29.09.2025 Внесување оцени од испитите Морфологија 2 и Лексикологија 2 кај проф. Ј. Лазаревска
Внесување оцени и увид во тестови на 30.9.2025 (вторник) во 13.30 часот во англиска библиотека.
29.09.2025 Устен испит САЈ 6 кај М. Јошевска
Сите студенти што полагаа САЈ 6 (кај Маја Јошевска Петрушевска) на 19.09 да се јават на увид и устен испит во четврток (02.10) во 12:30 во Англиската библиотека, кабинет број 6.
29.09.2025 Соопштение до студентите на програмата Применети странски јазикци (DAFLS)
Распоредите за студиската програма ПСЈ (DAFLS) за сите три години се објавени во делот Распореди.
26.09.2025 Соопштение до студентите од четврта година во врска со хоспитациите во рамките на Практична подготовка за наставата по англиски јазик 1 (ПП1)
Студентите што планираат да хоспитираат во рамките на ПП1 потребно е да се најават на следниот линк. Хоспитирањето е задолжителен дел од ПП1.
За евентуални прашања во врска со хоспитациите, слободно обратете се кај Елена Ончевска Агер: elena.oncevska@flf.ukim.edu.mk
25.09.2025 Соопштение до студентите кои запишуваат 3 година
Список студенти од трета година
Сите студенти што ќе запишуваат/презапишуваат САЈ 5 во зимскиот семестар 2025/2026 да се запишат на списокот на следниот линк до 28.09 (недела):
https://docs.google.com/spreadsheets/d/11LrJb4ZGUa_H7ZLCpQ5Ko9OFNf7MtJpsDBo8l-GPsQ4/edit?usp=sharing
Врз основа на тој список ќе се направи распределба по групи која дополнително ќе биде објавена. За какви било прашања контактирајте ја Маја Јошевска-Петрушевска на m.joshevska@flf.ukim.edu.mk.
24.09.2025 Соопштение до сите студенти
Се известуваат студентите дека распоредите на часови за зимскиот семестар 2025 за сите години се објавени во делот Распоред на часови.
Поделбите по групи по години ќе бидат дополнително објавини по завршувањето на уписите.