Обезбедување на потребна звучна изолација на градежните конструкции во објекти на високоградбата: станбени и деловни објекти, болници, хотели, училишта, ресторани, кафулиња, дискотеки..., со цел да се заштитат корисниците на објектот од прекумерна и недозволена бучава што атакува на луѓето во некој простор од друг, внатре во објектот според барањата на МКС У.Ј6.201/табела 1
Изнаоѓање и изработка на оптимални звучнозаштитни решенија и пресметки што ќе ја обезбедат потребната звучна заштита на поодделните вертикални и хоризонтални градежни конструкции помеѓу простории на соседни станови, помеѓу хотелски соби, помеѓу училници... според стандардот МКС ЕН 12354/2010. Изработка на оптимални и економични градежни конструкции за звучна заштита, соодветно исправни градежни детали за изведба и соодветно квалитетни материјали.
Обезбедување на потребна задолжителна минимална звучна заштита во високоградбата според барањата на македонскиoт стандард МКС У. Ј6.201/1989 - Табела 1 и методологијата на пресметки според важечките Европски стандарди МКС EN 12354/1,2 (2010); ISO EN 12354/1, ISO EN 12354/2; DIN EN 4109 (2005).......
Звучна изолација од надворешна бучава
Звучна заштита на простории во објектите (станови, болници, хотели, училишта, театри, концертни сали, дискотеки, кино сали …) од НАДВОРЕШНА БУЧАВА ОД НЕПОСРЕДНО СОСЕДСТВО (сообраќај, клима уреди, чилери, компресори, бучни занаети, локали со озвучување итн...). каде се бара обезбедување на минимално дозволено ниво на бучава внатре во станбените и деловните простории според ISO NR кривите (NR35; NR40; NR45…).
Звучната заштита на просториите подразбира заштита од вкупно ниво на бучава што потекнува како од ВНАТРЕШНИ ИЗВОРИ НА БУЧАВА ВО ОБЈЕКТОТ (машински уреди, клима централи, агрегати, компресори, бучни работилници, бучни локали...) така и од НАДВОРЕШНИ ИЗВОРИ НА БУЧАВА (сообраќај, кафулиња и локали со озвучување итн...).
Изработка на најоптимални предлог проектни решенија на градежни конструкции и системи што ќе го обезбедат бараното потребно и дозволено максимално ниво на бучава внатре во просториите според барањата на стандардoт МКС У.Ј6.201/89, Табела 1 и прописите со обврзна примена (ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ ВО КОИ СЛУЧАИ И ПОД КОИ УСЛОВИ СЕ СМЕТА ДЕКА Е НАРУШЕН МИРОТ НА ГРАЃАНИТЕ ОД ШТЕТНА БУЧАВА) со соодветни хоризонтални и вертикални градежни конструкции, детали и соодветни градежни материјали за успешна абсорбција на звукот и изолирање од звук што ќе ги заштити објектите и ќе го обезбеди потребното дозволено ниво на бучава во просториите.
Звучна заштита од надворешна бучава
Звучно НЕИЗОЛИРАН објект за чилер во урбана зона (Lmax>85 dB.A)
Звучно НЕИЗОЛИРАН објект за чилер до станбен објект во урбана зона (Lmax>85 dB.A)
Намалување на бучава од уреди што произведуваат прекумерна бучава на самото место на изворот (чилери, дизел-агрегати, компресори…) и заштита на објектите во непосредното соседството од бучавата.
Изнаоѓање на технички решенија и изработка на проекти за звучно-заштитни системи и објекти во кои се сместени уредите што генерираат континуирана бучава со звучна снага Lw: 70 dB < Lmax < 90 dB.A (многу поголема од максимално дозволената) во урбаната средина (дење и/или ноќe) и со својата работа го нарушуваат мирот на граѓаните во нивните домови, училишта, хотели....
Обезбедување на намалување на сообраќајната бучава на места каде протокот на голем број возила ја загрозува непосредната урбана околина и просториите во објектите во локалитетот (преоптеретена градска сообраќајница, крстосница, автопат низ населени места итн...).
