Спречување изведба на топлински мостови на градежните конструкции:(според МКС ЕN ISO 6946:2009, МКС EN ISO13370:2009 10211-2, МКС ЕН ИСО 13789, МКС ЕН ИСО 14683 од 1999 г.)
елиминирање на топлинските мостови во градежните конструкции преку избор на соодветен систем на топлинска заштита;
топлинско изолирање со правилни градежно-физички решенија и правилни градежно-физички детали;
правилен избор на градежни и соодветни топлински изолациски материјали, со цел да се заштитат конструкциите од градежни оштетувања од делувањето на создадената влага и кондензација на местата на топлинските мостови.
Обезбедување на правилна дифузија на водената пареа во градежните конструкции и спречување на појава на кондензат НА и ВО градежните конструкции, особено во топлинско изолациските материјали:
Заштита на луѓето што престојуваат во нив од нехигиенските и нездрави услови за живот што се јавуваат како последица од појавата на влага и мемла во објектот.
Обезбедување на коректна дифузија на водената пареа со избор на соодветен систем на топлинска заштита или топлинско изолирање - со правилни градежно-физички решенија, правилни градежно-физички детали и правилен избор на градежни и топлинско изолациски материјали со цел да се заштитат конструкциите од градежни оштетувања предизвикани од штетното делување на неправилната пародифузија, кондензација и создадена трајна влага НА и ВО конструкциите.
Спречување на појава на површинска кондензација која ја разорува ентериерската обработка на просториите и спречување на создавање предуслови поволни за одредени заболувања што се јавуваат како последица од влага и мемла во објектот.