Изработка на технички решенија, елаборати и проекти за топлинска заштита според важечките MKS EN ISO (2005) стандарди во Македонија и ПРАВИЛНИК ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ГРАДЕЖНИТЕ ОБЈЕКТИ, според барањата на Законот за градба.
Топлинско изолирање на градежните конструкции (преградни ѕидови, таваници, кровни покривачи, прозорци...) на објекти од високоградбата: станбени, деловни и јавни објекти, хотели, музеи, сакрални, индустриски и друг вид објекти што се затоплуваат и/или разладуваат, наменети за престој на луѓе, со цел да се заштити објектот и корисниците од неповолните климатски услови во дадениот локалитет што го опкружуваат објектот и соодветна енергетска ефикасност на објектот што се затоплува.
изработка на најоптимални градежно-физички решенија;
оптимални и економични градежни конструкции, со правилни градежно-физички детали;
примена на соодветно квалитетни и трајни градежни и топлинско-изолациски материјали, соодветни за правилно и потребно изолирање на градежните објекти.
Спречување изведба на топлински мостови на градежните конструкции:(според МКС ЕН ИСО 10211-1, МКС ЕН ИСО 10211-2, МКС ЕН ИСО 13789, МКС ЕН ИСО 14683 од 1999 г.)
елиминирање на топлинските мостови во градежните конструкции преку избор на соодветен систем на топлинска заштита;
топлинско изолирање со правилни градежно-физички решенија и правилни градежно-физички детали;
правилен избор на градежни и соодветни топлински изолациски материјали, со цел да се заштитат конструкциите од градежни оштетувања од делувањето на создадената влага и кондензација на местата на топлинските мостови.
Обезбедување на правилна дифузија на водената пареа во градежните конструкции и спречување на појава на кондензат НА и ВО градежните конструкции, особено во топлинско изолацискиот материјал:
Заштита на луѓето што престојуваат во нив од нехигиенските и нездрави услови за живот што се јавуваат како последица од појавата на влага и мувла во објектот.
Обезбедување на коректна дифузија на водената пареа со избор на соодветен систем на топлинска заштита или топлинско изолирање - со правилни градежно-физички решенија, правилни градежно-физички детали и правилен избор на градежни и топлинско изолациски материјали со цел да се заштитат конструкциите од градежни оштетувања предизвикани од штетното делување на неправилната пародифузија, кондензација и создадена трајна влага НА и ВО конструкциите.
Спречување на појава на површинска кондензација која ја разорува ентериерската обработка на просториите и спречување на создавање предуслови поволни за одредени заболувања што се јавуваат како последица од влага и мемла во објектот.
Затоплувањето (кaкo и разладувањето) на просториите претставува голем издаток за потрошената енергија, како во приватниот така и во јавниот буџет, и е многу важно како располагаме со неа и како ја трошиме. Обезбедување соодветни градежни конструкции на објектите, од градежно-физички аспект, како и примена на правилни топлинско изолациски материјали (види: минерални волни ISOVER) нивно правилно вградување во конструкциите, може значително да ги намали годишните трошоци за потрошена енергија и енергенти (електрична енергија, нафта, дрво, јаглен...). Во зимскиот период правилно топлински изолираните простории и конструкции во голема мерка ќе ги спречат загубите на топлината низ градежните конструкции што претставуваат гранични површини помеѓу топлото и студеното (фасадни ѕидови, меѓукатни конструкции, подови на терен, покриви, поткровја, прозорци...) а во периодот на летните жештини ќе го намалат продорот на врелиот воздух во просториите.
Со правилен избор на вкупна соодветна топлинска заштита и топлинско изолирање на објектот со правилни градежно-физички решенија, правилни градежно-физички детали и користење на правилни градежни и топлинско изолациски материјали, може да се обезбеди намалена вкупна годишна потрошувачка на топлинска енергија дури и до 40%.