Изработка на пресметковни анализи на нивото на штетна бучава според бројот и вид на возила, подлога на коловозот, близина на крстосницата итн... и предлог решенија за заштита од истата.
Изнаоѓање на очекуваното ниво на прекумерна сообраќајна бучава за која треба да се обезбеди соодветна звучна заштита, звучнозаштитни фасадни конструкции (ѕид+прозорец), звучни бариери, звукоабсорбентни панели и сл….
Изработка на предлог мерки и проекти за звукоизолациски градежни конструкции - звучнозаштитни бариери за намалување на бучавата и спречување на нејзино ширење.
КЛИНИКА ЗА АУДИОЛОГИЈА-Скопје: Проект за специјализирани простории за испитување на слух и акустички мерења на оштетување на слухот;
АУДИОЛОШКО-ФОНИЈАТРИСКИ ЦЕНТАР на РМ - Скопје: Специјализирани простории за аудиолошки испитувања и фонијатриски вежби;
Аудиолошки тест кабини за испитување на слух;
МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ - Скопје: Специјализирани простории за испитување и мерење на оштетувања на слухот
АУДИОЛОШКА КАБИНА според ЕН нормите за кабини за испитување и мерење на слух;
КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО-Скопје: Заштита на просториите од прекумерна бучава од клима уредите внатре во објектот.
КЛИНИКА ЗА АУДИОЛОГИЈА-Скопје: Проект за специјализирани простории за испитување на слух и акустички мерења на оштетување на слухот; ?????????
Проект за заштита од бучава на објектот и околината од прекумерна бучава при работа на чилерот Air-Cooled Water Chiller EVAPCO AT/S 60 (SPL = 93 dB.A) сместен во подрумот на објектот на ПТТ во Штип
Проект за заштита на станбената околина од штетна бучава од компресорските уреди и агрегат во Ф-ка АЛУМИНА - населба Тавталиџе, Скопје
Проект за заштита од бучава и вибрации од клима централата во подрум на објектот МАКПЕТРОЛ во Скопје
Проект за заштита на службениот ресторан и другите репрезентативни простории од прекумерна бучава и вибрации од клима уредите во подрум на објектот ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО - Скопје
Заштита од сообраќајна бучава на станбените објекти на Градска Порта - Скопје (нереализиран проект)
Заштита од сообраќајна бучава на објектот ГРАДСКА ХИРУРШКА БОЛНИЦА - Скопје (2001)
Заштита од сообраќајна бучава од ул. Водњанска на објектот КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО - Скопје (2001)
Затворено стрелиште МУП Котор, Црна Гора
Затворено стрелиште Ф-ка САМОКОВ во Скопје
Дискотека ВИНОЈУГ - Гевгелија
Проект за звучна заштита на просторија за ДИЗЕЛ-АГРЕГАТ (LwА > 85 dB.A) и просторија за ТРАФО-УРЕД 1000 KVA (LwA > 66 dB.A) во објектот "Македонски телекомуникации" - Скопје (2002)
Проект за заштита од бучава на објектот и околината од прекумерна бучава од Air-cooled Water Chiller INTERKLIMA MPCA-105 (SPL > 66 dB.A) во објект на SET Computers во Скопје (2003)
Проект за заштита на објектот и околината од прекумерна бучава од Air-cooled Water Chiller DAIKIN EUWA50K (Lw = 97 dB.A) во станбен објект на Водно - Скопје (2003)
Хотел СИРИУС - Струмица (2003-2004)
Хотел и станбено-деловен објект М.Џ.РИКОМ Интернатионал - Градски Парк - Скопје (во градба)
Хотел КАРПОШ -Македонијатурист Скопје (2004)
Затворено комерцијално стрелишта ARSENAL - Струга (2004)
JAZZ-CLUB "DUCK" во станбен објект - Охрид (2004)
Проект за бариера за заштита од прекумерна бучава (Lw > 97 dB) на станбената околина од Air-cooled Water Chiller CARRIER 30GH-060-921Е лоциран на покрив на објектот ФОНД ЗА ЗДРАВСТВО во Скопје (2004)
Проект за намалување на прекумерната бучава (Lw > 96 dB) што ја генерираат чилерите Air-cooled Chiller TRANE - CGCL 600 во објектот КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО и звучна заштита од бучава на околината во Клиничкиот Центар во Скопје (2005)
Проект за звучна заштита на ДИСКОТЕКА BE TWO (ex-METROPOL) во Скопје од прекумерна бучава Lw > 110 dB од аудио опремата на непосредната надворешна околина (Плоштадот Македонија).
