мПаркинг™ е наменета за олеснување на процесот на плаќање паркинг услуги преку СМС за зонско паркирање. Апликацијата може да се користи бесплатно од страна на корисниците на паркинг услуги кај паркинг оператори чии зони за паркирање се измапирани во системот. Не е дозволено користење на мПаркинг™ за која било друга цел. Не е дозволена препродажба, комерцијална или деривативна употреба на мПаркинг™ на начин различен од горенаведениот, или користење какви било роботи или слични методи за собирање и екстракција на податоци.
Кодекс Компјутери може да го смени, суспендира или прекине било кој аспект од мПаркинг™ заради надградба, репарација или сигурносни причини. Кодекс Компјутери исто така може да наметне ограничување на одредени функции и аспекти на мПаркинг™, или да го ограничи пристапот до делови или до цел мПаркинг™.
Кодекс Компјутери може, по своја сопствена дискреција, да го прекине или да го суспендира вашиот пристап до сите или било кој дел од мПаркинг™, во било кое време, со или без претходна најава доколку детектира повреда на овие Услови за користење. Секоја измамлива, навредлива или на друг начин нелегална активност или активност што може да влијае врз користењето на мПаркинг™, од страна на други лица, може да биде основа за престанок на вашиот пристап до сите или дел од мПаркинг™
Кодекс Компјутери е и ќе остане единствен и ексклузивен сопственик на сите права, наслови и интереси, вклучувајќи ги и авторските права и сите други права на интелектуална сопственост, во и на мПаркинг™, целата технологија што ја користи Кодекс Компјутери за да ја обезбеди функционалноста на мПаркинг™. Вие нема да добиете никакви права на било кој дел од горенаведеното, освен правото на пристап и користење на Вашите податоци како што е планирано и дозволено со мПаркинг™ и во согласност со овие Услови за користење. Вие се согласувате да не менувате, изнајмувате, под закуп, позајмувате, продавате, доделувате, дистрибуирате, лиценцирате, подлиценцирате, вршите “обратен инженеринг” или создадете дериватни дела врз основ на горенаведеното.
мПаркинг™ се дава на основа "како што е" без услови од каков било вид, експлицитни, имплицитни или законски, во смисол на обезбедување на дополнителни функционалности или задоволување дополнителни барања. Вие изрично се согласувате дека целата употреба на мПаркинг™, е на ваша сопствена волја.
Вашата приватност и доверливоста на вашите лични податоци се од најголема важност за Кодекс Компјутери. Покрај содржината на овие Услови за користење, ве молиме погледнете ја Изјавата за приватност на Кодекс Компјутери за информации за тоа како ние ги обработуваме Вашите лични информации.
Кодекс Компјутери може повремено да ги менува овие Услови на користење. Ако не се согласувате со какви било модификации, треба да ја прекинете употребата на мПаркинг™, Вашето континуирано користење на мПаркинг™, сега или по објавувањето на известувањето за какви било промени во овие Услови на користење, ќе претставува обврзувачко прифаќање од Вас на Условите за користење и сите понатамошни измени.
Ако некоја одредба од овие Услови на користење се смета за незаконска, неважечка или неприменлива од било која причина, тогаш таа одредба ќе се смета како прекината од овие Услови на користење и нема да влијае на валидноста и спроведливоста на останатите одредби.