Колку еден саат од градо Деб’р, помеѓу Долни Деб’р и Горни има еден камен што се вика од дебраните ,, Гури шпу “ (камен дупен). Тој камен је голем близу две метра и малце потесен.
За тој камен, се прикажуа за Марка Кралета, кога одел по тој пак за Долни Деб’р, да го натерал Шарца пеливана да удри со нога во камено и го дупнал. Во истото време Марко се измочал во камено и го дупнал. Тоа нешто Марко го напраил, едно, за да се прикажуар и, друго, да му докажи на Шарца пеливана да јет Марко појунак од Шарца, чунки Шарца коња со коана нога со железо го удрил камено и го дупнал, а Марко со мочта го дупнал.
( Јунастата на Марка Кралета )
Многу јунаста се прикажуаат за Марка Кралета од стари луѓе. Како за Марка се прикажуаат, така и за сестра му Кита, што била кралица во Кичаа.
Дојдуајќи Маркоата сестра Кита во Прилеп, при брата је на гости, се закачиле да се фалат кој јет појунак од двата, и дошла работата да се обидат со камен фрлање.
Зел Марко едно камчиште, та ти го фрлил од кулите за кај с. Коњари и паднал близу до Варош (Варошко Поле), а пак сестра му на Марка зела уше поголем камен, та коа го метнала, многу подалеку паднал од Маркоио камен. Китнио камен паднал дури до коњарски синор.
И ден-денеска стојат тие камења закачени в семја и секој што ќе ји види, ќе си намисли за Марка и Кита.
Околу еден саат далеку од Прилеп на запад на едно место што се вика Песјобрци. Тамо има камење во земјата и на тие камења има стапалки од коњо на Марка кај што слегол од коњо Марко, и кај што стапил – тамо му се закачиле нозете и се познаваат до ден-денеска.
Кој ќе помини на Песјобрци, се сака да ји види тие стапалки од Марко и од коњо.
Ами зер саде во Прилеп Марко и сестра му Кита фрлале камење? Не саде во Прилеп, море не, ами и на многу места фрлале! Помеѓу Кавадарци и Ваташа на пато има два камна фрлени од Марка и од сестра му Кита. Саде не знаат луѓето од кај се фрлени, дали од Прилеп, дали од друго место. На тие два камна имало нишан од разете на Марка кај го фатил со рака да го фрли; така и на другио камен има нишан од рацете на сестра му Кита.
Да, ете, од тие нишани свето веруат оти вистина се фрлени од Марка: као Марка јунак немало друг.
До селото Врба (Радомирско) имат два камна фрлени од Марка и од сестра му на Марка. Еднио камен бил врзан со ременот од марка и фрлен како праќа, а пак другио камен бил преврзан со ѕуницата од сестрата му на Марка, и таа го врлила као со праќа. И на двата камна има белешки кај што биле престегнати камено и со ѕуницата.
И ден-денеска стојат тие камење.
Марков Камен во с. Љуботин
Кога сакале да се тепаат џент кралеите на рамно Косоо, се собрале кралеи и банои да праат мушавере као да ‘и пречекаат Турците и да ‘и истепаат за да не му завладаат земјата. Сите биле собрани во целото Љуботин (Косовско) и помеѓу сите кралеи бил и Марко од Прилеп. Секој се валел со своето јунасто. Фалејќи се секој, се повалил и Марко; за да видат сите оти је силен и јунак, грбнал една спила што била таму (како од Бога максус да била остаена тамо) и коа ја кренал на десната рака и потскочил неколку нозе и ја вртил спилата, велејќи му на кралеите:
- Еве јунак кого викаа, кој врлат камен од село Љуботин до селото Доброшти.
Така му рекол Марко на кралеите и го метнал камено за во целото Доброшти. Арно, туку не го доврлил до во селото, ами до пол пат г врлил, и тамо паднал, чунки Госпо му ја скусил силата, да не се кабардисуа толку Марко со негоото јунасто.
