Политиката за приватност на личните податоци содржи информации поврзани со собирање и обработка на лични податоци од физички лица - субјекти на лични податоци кои ги собира, чува и обработува Кодекс компјутери Кавадарци.
Контролор: Кодекс компјутери ДОО
Адреса: Ристо Миов бр.17 Кавадарци
Oфицер за заштита на личните податоци Информации во врска со обработката на Вашите лични податоци и/или за остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да добиете од нашиот офицер за заштита на лични податоци Дејан Николов, преку следните канали за комуникација:
e-mail: ozlp@codex.mk
Телефон: 070 324 517.
Кодекс компјутери како контролор на лични податоци е посветен кон одржување на доверливоста на личните податоци кои ги обработува и за таа цел сите вработени добиваат соодветна обука и ги разбираат нивните одговорности во заштита на личните информации. Кодекс компјутери обработува лични податоци кои ги добива од субјектите на лични податоци. Кодекс компјутери е посветен да обезбеди заштита на Вашите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Податоци што ги прибираме од Вашата посета на нашите веб-страници се оние што Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ја реализираме нашата дејност во врска со која било услуга и/или продукт што ги нудиме. Категории на податоци кои може да се прибираат се некои од следниве категории лични податоци:
- Име презиме
- Единствен матичен број (ЕМБГ) или единствен здравствен број на осигуреникот(ЕЗБО)
- E-mail адреса
- Телефонски број
Во одредени случаи исто така се запишуваат информации во форма на “Cookies”на Вашиот компјутер. “Cookies” се мали датотеки кои се внесуваат во компјутерот на посетителот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на “Cookies” можат да се користат само за потребите на web услугата и тоа на начин кој нема да ја загрози Вашата приватност. Исто така за корисниците кои се јавуваат на нашата фиксна телефонска линија вршиме снимање на телефонските разговори со цел контрола на квалитет и подобрување на услугата за што истите се информирани пред започнување на секој разговор дека разговорот се снима за одредената цел.
При посетата на страницата ги обработуваме Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контакт информации) само доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете преку регистрирање на нашата страница. Oвие лични податоци се користат за креирање на корисничка сметка, потврдување на идентитет на корисникот и испраќање на разни известувања.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци, утврдени во Законот за заштита на личните податоци се следните: - Право на информирање за користење на личните податоци
- Право на пристап
- Право на исправка
- Право на бришење
- Право на преносливост на податоците
- Право на приговор
- Право на ограничување на обработката
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци. Кодекс компјутери ќе Ви достави информација за преземените активности врз основа на Ваше барања без непотребно одложување и согласно утврдените рокови во Законот за заштита на личните податоци.
Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на Кодекс компјутери не е во согласност со одредбите на ЗЗЛП или пак сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Барањето и информации околу ова може да најдете на страната https://azlp.mk/
Кодекс компјутери има имплементирано соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди безбедност на Вашите лични податоци од нивна неовластена обработка или од случајно губење, оштетување или уништување. Кодекс компјутери укажува на потребата за избор на безбедна лозинка при креирање профил на нашата веб-страница или апликации. Нашите вработени се обучени да работат во согласност со законските одредби за заштита на личните податоци и интерните акти за заштита на лични податоци и обврзани се истите да ги почитуваат. Секое лице кое има пристап до Вашите лични податоци е обврзано да ја заштитува тајноста на податоците и да постапува според упатствата на Кодекс компјутери во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци.
Податоците што се прибираат се чуваат во согласност со закон и со нашите интерни акти во периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Доколку побарате бришење на Вашите податоци тие ќе бидат избришани.
Кодекс компјутери не врши пренос и споделување на податоците со трети страни, а исто така не врши пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Северна Македонија. Доколку дојде до промена на оваа одлука, за тоа ќе бидете соодветно известени.
Оваа Политика за приватност на личните податоци може да се менува по потреба или при промена на законските одредби.