Список со желби

Kолку пати не сте знаеле што да подарите на пријател за роденден и сте купиле нешто што сепак, на крајот, пријателите не го користат?

Колку сте свесни за тешката економска ситуација на голем број луѓе насекаде низ светот, кога сé повеќе луѓе не можат ни да ги платат своите месечни сметки, или пак дури и храна, или да си дозволат предмет за домаќинството, во ова стресно време? Колку пати сте добиле желба да помогнете?

Да бидеме солидарни на практичен начин. Кога можеме, да им го подаруваме на луѓето токму она што навистина им треба. Со тек на време, да ги скршиме табуата и стереотипите за тоа да прашаме некого што сака за роденден и навистина да ни каже! Сите имаме желби и потреби!

Многу подобро, отколку да не прашаме, и на крајот да одбереме навидум генијален подарок кој за жал само ќе собира прашина.

Оттука и инспирацијата за оваа иницијатива.

Идејата е инспирирана од принципите на практичност и минимализам, по принципот на солидарност и меѓусебно помагање да се олеснат овие времиња на голема материјална несигурност, кога многу луѓе имаат проблем да си обезбедат основни трошоци како средства за храна и сметки за домот. 

Иницијативата се базира на меѓусебни директни донации, т.е. подароци - искуства и предмети кои им се потребни или би им го разубавиле животот. 

Продолжи до Правилата на користење

Продолжи до Списокот со желби