Коа виде Марко оти на пол пат му паднал каменот, малку као да се устрамил од кралеите дека не го отерал до целото Доброшти и веднаш ја курдисал една лага:
- Сакав в цело да го врлам каменот, арно ама преесапив да не истепам селаните, тики доонде го врлив
. Чекај да му појдам да го пресечам со сабјава за да се паметуа и да се вика Марков Камен – му рекол на кралеите.
И за вистина вака се вика тој камен до ден-денеска од Турци и од рисјани М а р к ов К а м е н , пресечен со сабјата на полојна, да се паметуа и да се прикажуа по сета цареа земја.
Предание за Марка Кралевиќ и Секула Детенце кога си делеле царството
Марко Крале и внук му Секула Детенце кога кралуале, кралс
твото му било неделено, наедно си кралуале земјата.
Бидејќи Секула бил појунак од Марка, Марко му завидувал на јунастото што го имал и му барал крајо за да го загуби, арно ама Госпо неќи да го пизмиш чоека. Ти колку да го пизмиш, Госпо поеќе добрина ќе му праи (Вака ми велеше Јоан мајсторо коа ми прикажуваше ова нешто за Марка и Секула Детенце, кога ја праеше калдрмата у попа Смирка.) Не можејки Марко некое зло да му напраи на Секула, измислил еден маривет за да му ја земи земјата сета од Секула и да го истера од делот шѕо го имал.
Пратил книга Марко по пиле соколоо при Секула Детенце за да дојди во Прилеп при Марка да му речи нешто. Едно зел книгата Секула Детенце од пиле соколоо, и веднаш јавна коња бедевија, та му отишол при Марка Кралета во Варош града.
Бидејќи Марко му мислил зло на Секула, го пречекал со голем ќеф, ама не од срце, ами за лице само се препраал ѓоа го милуат. Три дни и три ноќи што јале и пиле на Маркоите кули и на треќио ден Марко му отвори зборо што сакал да кажи.
- Слушај ваму, внучко, ото сакам да ти речам: еве кај Турци насилеа, а пак ние двата се чекаме еден на други да си ја браниме дршаата. А пак едно дете што је од два татка, тоа ќе си оди без капа. Ја, ај ние да си ја делиме семјата и кој колку ќе имаме, толку да си повеламе, и да си ја чуваме и вардиме од Турците.
- Е, лели сакаш, стрико Марко – му рекол Секула – да си ја делиме! Арно ама како да ја деиме, како си измислил ти? Кажи да видиме.
- Еве како сум измислил јас - му рекол Марко. – Ти ќе појдиш на крајо од нашата држаа и ноќеска коа ќе пропеат петли, ќе го јавниш коњо и ќе го бодињаш колку што можи коњо да бодиња; а пак и јас одовде ќе го боднам мојо коњ и до кое место ќе се сретиме, дотамо кол ќе удриме.
- Бе, варѓеч од оваа работа, бре стрико Марко, оти ќе ни се смеат луѓето и можи да се прикажуа дури стои веко; ај како што сме си повелале, па да си повеламе и да се крепиме, да не не навјасаат Турците – му рекол Секула.
Од тие прави зборои од Секула речени, од негоото прао срце, Марко ич не го слуша, ами што рекол тој, тоа да биди. Најпосле кандисал Секула и отишол на крајот на држаата негоа, та се спремал вечерта, коа ќе ‘и чуе од првите петли, да го бодне коњо и до крај ќе втаса, да се стрета[т] со Марка. И Марко така се спремал и бил на стреж да чуе првите петли. Арно ама Госпо неќи кривина, тики го оглувна Марка Кралета, да не можи да ‘и чуе петлите, дури до темни зори. Наместо петли чул оџата кај што викал на џамијата од Чолаковци што е на Крушевски пат и ден-денеска скршена доземи, изруната уште од тоа време.
Слушајќи Марко гласот од оџата, го сторил петел и веднаш рипнал од соно и стрчал во темни коњушници, та спремал Шарца пеливана. Излегла сестра му од Марка Ангелина со позлаќенио ибрик да му потури вода да се измие Марко образ, и чул кај вика за првпат оџа на минарето од џамијата.
- Што вика така, мори сестро – ја прашал Марко сестра си – онамо долу, ала јук берк?
- Ништо, брате, ништо, не викат, така ти се чини.
