во англиската библиотека.
15.09.2025 Информација за испитот Англиска книжевност 6 кај проф. Милан Дамјаноски
Сите студенти кои планираат да го полагаат испитот по Англиска книжевност 6 (роман) во 9 ч. на 17.09 (среда) кај проф. Милан Дамјаноски, да испратат мејл за потврда најдоцна до 17 ч на 16.09 ( вторник) на m.damjanoski@flf.ukim.edu.mk.
16.9.2025 ИЗВЕСТУВАЊЕ во врска со полагање САЈ 6 - дел ПРЕВОД
Студентите коишто ќе полагаат САЈ 6 превод на 19.9.25 да се пријават кај проф. Мери Л. на mlazarevska@gmail.com најдоцна до 18.9.25. Испитот ќе се одржи од 19 до 20ч. online.