Студија за примена на гипскартонските плочи во подобрувањето на звучните и топлинските квалитети на градежните конструкции (Диплома за истражување БИМАС 1985)
Студија за звучно заштитните карактеристики на преградните ѕидови од гипсени блокови на РАДИКА - Дебар.
Студија за примена на плочи од експандиран полистирол (УСЈЕПОР) како звучен и топлински изолатор во градежништвото (1997)
Ревизија на проект: Заштита на околината од сообраќајна бучава на северната обиколката (автопат) околу Скопје,
Ревизија на Проект за акустика на новиот ТЕАТАР „Ј. Х. ЏИНОТ„ во Велес
Ревизија на Проект за акустика на новиот ТУРСКИ ТЕАТАР во Скопје
МЕМОРИЈАЛЕН МУЗЕЈ на Кемал Ататурк (Стара Турска Касарна) - објект Завод и Музеј Битола
Проект за топлинска заштита: МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА - Скопје
Проект за топлинска заштита: МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР НА ТОШЕ ПРОЕВСКИ - Крушево
Проект за звучна заштита: British Council - VIDEOCONFERENCE ROOM, CONFERENCE ROOM, TRANSLATORS BOOTHS: објект НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје
Проектна Програма за акустика на објектот МНТ - ТЕАТАР ЦЕНТАР во Скопје
Проектна Програма за акустика за објектот ДРАМСКИ ТЕАТАР - КАРПОШ во Скопје
ТВ серија: БУЧАВАТА Е МЕЃУ НАС (3 x 30 минутни епизоди):
ТВ емисии за штетните последици од бучавата во животната и работната средина
ТВ серија: KАКО ДО ПОЕФТИНО ЗАТОПЛУВАЊЕ (5 x 45 min. епизоди):
ТВ емисии за топлинска заштита на објектите, заштеда на енергијата за затоплување, намалување на загадувата на воздухот, штедење
на дрвото и електричната енергија како огревен материјал...
ТВ серија: AKУСТИКА ВО ЈАВНИТЕ ОБЈЕКТИ (2 x 45 минутни епизоди): емисии за квалитетот на чујноста во црквите, театрите,
музичките и концертните сали, училниците...
ЕМИТЕР: ЗА НЕКОИ ЗАБЛУДИ ОКОЛУ ЗВУЧНАТА ЗАШТИТА (2002)
ЕМИТЕР: VIP - ВАКУУМ ИЗОЛАЦИСКИ ПАНЕЛИ - Високо ефикасен изолациски систем за иднината:
GTZ-ROUND TABLE: Конфликтни барања на звучната наспроти топлинската заштита на надворешните конструкции на зграда
WORKSHOP: За акустичкиот квалитет и акустичкиот дизајн на концертни сали; Aрх. Факултет - Скопје,
ПОРТА 3: ШТО Е ТОА ПАСИВНА КУЌА
ПОРТА 3: ДЕЛФТСКАТА ПОРТА - ХОЛАНДСКИОТ ФЕНИКС
ПОРТА 3: НOВА КОНЦЕРТНА САЛА НА ЛУКСЕМБУРШКАТА ФИЛХАРМОНИЈА-Уште еден бисер во ниската европски музички сцени
ПОРТА 3: ЛЕБЕДОТ УБАВЕЦ - МОСТОТ ЕРАЗМУС ВО РОТЕРДАМ
ПОРТА 3:ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ГРАДБИТЕ - Нов европски закон: 2005