Па чул кај вика така Марко.
- Кажи, мори сестро - је рекол Марко – оти ова не ќе биди на арно?
- Е, вистина, не е на арно, брате – му рекла Ангелина – ала јук бер се вели: Ела, Марко, биди на нашата вера! – Така те кани турскио оџа, брате, од минарето што го напраија во џамијата.
- Ах, проклети оџа, дали така ќе ми викаш од минаре уште во темни зори? – рекол Марко. – Ја чекај петли да пропеат за да боднам коњо, да преземам од внука ми земја, а пак ти ме каниш и ми велиш: ,, Eла, Марко, да бидиш на нашата вера ”!?
- Во тие зборои беше дал вик Секула Детенце од под Маркоите кули по Марка:
- Дојди, Марко, дојди мој мили стрико, али вака ќе делиме земја? Еве јас дојдов до твоето кале и ела да турниме кол да си ја повелам земјата до кај што ја прегазив.
Коа чу Марко тие зборои од внука си Секула, голема мака беше му паднало, тики коа го зеде позлаќенио избрик од сестра си од раката, го исповрте и го фрли на оџата кај што викаше, и на местото беше го отепал и со се минарето паднал на умрен.
- Проклети да сте вие, петли, што не пропеавте, за да ме скорните да делам земја со внука ми, ами ме остаивте да се успијам и да дојди внук ми под кале да ми земи цела држаа и да бидам за страмота! Проклети да сте вие, петли, и до векутума века во моиве кули петел да не пропеи, нити па оџа на онаа џамија да не можи да вика. Ете, то велам да биде и друго ништо!
Вака Марко ‘и проколнал петлите и оџата.
И вистина, откоа се сотрел Марко од Маркој кули, не запеел петел, нити па ќе запеит, дури Турчин повела. А пак скршената џамија, што јет на крајо од Прилеп, настраната кај што сонце заоѓа, и ден-денеска стојат неколку камење, со вар налепени од скршеното минаре и се докажуа оти била тука џамија, праена во првото идење на Турците. И Турците никако не се сторија мукает да ја попраат, чунки ја мислат како колната од Марка да јет, демек т’л’с’млија.
Трите камење од Марка Кралета
Колку еден куршум место од градо Скопје имат една меана што се вика Ајдар-баба од Турците, а од рисјаните се вика Маркоа меана.
Во старо време, коа бил Марко при татка си во Скопје, уште во детинство си излегуал на тоа место кај Маркоа меана и си играл со децата со секакви играчки. Со која игра че играле, се Марко ќе ‘и надиграл.
Еднаш, што му текнало на јунако Марка, ќе играт со три шилци артирисуана. ‘И остаил сопрво Марко сите деца да рипаат и да артирисуаат, и отко артирисаа сите, му ‘и дадоа шилците и Марко да артирисуа. ‘И зел Марко шилците в раце и ‘и погледнал, та ‘и откршнил на триста парчина.
- Не зе за мене овје шилци, бре момчина – му рекол. – За мене се онје камење сет за шилци, а не дрвцава.
Така му рекол на децата и отрчал донекаде туа близу, кај што имало едни танки да високи камење, како што има по турцките гробишта, и зел три камење наместо шилци, та дошол и застанал на белего кај што требало да рипа и да артирисуа. И спроти како што се игра играчката, рипнал на една нога пердаф до кај што можел, и се поднаведил до кај што можел, та го закачил еднио камен. Втори пат рипнал пак на една нога и се поднаведил, та го залачил и другио камен. Со трите пети рипнуање, отишол близу пол саат место и ‘и закачил трите камење во земјата како колачињата што ‘и закачуа друзите деца.
Коа видоа децата тоа чудо од Марка, сите си поткасале рилките и собрале рамениците, и уште еднаш не му тенало да играат со Марка некоја играчка, чунки на каква играчка да играа, се тој ќе ‘и надиграше.
Тие три камења и ден-денеска стојат, ‘и ако сака некој да ‘и откачит, не било чаре да можи да ‘и откачи од земјата, чунки наместо ако го откачуаш камено, тој уште ќе се закачуа подлабоко.