Професионален развој
Post date: Feb 01, 2017 9:11:35 AM
Обука со наставници „Емоционална писменост“
На 11. 01. 2017 год . од страна на училишниот психолог беше реализирана обука на тема „ Емоционална писменост “.
Во рамките на наведената обука беа обработени следниве теми :
*Значење на довербата
*Концепт за ЕГО состојби
*Концепт за „ контакти“
*Отварање на срцето
*Истражување на емоционалниот пејзаж
*Превземање на одговорност
Сите учесните изразија задоволство и покажаа голем интерес за содржините кои беа предмет на работа на оваа обука.
Обучувач психолог Јорданка Радевска
ДИСЕМИНАЦИЈА „Читаме, учиме и се забавуваме“
Според планот за работа на Активот на одделенска настава беше реализирана дисеминација од еднодневната обука „Читаме, учиме и се забавуваме“ од проектот „Со читање до лидерство“
Пред наставниците од одделенска настава од страна на учесниците кои ја посетија обуката беа презентирани следните техники:
Светлана Жежовска: Подрачје Препознавање букви и зборови:
Ѕиден буквар; Песна на азбуката; Азбучна лента; Азбучен воз; Госпоѓицата од А до Ш; Азбучно бинго;
Весна Рафеска: Подрачје Читање текст и Вклучување на семејството во процесот на описменување на децата
Игра на шифрирање и дешифрирање; Скриени букви; Имате прашање? – со прашување до читање
· Елизабета Младеновска: Подрачје Разбирање не текст:
Читај за да нацрташ и раскажи што си нацртал; Приказна во тегла; Детектив на зборови; Ѓердан од зборови; Да сум . . .; Прашања за прочитаната книга;
Одделенските наставници искажаа задоволство од релизиранат дисеминација и сметаат дека сетот од техники ќе најде примена на часовите по македонски јазик при описменување во почетните одделенија.